cs

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан

Од 9-ти до 16-ти август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот светски натпревар за средношколци во областа на алгоритамското програмирање. Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го сочинуваат натпреварувачите Дамјан Давков од Штип, Владимир Грчев од Кочани, Никола Стојковски од Скопје и Виктор Максимоски од Гостивар, предводени од тим лидерите д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во исклучително силна меѓународна конкуренција, Дамјан Давков, освои сребрен медал, додека Владимир Грчев и Никола Стојковски освоија бронзени медали. Виктор Максимоски, пак, освои олимписка пофалба.

Учениците кои се дел од македонскиот тим за ИОИ 2026 беа избрани преку целогодишен циклус натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 37-ми пат. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи. И годинава, циклусот натпревари беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера и Семос едукација.

Посебно значење има успехот на Дамјан Давков, ученик од Математичко-информатичката гимназија, за кого ова е трет последователен сребрен медал на олимпијада, а во првото од неговите 4 учества освои бронзен медал. Со новиот успех, Давков се издвојува како најуспешниот македонски учесник во историјата на ИОИ, со вкупно четири медали од ова престижно натпреварување.

За Владимир Грчев од училиштето Јахја Кемал и Никола Стојковски од Математичко информатичката гимназија ова е прво учество на ИОИ, што нивниот успех го прави особено значаен. Уште при дебито, двајцата успеаја да освојат бронзени медали, а нивниот резултат е силна потврда дека Македонија има нова генерација талентирани млади информатичари способни за врвни меѓународни остварувања.

Според изјавата на проф. Јованов: Со овогодишните три медали, од првото учество во 1996 година до сега, Македонија има освоено вкупно 7 сребрени, 26 бронзени медали и 5 олимписки пофалници на ИОИ. Овој биланс претставува исклучително значаен резултат за земја со помалку од два милиони жители и е потврда за континуитетот, квалитетот и нашата посветеност во развојот на младите таленти во информатиката. Особено е значајно што повеќето од одличјата се освоени во последните петнаесет години, а веќе две години по ред сите четири членови од македонскиот тим се враќаат со одличје.

Интернационалната олимпијада по информатика е водечки светски натпревар во областа на алгоритамско програмирање, наменет за средношколци, кој секоја година се организира во различна земја-членка на ИОИ заедницата. Станува збор за најпрестижниот настан од ваков вид, на кој учествуваат внимателно селектирани млади таленти од целиот свет. Според официјалните правила на ИОИ, натпреварувачите настапуваат индивидуално во дводневен натпревар, при што секој натпреварувач решава по три алгоритамски задачи во времетраење од пет часа во секој од натпреварувачките денови. Натпреварот ги проверува и унапредува вештините за анализа на проблеми, дизајн на алгоритми и податочни структури, програмирање, тестирање и оптимизација на решенијата.

Овогодинешата олимпијада е историска и по обемот на учеството од вкупно 375 натпреварувачи од 92 земји, што ја прави најмасовната ИОИ во историјата, почнувајќи од првата олимпијада одржана во Бугарија во 1989 година. Оваа бројност дополнително ја нагласува тежината на постигнатите резултати на македонскиот тим. Годинава, најуспешен натпреварувач беше претставникот на Кина, Чивун Шу.

Следната, 39-та по ред, Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2027), ќе се одржи идната година во Постдам, Германија. Следен настан пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Балканската олимпијада по информатика (БОИ), која ќе се одржи во Тирана, Албанија, во периодот од 14-ти до 20-ти септември.

Веб страна за настанот: https://ioi2026.uz/. 

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан Read More »

Јуниорите ја продолжуваат традицијата: Бронзен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува во Каунас, Литванија

На јубилејната 10-та по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2026), која од 24-ти до 30-ти јули се одржува во Каунас, Литванија, младите македонски информатичари повторно остварија значаен меѓународен успех. Во силна конкуренција на најталентираните ученици од Европа и пошироко, нашиот Зоран Илијоски од Кичево освои бронзен медал, а професорот Миле Јованов беше избран за претставник во управувачкиот комитет на олимпијадата.

