cs

XXIX МАКЕДОНСКА (ЈУНИОРСКА) ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2025, 16-17.04.2025

XXIX МАКЕДОНСКА (ЈУНИОРСКА) ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2025, 16-17.04.2025 Read More »

XXXVII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 2026

XXXVII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 2026 Read More »

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2026

Почитувани ученици и ментори,

Регионалниот натпревар годинава, според усогласениот календар со другите научни здруженија, ќе се одржи на 01.03. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи на повеќе локации.

Распоредот кој ученик на која локација се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници. Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.

 

ВАЖНИ информации

  • Натпреварите во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mkЗа да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
  • Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество – број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште – тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар по ментори од училиштето во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
  • Годинава, секое средно училиште може да учествува со 3 натпреварувачи (а=3), а секое основно училиште со 3 (а=3). Бројот b за училиштата, пресметан според минатогодишните резултати, е даден во листата подолу.
  • Училиштата-домаќини имаат право на најмногу два дополнителни натпреварувачи. Секое училиште кое има пријавено повеќе од еден натпреварувач треба да е подготвено да биде домаќин на одреден број учесници (барем 10). За нив ќе треба да обезбеди просторија (простории) со компјутер со интернет пристап само до mendo.mk и видео надзор (може и од камера од лаптоп) за време на траење на натпреварот.
  • Пријавувањето на учесници годинава се врши со пополнување на следната форма за секој учесник од училиштето (се пополнуваат: име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и име, е-адреса и контакт телефон до одговорниот професор. Тоа мора да е направено најдоцна до петок (20.02.2026) до 19:00.
  • Програмски јазик кој може да го користат учесниците е С++.
  • Во четврток (19.02.2026) со почеток од 12:00 часот ќе биде одржан т.н. училишен натпревар. Тој има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат, за него нема да се објави ранг листа со резултати, но е задолжителен и ученик кој не бил на училишниот натпревар нема да може да учествува на регионалниот натпревар. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, а менторите треба да ги видат индивидуално кај секој од учениците. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни одделенија/години. Менторите преземаат обврска да гарантираат дека нивните ученици учествувале на натпреварот чесно, така што натпреварот ќе го организираат во училиштето или ќе ја надгледуваат активноста на учениците електронски.
  • Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може  да се пријави преку училиштето/менторот за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари) или тоа може да го направи лично на natprevarATcs.org.mk. Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 26.02 до 12 часот треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: – цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2026; – износ: 1500 денари.

Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати

Име на училиштетоГрад на училиштетоДополнителни места (b =)
„Семос Едукација“Скопје1
ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“Струмица1
ООУ „11 Октомври“Скопје1
ООУ „Блаже Конески“Скопје1
ООУ „Блаже Конески“ Прилеп1
ООУ „Браќа Миладиновци“Скопје1
ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга1
ООУ „Братство“Скопје1
ООУ „Ванчо Прке“Штип1
ООУ „Војдан Чернодрински“Скопје1
ООУ „Климент Охридски“Прилеп1
ООУ „Маршал Тито“Струмица, с. Муртино1
ООУ „Мирче Ацев“Скопје1
ООУ „Петар Поп Арсов“Скопје1
ООУ „Свети Кирил и Методиј“Свети Николе1
ОСТУ  „Гостивар“Гостивар1
ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид1
ПОУ „Јахја Кемал“Скопје1
ПСУ „Алгоритам“Скопје1
СЕТУГС „Михајло Пупин“ Скопје1
СОТУ „Ѓорѓи Наумов“Битола1
СОУ „Ѓорче Петров“Крива Паланка1
СОУ „Коле Нехтенин“Штип1
СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш 1
СОУ „Љупчо Сантов“Кочани1
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“Куманово1
СОУ Гимназија „Добри Даскалов“Кавадарци1
СОУ Гимназија „Кочо Рацин“Велес1
СОУ Гимназија „Сами Фрашери“Куманово1
СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“Штип1
СУГС „Георги Димитров“Скопје1
СУГС Гимназија „Орце Николов“Скопје1
ООУ „Видое Подгорец“Струмица2
ООУ „Наум Наумовски Борче“Скопје2
ПСУ „Јахја Кемал“Струга2
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“Скопје2
ПСУ „Јахја Кемал“Скопје4
СОУ „Јане Сандански“ Струмица4
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп4
ДСУ Математичко информатичка гимназијаСкопје23

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2026 Read More »

XXXIV РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2026

Прелиминарни и тековни информации за натпреварот

Листа на пријавени ученици за регионалниот натпревар со место за натпреварување 

Конечни резултати од регионалниот натпревар

Листа на поканети учесници на државен натпревар

Регионалниот натпревар се одржа на 01.03.2025 со почеток во 12:00 часот.

