Прелиминарните резултати беа објавени на mendo.mk, кај соодветниот натпревар. Приговори можеа да се поднесат до понеделник, 11.3 до 13:00 на е-адресата natprevar AT cs.org.mk. (Пред поднесување на приговор, менторите задолжително се потсетатуваат на правилата за поднесување приговор и насоките за што всушност е можно да се поднесе приговор. Неосновани приговори секогаш ќе бидат отфрлени и санкционирани.)
Листа на учесници е објавена според пријавите. Доколку има грешки во податоците, тие се по вина на пријавувачот. Овие информации ќе се сметаат за валидни при изработката на сертификатите. Доколку е згрешено корисничкото име натпреварувачот нема да има можност да учествува на натпреварот. Барање за промени можеа да бидат поднесени на е-адресата natprevar AT cs.org.mk до 06.03, и барањето за секој ученик треба да биде придружено со уплата од 1000 ден. како казна за погрешни податоци, уплатени на истиот начин како за приватно учество.
Дипломи, признанија и пофалби ќе бидат подготвени и предадени за време на државниот натпревар или ќе бидат дистрибуирани електронски по завршувањето на циклусот.