За нас

 

Со Здружението управува членството организирано во органите на Здружението.
Органи на Здружението се:

1. Собрание

  • Собранието е највисок орган на Здружението.
  • Собранието на Здружението го сочинуваат сите редовни членови.
  • Собранието се свикува најмалку еднаш годишно и по потреба.

2. Извршен одбор

Извршниот одбор е извршен орган на Собранието и се состои од седум члена со мандат од две години. Претседателот на Собранието е истовремено и претседател на Извршниот одбор.

3. Надзорен одбор

Надзорниот одбор е орган на Собранието и се состои од три члена со мандат од две години. Надзорниот одбор врши контрола за наменското користење и располагање со средствата и приходите на Здружението.

 

Постојани комисии за Здружението се:

  • комисија за натпревари,
  • комисија за наука и настава,
  • комисија за информатички школи и кампови,
  • комисија за стандарди, критериуми и препораки.

Постојаните комисии ги формира Извршниот одбор.

Секоја комисија се состои од претседател на комисијата и два члена. Комисијата ја свикува и со неа раководи претседателот на комисијата. За својата работа комисијата поднесува извештај до Извршниот одбор.

 

ПРЕТСТЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО Е Д-Р МИЛЕ ЈОВАНОВ

Кратка биографија

:

Роден е 1980 година во Кавадарци. Основно и средно образование завршил во родното место како најдобар ученик во генерацијата. Во 1998 година запишал студии по информатика, применета насока, на ПМФ во Скопје. Дипломирал во 2002 година како најдобар студент на Факултетот, со среден успех од студиите 9,69. Од февруари 2003 година е студент на постдипломските студии по информатика. По дипломирањето бил назначен за демонстратор на ИИ. Дополнително бил ангажиран како професор по информатика во средно училиште и како предавач на приватни факултети и академии.
Од 2005 година е помлад асистент на Институтот. Изведува вежби по десетина предмети за студентите по информатика од ПМФ, како и за студентите од Филолошкиот и Филозофскиот факултет. Учествува во работата на ЗИМ, посебно во организирањето и реализирањето на натпреварите по информатика. Член е на комисиите за задачи и за натпревари по информатика и бил водач на македонската екипа на неколку меѓународни натпревари по информатика. Член е на Центарот за дигитизација на националното наследство. Учесник е во неколку научни проекти. Учествувал на повеќе домашни и меѓународни конференции, семинари и работилници. На некои од нив има презентирано свои трудови, дел од нив објавени во соодветните зборници. Автор и коавтор е на неколку прирачници за студентите по информатика.

 

АКТИВНОСТИ

Граѓаните се здружуваат во Здружение на информатичарите на Македонија заради вршење дејности и активности со цел за негување, популаризација и унапредување на информатиката и нејзината примена, подобрување на својот статус и статусот на информатиката во општеството, како и задоволување на потребите од стручни лица и стручна помош во институциите и организациите во државата.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Граѓаните се здружени во Здружението на информатичарите на Македонија заради остварување на поширок заеднички интерес, а како посебни цели и задачи се:

  • да ја поттикнува примената на информатиката во сите области во општеството.
  • да ги брани правата и интересите на своите членови и да се залага за решавање на нивните проблеми.
  • да го унапредува стручното знаење на членовите преку стручни собири, предавања и дискусии на одредена тема.
  • да врши едукативни дејности преку организирање семинари, курсеви, симпозиуми, обуки и издавање стручни публикации.
  • да организира, спроведува и учествува на натпревари по информатика за ученици и студенти.
  • да организира информатички школи и кампови.
  • да организира тематски конференции за унапредување на наставата по информатика во училиштата, како наставни планови и програми, учебници и друго.
  • да ја поттикнува примената на информатиката во наставата по другите предмети во училиштата и факултетите.
  • да ја збогатува стручната литература по информатика со издавање на стручно-научни и стручно-методски публикации.
  • да изготвува стандарди и критериуми и дава препораки за вреднување на информатичкиот труд и знаење.
  • да покренува иницијативи и дава сугестии за решавање на конкретни проблеми поврзани со информатиката и нејзината примена.
  • да соработува со владини институции, стопански организации и други здруженија во спроведување на целите и задачите на здружението.

Здружението ги извршува своите задачи преку своите органи и тела, во согласност со овој Статут, правилниците, одлуките и други акти.
Работата на Здружението е организирана во 3 Сектори: И-образование, И-индустрија и И-подмладок.

 

ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ИМААТ ОДРЕДЕНИ ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ 

Листа на права и должности:

  • да избира и да биде биран во органите на Здружението;
  • да предлага решенија за одредени проблеми;
  • да работи на спроведување на стручните активности, програмските цели и задачи и усвоените одлуки и заклучоци од органите на Здружението;
  • да ги спроведува одредбите од овој Статут;
  • да ги застапува интересите и ставовите за Здружението;
  • да бара стручна и друга помош од областа на информатиката;
  • да покренува прашања од поширок интерес за Здружението;
  • редовно да присуствува на состаноците на Здружението;
  • редовно да плаќа членарина;
  • да го чува угледот на Здружението.

За својата работа членовите на Здружението одговараат пред Комисијата за членување, Извршниот одбор, Собранието и пред органите и телата во кои се избрани.

Имате некое прашање?

За сите прашања поврзани со Здружението на информатичари на Македонија и натпреварите во алгоритамски вештини и програмирање можете да не контактирате преку формата за контакт.