Натпреварот се одржа во регионите според листата подолу. Менторите беа вклучени во спроведувањето на натпреварот како тестатори.

Распоред на учениците по простории за Скопскиот регион

Регион/ институција – домаќинКонтакт наставникПотпис – записник
Кавадарци
СОУ Гим. „Добри Даскалов“
Благородна Лазова
lazovablagorodna@yahoo.com

Благородна Лазова

Елизабета Левеска

Скопје

ФИНКИ– простории на Технолошко-металуршки факултет

Емил Станков
emil.stankov@gmail.com

Емил Станков

Јасминка Димовска

Струмица
СОУ„Јане Сандански“
Славица Милева Ефтимова
meslavica@yahoo.com

Славица Милева Ефтимова

Емилија Камчева

Прилеп
ООУ „Кире Гавриловски – Јане“
Гоце Димески
godisoft1@gmail.com

Гоце Димески

Анкица Стеваноска Јанческа

Прелиминарните резултати беа објавени на mendo.mk, кај соодветниот натпревар. Приговори можеа да се поднесат до понеделник, 03.03 до 13:00 на е-адресата natprevar AT cs.org.mk. (Пред поднесување на приговор, менторите задолжително се потсетатуваат на правилата за поднесување приговор и насоките за што всушност е можно да се поднесе приговор. Неосновани приговори секогаш ќе бидат отфрлени и санкционирани.)

Листа на учесници беше објавена според пријавите. Доколку има грешки во податоците, тие се по вина на пријавувачот. Овие информации ќе се сметаат за валидни при изработката на сертификатите.  Доколку е згрешено корисничкото име натпреварувачот нема да има можност да учествува на натпреварот. Барање за промени можеа да бидат поднесени на е-адресата natprevar AT cs.org.mk до 27.02, и барањето за секој ученик треба да биде придружено со уплата од 1000 ден. како казна за погрешни податоци, уплатени на истиот начин како за приватно учество.
 
Дипломи, признанија и пофалби ќе бидат подготвени и предадени за време на државниот натпревар или ќе бидат дистрибуирани електронски по завршувањето на циклусот.

XXXIV РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2026 Read More »

СООПШТЕНИЕ – Изборен натпревар за тим што ќе ја претставува Македонија на IAIO 2026

Ги известуваме сите заинтересирани ученици од средните училишта во Република Македонија дека во организација на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ), за прв пат ќе се одржи изборен натпревар за формирање тим што ќе ја претставува Македонија на Интернационалната олимпијада по вештачка интелигенција (International Artificial Intelligence Olympiad – IAIO 2026)
во Љубљана, Словенија (повеќе информации: https://www.iaio-official.org/).

Изборниот натпревар ќе се одржи:

  • Датум: 1 февруари 2026 година
  • Време: почеток во 11:00 часот
  • Локација: просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), на ТМФ, во Скопје

Право на учество има секој ученик од средните училишта во Македонија, без разлика на училиштето или градот од кој доаѓа.

📌 Рок за пријавување:
среда, 28 јануари 2026 година, до 20:00 часот

Натпреварот има за цел да ги избере најдобрите четири ученици кои ќе ја претставуваат државата на Интернационалната олимпијада по вештачка интелигенција – IAIO 2026.

Повеќе информации за форматот на натпреварот и потребната подготовка може да најдете овде: Macedonian Competition for IAIO

За да се пријавите за учество на изборниот натпревар, потребно е да ја пополните анкетата на следниот линк: https://forms.gle/2Lr5YSbuvkwKa6b97

Ги охрабруваме сите заинтересирани и мотивирани ученици да се пријават и да ја искористат оваа можност за учество на овој престижен меѓународен натпревар.

СООПШТЕНИЕ – Изборен натпревар за тим што ќе ја претставува Македонија на IAIO 2026 Read More »

Македонските јуниори-информатичари ја заокружија успешната година за Македонија: Еден сребрен и еден бронзен медал на Јуниорската балканска олимпијада по информатика што се одржува во Ларнака, Кипар

Ново одлично претставување на младите македонски ученици – информатичари, како заокружување на уште една, исклучително успешна година за Македонија на олимпијадите по информатика. На 18-тата Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2025), која од 24-ти до 30-ти октомври се одржува во Ларнака, Кипар, нашите ученици остварија значаен резултат. Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години, составен од Владимир Грчев од Кочани, Марко Кренков од Струмица, Зоран Илијоски од Кичево и Јаков Грујовски од Скопје, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои еден сребрен и еден бронзен медал. Со овие два медали, вкупниот биланс на македонските ученици на меѓународните информатички олимпијади во текот на 2025 година изнесува два златни, три сребрени, пет бронзени медали и шест олимписки пофалници – остварување што е достојно за почит, дури и за многу поголеми држави.