Македонија на ова престижно меѓународно натпреварување беше претставена од тим составен од четворица натпреварувачи: Зоран Илијоски, Јаков Грујовски, Иан Стевков и Панче Бансколиев. Тим-лидери на македонската делегација беа д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Учениците кои ја претставуваа Македонија на ЕЈОИ 2026 беа избрани преку целогодишниот циклус натпревари што традиционално го организира Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а кој оваа година се одржа по 37-ми пат. Натпреварите се реализираат преку системот mendo.mk, кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани ученици. И годинава циклусот беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и на неколку општествено одговорни компании кои континуирано го поддржуваат развојот на младите информатичари: Сорсикс, Нетцетера и Семос Едукација.

Европската јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ) претставува едно од најзначајните меѓународни натпреварувања во алгоритамско програмирање за ученици до 15,5 години. Секоја земја-учесник на ЕЈОИ учествува со тим составен од 4 натпреварувачи, тим-лидер и заменик лидер. Натпреварувачите решаваат комплексни алгоритамски задачи во текот на два натпреварувачки дена, при што се оценуваат нивните способности за анализа на проблеми, дизајн на алгоритми и имплементација на ефикасни програмски решенија. На ЕЈОИ 2026 учествуваа вкупно 100 ученици од 25 европски земји. Годинешното издание на олимпијадата се одржа во Каунас, Литванија, но за прв пат во историјата како коорганизација на две земји: Литванија и Украина. Вкупен победник на натпреварот со освоен златен медал беше Андреј Немцишор од Романија.

Освоениот бронзен медал претставува продолжување на континуитетот на успешни настапи на македонските ученици на најпрестижните меѓународни олимпијади по информатика. Особено охрабрува фактот што Зоран Илијоски беше на само триесетина поени од освојување на сребрен медал, што дополнително ја потврдува конкурентноста на македонските ученици во европски рамки.

Следната, 11-та по ред, Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2027) ќе се одржи идната година во Казахстан. Следен настан пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), која ќе се одржи од 9-ти до 16-ти август во Ташкент, Узбекистан.

Веб страна за настанот: https://www.ejoi2026.lmio.lt/.

Јуниорите ја продолжуваат традицијата: Бронзен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува во Каунас, Литванија Read More »

Македонските ученици освојуваат медали и во областа на вештачката интелигенција: Три бронзени медали за Македонија на Европската олимпијада

Во периодот од 14-ти до 19-ти јули, во Клуж-Напока, Романија, успешно се одржа првото издание на Европската олимпијада по вештачка интелигенција (ЕОВИ 2026) – престижен меѓународен натпревар наменет за најталентираните средношколци од областа на вештачката интелигенција. Олимпијадата има за цел да ги поттикне младите да ги развиваат своите знаења и вештини во областите на машинското учење, анализа на податоци, оптимизацијата и алгоритамското размислување, преку решавање на комплексни практични задачи.

На првото издание на оваа олимпијада учествуваа речиси 90 внимателно избрани ученици од 23 европски држави, како и гостински тимови (во неофицијална конкуренција) од неколку држави надвор од Европа: Алжир, Иран, Казахстан, Малезија, Порторико, Руанда, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам. Во текот на двата натпреварувачки дена, учениците решаваа задачи кои бараа длабоко разбирање на современите методи на вештачката интелигенција, развој и тренирање на модели, како и примена на напредни алгоритамски техники. Покрај натпреварувачкиот дел, олимпијадата понуди богата едукативна и социјална програма, овозможувајќи размена на знаење и искуства и воспоставување нови соработки помеѓу младите таленти од Европа.

Македонија на олимпијадата беше претставена со тим од Здружението на информатичарите на Македонија составен од учениците Благој Рујаноски Стојановски од прилепската гимназија, Тодор Пљаков од велешката гимназија, како и Андреј Ангелов и Анастасија Пецевска од државната математичко-информатичка гимназија, предводени од тим лидерите м-р Владислав Бидиков и м-р Димитар Милески од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Македонскиот тим оствари извонреден успех, при што Благој Рујаноски Стојановски, Андреј Ангелов и Тодор Пљаков освоија бронзени медали.

