cs

Информации за организацијата на државен натпревар

Агенда за XXXV Државен натпревар по информатика
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Скопје 2024
23март 2024 год. (сабота)
    Натпреварувачи Ментори
          – 10:00 Пристигнување на учесниците во зградата на Технолошко металуршки факултет (ТМФ)
10:00 – 10:15 Пријава на учесниците во холот на приземје (ТМФ)
10:15 – 10:45 Официјално отворање на натпреварот во Амфитеатарот на факултетот (ТМФ)
10:45 – 11:00 Сместување на натпреварувачите во лабораториите на првиот кат (простории 200, 215), на приземје (138) и во просториите на Семос едукација
11:45 – 13:15 Работилница – „Нови трендови во информатиката и информатичкото образование“ во амфитеатар на ФИНКИ
Распределба на дипломи, серификати и признанија од регионалниот натпревар на менторите
11:05/11:30  – 14:35 Тек на натпреварот
– во лабораториите на ФИНКИ
13:30 – 14:30 Ручек

14:35 – 15:15 Пауза за ручек
15:15 Објавување на резултати
– на страната на натпреварот mendo.mk
15:15 – 15:25 Поднесување на приговори (согласно правилата за приговори)
– просторија 138
15:25 – 15:40 Разгледување на приговорите
– просторија 138
16:00 – 16:40 Презентација за можностите за студирање на ФИНКИ
– во амфитеатар на ТМФ
17:10 – 18:00

Церемонија за доделување на дипломи, пофалби, награди, и признанија за учесниците на натпреварот

– во амфитеатар на ТМФ

Информации за организацијата на државен натпревар Read More »

XXVII МАКЕДОНСКА (ЈУНИОРСКА) ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2023, 25-26.04.2023

Oлимпијадите ќе се одржат во среда, 27.4, во периодот од 11:00 до 16:00 часот, во просториите на ФИНКИ.

Решавањето задачи за МОИ ќе трае до 240 минути, а за МЈОИ до 210 минути.

Сите активности треба да завршат до 16:00.

Конечна листа на поканети учесници на Македонска и Македонска јуниорска олимпијада по информатика 2023

Резултати од XXVII Македонска Олимпијада по Информатика 2023

Резултати од IV Македонска Јуниорска Олимпијада по Информатика 2023

XXVII МАКЕДОНСКА (ЈУНИОРСКА) ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2023, 25-26.04.2023 Read More »

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2024

Почитувани ученици и ментори,

Регионалниот натпревар годинава, според усогласениот календар со другите научни здруженија, ќе се одржи на 09.03. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи на повеќе локации.

Распоредот кој ученик на која локација се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници. Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.

 

ВАЖНИ информации

  • Натпреварите во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mkЗа да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
  • Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество – број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште – тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар по ментори од училиштето во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
  • Годинава, секое средно училиште може да учествува со 3 натпреварувачи (а=3), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b за училиштата, пресметан според минатогодишните резултати, е даден во листата подолу.
  • Училиштата-домаќини имаат право на најмногу два дополнителни натпреварувачи. Секое училиште кое има пријавено повеќе од еден натпреварувач треба да е подготвено да биде домаќин на одреден број учесници (барем 10). За нив ќе треба да обезбеди просторија (простории) со компјутер со интернет пристап само до mendo.mk и видео надзор (може и од камера од лаптоп) за време на траење на натпреварот.
  • Пријавувањето на учесници годинава се врши со пополнување на следната форма за секој учесник од училиштето (се пополнуваат: име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и име, е-адреса и контакт телефон до одговорниот професор. Тоа мора да е направено најдоцна до среда (28.02.2024) до 16:00.
  • Програмски јазик кој може да го користат учесниците е С++.
  • Во вторник (27.02.2024) со почеток од 17:30 часот ќе биде одржан т.н. училишен натпревар. Тој има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат, за него нема да се објави ранг листа со резултати, но е задолжителен и ученик кој не бил на училишниот натпревар нема да може да учествува на регионалниот натпревар. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, а менторите треба да ги видат индивидуално кај секој од учениците. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни одделенија/години. Менторите преземаат обврска да гарантираат дека нивните ученици учествувале на натпреварот чесно, така што натпреварот ќе го организираат во училиштето или ќе ја надгледуваат активноста на учениците електронски.
  • Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може  да се пријави преку училиштето/менторот за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари) или тоа може да го направи лично на natprevarATcs.org.mk. Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 01.03 треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: – цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2024; – износ: 1500 денари.
Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати

Име на училиште

Град на училиштето

 Дополнителни

места (b=)
ДСУ Математичко информатичка гимназија Скопје 15
ООУ „11 Октомври“ Скопје 1
ООУ „Браќа Миладиновци“ Скопје 1
ООУ „Видое Подгорец“ Струмица 1
ООУ „Владо Тасевски“ Скопје 1
ООУ „ГоцеДелчев“ Прилеп 1
ООУ „Димитар Влахов“ Штип 1
ООУ „Димитар Миладинов“ Скопје 1
ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Скопје 1
ООУ „Единство” Гостивар 1
ООУ „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка 1
ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ Скопје 1
ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп 1
ООУ „Кочо Рацин“ Куманово 2
ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово 1
ООУ „Наум Наумовски Борче“ Скопје 2
ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица 2
ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ Кавадарци 1
ОСУ „Ацо Русковски“ Берово 1
ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид 2
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани 1
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола 1
ПОУ „Јахја Кемал“ Скопје 3
ПСУ „Јахја Кемал“ Струга 3
ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје 7
ПСУ „САБА“ Скопје 1
СЕМОС Едукација Скопје 1
СЕТУГС „Михајло Пупин“ Скопје 3
СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола 1
СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ Струга 1
СОУ „Јане Сандански“ Струмица 1
СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш 2
СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани 1
СОУ „Никола Карев“ Струмица 1
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово 2
СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци 2
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп 4
СОУ Гимназија „Сами Фрашери“ Куманово 1
СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ Скопје 2
СУГС Гимназија „Никола Карев“ Скопје 1
СУГС Гимназија „Орце Николов“ Скопје 4

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2024 Read More »

XXXII РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 09.03.2024

Прелиминарни и тековни информации за натпреварот

Листа на пријавени ученици за регионалниот натпревар со место за натпреварување

Конечни резултати од регионалниот натпревар

Листа на поканети учесници на државен натпревар

Регионалниот натпревар ќе се одржи на 09.03.2024 со почеток во 12:00 часот.

 

Прелиминарни и тековни информации за натпреварот

Листа на пријавени ученици за регионалниот натпревар со место за натпреварување

Конечни резултати од регионалниот натпревар

Листа на поканети учесници на државен натпревар

Регионалниот натпревар се одржа на 11.03.2023 со почеток во 12:00 часот.

Натпреварот се одржа во регионите според листата подолу. Дел од менторите се вклучија во спроведувањето на натпреварот како тестатори.

Распоред на учениците по простории за Скопскиот регион

Регион/ институција – домаќинКонтакт наставникПотпис – записник
Битола
СОТУ „Ѓорѓи Наумов“
Андреја Ралевски
ralevskiandreja@gmail.com

Гоце Димески

Анкица Стеваноска Јанческа

Кавадарци
СОУ Гим. „Добри Даскалов“
Зоран Милевски
milevskiz@gmail.com

Зоран Милевски

Богомил Марков

Скопје

ФИНКИ– простории на Технолошко-металуршки факултет/Семос едукација

Емил Станков
emil.stankov@gmail.com

Миле Јованов

Емил Станков

Прелиминарните резултати беа објавени на mendo.mk, кај соодветниот натпревар. Приговори можеа да се поднесат до понеделник, 13.3 до 13:00 на е-адресата natprevar AT cs.org.mk. (Пред поднесување на приговор, менторите задолжително се потсетатуваат на правилата за поднесување приговор и насоките за што всушност е можно да се поднесе приговор. Неосновани приговори секогаш ќе бидат отфрлени и санкционирани.)

Листа на учесници беше објавена според пријавите. Доколку има грешки во податоците, тие се по вина на пријавувачот. Овие информации ќе се сметаат за валидни при изработката на сертификатите.  Доколку е згрешено корисничкото име натпреварувачот нема да има можност да учествува на натпреварот.
Дипломи, признанија и пофалби ќе бидат подготвени и предадени за време на државниот натпревар или ќе бидат дистрибуирани електронски по завршувањето на циклусот.

XXXII РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 09.03.2024 Read More »