Членовите на македонскиот тим за ЈБОИ 2025 беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари кој континуирано го организира Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), годинава по 36-ти пат. Натпреварите се одвиваат преку системот mendo.mk, достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи. И оваа година циклусот натпревари беше реализиран со поддршка на ФИНКИ, „Бистри умови“, како и неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Семос Едукација и Винчини.

            Јуниорската балканска олимпијада по информатика е натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години од земјите на Балканскиот регион. Секоја земја учествува со тим од најмногу четворица натпреварувачи, тим-лидер и заменик лидер, а натпреварувачите решаваат алгоритамски проблеми во текот на два натпреварувачки дена.

Официјален домаќин на ЈБОИ 2025 е Република Кипар, а главен организатор е Здружението на информатичарите на Кипар, заедно со Министерството за образование, спорт и младина на Кипар. На олимпијадата учествуваат вкупно 33 натпреварувачи од Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Словенија. Во ваква исклучително силна конкуренција, сребрениот медал за Македонија го освои Марко Кренков, а бронзениот – Владимир Грчев, додека Зоран Илијоски и Јаков Грујовски се враќаат со олимписка пофалба.

            Во својата изјава, претседателот на ЗИМ, д-р Миле Јованов истакна дека нашите млади информатичари покажуваат континуитет на врвни достигнувања и силен потенцијал за идни меѓународни успеси. „Горди сме на секој од нашите натпреварувачи – не само поради освоените медали, туку и поради сериозноста, посветеноста и професионалниот настап што го покажаа во текот на целата година и на самото натпреварување. Нивниот резултат не се само моментален успех туку е знак дека во следните години ќе имаме силни тимови и на сениорските натпревари како Интернационалната и Балканската олимпијада“. Тој додаде дека подготовките за следниот циклус натпревари започнуваат веднаш по завршувањето на оваа олимпијада, со цел да се задржи и унапреди високото ниво на резултати кое Македонија го постигнува во последните години, и ги повика сите заинтересирано ученици да се вклучат во натпреварите. „Ние неуморно продолжуваме да работиме со младите таленти. Нашата цел не е само освојување на медали, туку создавање генерации кои ќе продолжат да го развиваат дигиталниот и технолошкиот екосистем на земјата“, нагласи тој.

            Следната, 19-та по ред, Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2026) ќе се одржи идната година во Сараево, Босна и Херцеговина.

Веб страна за настанот: https://jboi2025.schools.ac.cy/en/.

Македонските јуниори-информатичари ја заокружија успешната година за Македонија: Еден сребрен и еден бронзен медал на Јуниорската балканска олимпијада по информатика што се одржува во Ларнака, Кипар Read More »

Резултат за во историја: Еден златен, два бронзени медали и една олимписка пофалба за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во Удине, Италија

Уште едно извонредно претставување на македонските средношколци – информатичари, како продолжение на уште една успешна година за Македонија на олимпијадите по информатика. На 32-рата по ред Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2025), која од 25-ти септември до 1-ви октомври се одржува во Удине, Италија, нашите ученици постигнаа нов значаен успех. Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање, составен од учениците Дамјан Давков од Штип, Леонид Цуклев од Гевгелија, Виктор Максимоски од Гостивар и Владимир Грчев од Кочани, предводени од лидерите, д-р Емил Станков и Благојче Павлески од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои еден златен и два бронзени медали. Заедно со овие три, македонските ученици на меѓународните информатички олимпијади во текот на 2025 година досега освоија вкупно два златни, два сребрени, четири бронзени медали и четири олимписки пофалници – резултат достоен за респект, недостигнат и од многу поголеми држави од Македонија.  

            Балканската олимпијада по информатика (БОИ) е врвниот натпревар во програмирање за средношколци од земји кои се наоѓаат на или околу Балканскиот полуостров. Секоја земја – членка на БОИ заедницата учествува со тим составен од 4 натпреварувачи, избрани преку годишните национални натпревари во програмирање, како и лидер и заменик лидер на тимот. Учениците се натпреваруваат во решавање на алгоритамски проблеми во два натпреварувачки дена.

Главен организатор на овогодинешната БОИ е Националната асоцијација за натпреварувачко програмирање на Италија, со поддршка на Италијанската асоцијација за информатика и автоматско пресметување. На годинешното издание на БОИ учествуваат вкупно 48 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки од следните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Италија, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Словенија и Турција. Дополнително, како претставници на земји-гости на БОИ, во неофицијална конкуренција учествуваат и 18 ученици од Швајцарија, Украина, Саудиска Арабија и Киргистан. Во ваква силна конкуренција, златниот медал за Македонија го освои Дамјан Давков, а бронзените медали ги освоија Владимир Грчев и Леонид Цуклев. Четвртиот наш натпреварувач Виктор Максимоски исто така освои признание, олимписка пофалба.