Во изјавата на претседателот на Здружението на информатичарите, проф. д-р Миле Јованов се вели:

„Освојувањето на три бронзени медали претставува значајно меѓународно признание за квалитетот, знаењето и посветеноста на македонските млади информатичари, како и потврда за нивната конкурентност на европската сцена. За постигнување на овој успех тимот дојде подготвен, благодарение на соработката на здружението со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), во рамките на новиот проект „Везилка“ кој меѓу другото работи и на зголемување на базата со таленти во областа на вештачката интелигенција. Подготовките опфатија интензивна работа на задачи од областа на вештачката интелигенција, алгоритмите и машинското учење, овозможувајќи им на учениците да стекнат знаења и искуство неопходни за успешно претставување на Македонија на ова престижно европско натпреварување.“

Европската олимпијада по вештачка интелигенција (ЕОВИ) претставува исклучително значајна иницијатива која има за цел да го поттикне интересот на младите за најсовремените технологии и да придонесе кон создавање нова генерација истражувачи, инженери и иноватори во областа на вештачката интелигенција. Преку вакви натпревари се промовираат знаењето, креативноста и меѓународната соработка, а младите добиваат можност да се натпреваруваат и да учат во исклучително мотивирачка средина.

Веб страна за настанот: https://euroai-official.org

Македонските ученици освојуваат медали и во областа на вештачката интелигенција: Три бронзени медали за Македонија на Европската олимпијада Read More »

ПРОГРАМА НА XXX МАКЕДОНСКА (ЈУНИОРСКА) ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА

ПРОГРАМА НА XXX МАКЕДОНСКА (ЈУНИОРСКА) ОЛИМПИЈАДА ПО  ИНФОРМАТИКА

СКОПЈЕ 2026

Натпреварувачи

Ментори

16. април 2026 год. (четврток)

-11:30

Пристигнување на учесниците во просториите на ФИНКИ (зграда на TМФ)

11:30 – 11:45

Сместување на натпреварувачите во просторијата за натпревар, запознавање со околината и свечено обраќање на почетокот на натпреварот

11:55 – 17:00

Слободно време

– просторија 117

11:55 – 17:00

Тек на натпреварот – Ден 1

– просторија 117


17:10 – 

Објавување на резултатите од првиот ден

Тест мод и евентуални технички приговори

17. април 2026 год. (петок)

8:45 – 9:00

Пристигнување на учесниците во просториите на ФИНКИ и сместување на натпреварувачите во просторијата за натпревар

9:00 – 14:00

Тек на натпреварот – Ден 2

9:00 –   14:00

Слободно време

– просторија 13

14:00 – 14:40

Ручек

14:40

Објавување на резултатите и евентуални технички приговори

15:00 – 15:30

Доделување медали, дипломи и признанија

– во мал амфитеатар на ФИНКИ

ПРОГРАМА НА XXX МАКЕДОНСКА (ЈУНИОРСКА) ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА Read More »

Информации за организацијата на државен натпревар

Агенда за XXXVII Државен натпревар по информатика
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Скопје 2026
28 март 2026 год. (сабота)
НатпреварувачиМентори
– 10:00Пристигнување на учесниците во зградата на ФИНКИ (пред големиот амфитеатар)
10:00 – 10:15Пријава на учесниците во холот пред амфитеатарот
10:15 – 10:45Официјално отворање на натпреварот во големиот амфитеатар на ФИНКИ
10:45 – 11:00Сместување на натпреварувачите во лабораториите на првиот кат (просторија 215) и на приземје (простории 117 и  138)11:15 – 13:15Работилница – „Спектар AI алатки во образованието“ во мал амфитеатар на ФИНКИ.
Распределба на дипломи, сертификати и признанија од регионалниот натпревар на менторите
11:05 – 14:30Тек на натпреварот во лабораториите на ФИНКИ13:15 – 14:20Ручек
14:30 – 15:05Пауза за ручек
15:05Објавување на резултати – на страната на натпреварот mendo.mk
15:05 – 15:15Поднесување на приговори (согласно правилата за приговори)
– просторија 138
15:15 – 15:30Разгледување на приговорите
– просторија 138
15:30 – 16:15

Презентација за можностите за студирање на ФИНКИ

– во мал амфитеатар на ФИНКИ

16:00 – 16:45

Презентација за можностите за запишување со стипендија на МИГ

– во F-innolab

17:10 – 18:00Церемонија за доделување на дипломи, пофалби, награди и признанија за учесниците на натпреварот
– во голем амфитеатар на ФИНКИ
* Задолжително за сите учесници

 

Информации за организацијата на државен натпревар Read More »