            Нашиот тим за БОИ 2025 беше избран преку целогодишен циклус натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 36-ти пат. И оваа година, циклусот натпревари беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, како и неколку општествено одговорни компании.

            Во изјавата на Претседателот на Здружението, проф. д-р Миле Јованов се вели: „Секогаш сум среќен кога целогодишниот труд на нашите натпреварувачи вродува со плод. Дамјан и Леонид се ученици од Математичко информатичката гимназија во Скопје, кои штотуку запишаа четврта година, а Владимир како ученик кој само што заврши основно образование успеа да се пласира во овој повисок натпреварувачки ранг. Дамјан со неговиот медал и резултат застана пред 64 други учесници од олимпијадата, а Владимир го делеа само 5 поени (од можни 600) од освојување на сребрен медал. Целогодишниот труд и на членовите од Здружението, професорите и студентите од ФИНКИ, во организацијата на натпреварите и на подготовките на најдобрите ученици е исто така валоризиран со овие резултати. Искажувам благодарност за здружението Бистри умови и општина Кочани за поддршката во организирањето на подготовките, како и на компанијата Сорсикс која и сега го поддржа нашето патување во Италија.“

            Следната, 33-та по ред, Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2026), ќе се одржи идната година во Црна Гора. Последен настан пак, кој претстои до крајот на оваа година за македонските ученици – информатичари, е Јуниорската балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2025), која ќе се одржи од 24-ти до 30-ти октомври во Ларнака, на Кипар.

Веб страна за настанот: https://boi2025.anpc.it/

Резултат за во историја: Еден златен, два бронзени медали и една олимписка пофалба за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во Удине, Италија Read More »

Македонското знаме во центар на сцената: Златен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува во Шумен, Бугарија

На 9-тата по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2025), која од 29-ти август до 4-ти септември се одржува во Шумен, Бугарија, младите македонски ученици – информатичари постигнаа огромен успех: по втор пат во историјата на ова натпреварување македонскиот тим освојува златен медал, но овој пат надополнет и со еден бронзен медал. Златниот медал за Македонија на овој најпрестижен интернационален натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години го освои Владимир Грчев од Кочани, а бронзениот медал го освои Марко Кренков од Струмица. Членови на македонскиот тим беа уште и Зоран Илијоски од Кичево и Јаков Грујовски од Скопје. Тимот беше раководен од лидерите, Иван Занов и Петар Ковачовски, студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Учениците кои ја претставуваа Македонија на олимпијадата беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 36-ти пат. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи. И годинава, циклусот натпревари беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера, Семос Едукација и Винчини.

            Официјален домаќин на ЕЈОИ 2025 е Република Бугарија, а главен организатор на настанот е Министерството за образование и наука на Бугарија. Основната цел на овој значаен и престижен образовен настан е да се поттикне интересот за информатиката кај учениците од помлада возраст (до 15,5 години) низ цела Европа, како и да им овозможи на најталентираните млади учесници да ги демонстрираат своите знаења и вештини во оваа област, а поконкретно во програмирањето.  На олимпијадата учествуваат вкупно 96 ученици од 22 европски земји, како и две неевропски земји-гости на олимпијадата (Саудиска Арабија и Киргистан).

Според изјавата на претседателот на ЗИМ, д-р Миле Јованов: „Неописливо е чувството кога ученик од Македонија е на сцената меѓу ученици од Полска и Украина, а пред сите останата ученици од останатите 22 земји како Франција, Бугарија, Романија, Хрватска, Унгарија… Огромниот успех на нашиот тим, со освоените медали во ваква силна конкуренција, претставува уште една потврда дека младите македонски ученици поседуваат знаење со кое што може да се носат рамо до рамо со своите врсници од цела Европа, па и пошироко. Постигнатиот резултат е исклучителен показател за квалитетот на подготовката, посветеноста и талентот на нашите ученици, како и за континуираната поддршка која Здружението на информатичарите на Македонија ја дава на учениците преку своите редовни активности. Како пример, непосредно пред олимпијадава со поддршка на општина Кочани и „Бистри умови“ како наша партнерска организација организиравме редовен камп за подготовки на учениците на Пониква. Им честитам на учениците, на сите ментори и волонтери во ЗИМ и на целата држава, за постигнатиот успех.“

            Следната, 10-та по ред, Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2026) треба да се одржи идната година во Турција. Следен настан пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Балканската олимпијада по информатика (БОИ 2025), која ќе се одржи од 25-ти септември до 1-ви октомври во Удине, Италија.

Веб страна за настанот: https://2025.ejoi.org/.

Македонското знаме во центар на сцената: Златен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува во Шумен, Бугарија Read More »