Последни настани

XXIII Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2015)

Од 28.06.2015 до 03.07.2015, во Русе, Бугарија, се одржа XXIII Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2015).

Македонија на БОИ 2015 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Климент Серафимов, Христијан Ѓоршевски, Борис Танчовски и Михаил Денковски, како и лидерите Емил Станков и Весна Киранџиска.

Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.

XXIII Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2015) Read More »

Бронзен медал на БОИ 2015

Бронзениот медал го освои Михаил Денковски.

На 23-тата Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2015), која од 28-ми јуни до 3-ти јули се одржа во Русе, Бугарија, македонските средношколци постигнаа уште еден забележителен резултат. Македонскиот тим на овој престижен натпревар во програмирање, составен од учениците Климент Серафимов, Христијан Ѓоршевски, Борис Танчовски и Михаил Денковски, предводени од лидерите, м-р Емил Станков и м-р Весна Киранџиска од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), се закити со бронзен медал. Резултатот остварен на овој натпревар претставува продолжување на традицијата на успешни претставувања на Македонија на интернационалните информатички олимпијади во последниве неколку години и уште една нова потврда за знаењата и вештините од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици.

На БОИ 2015 учествуваат вкупно 42 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, кои беа избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција. Во ваква силна конкуренција, бронзениот медал за Македонија го освои 16-годишниот Михаил Денковски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал” во Скопје. Треба да се напомене дека и останатите тројца наши натпреварувачи постигнаа солидни резултати – на еден од нив бронзата му „побегна” за само дваесетина поени.

Следната, 24-та по ред, Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2016), ќе се одржи идната година во Никозија, Кипар.

Бронзен медал на БОИ 2015 Read More »

IX Државен натпревар по информатика за основно образование – апликативни вештини

На 27.05.2015, во просториите на Семос едукација во Скопје, се одржа IX Државeн натпревар по информатика за основно образование – апликативни вештини. 

IX Државен натпревар по информатика за основно образование – апликативни вештини Read More »

МОИ 2015

На 17 и 18 април 2015 година, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје, се одржa XIX Македонска Олимпијада по Информатика (МОИ 2015).

Повеќе информации за натпреварот можете да прочитате овде.

МОИ 2015 Read More »

Државен натпревар 2015

На 28 март 2015 година, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје, се одржа XXVI Државен натпревар по информатика за учениците од средно и основно образование.

Повеќе информации за натпреварот можете да најдете овде.

Државен натпревар 2015 Read More »

Ученички институт по математика и информатика

Во рамки на соработката помеѓу Македонската академија на науки и уметности и Бугарската академија на науки и уметности, заедно со Сојузот на Математичари на Македонија, Здружението на информатичари на Македонија и Сојузот на математичари и информатичари на Бугарија се организира заеднички

 

УЧЕНИЧКИ ИНСТИТУТ ПО МАТЕМАТИКА И ИНФОРМАТИКА

 

Целта на Институтот е да организира воведување на младите талентирани ученици за математика и информатика (на возраст до четврта година од средните училишта)  во научно-истражувачка работа.

 

Учениците подготвуваат труд на одредена тема од математика/информатика предложена од Институтот, од ментор или самостојно избрана тема. Подготовката е темата е индивидуална или во коавторство со најмногу уште еден автор, самостојно или под раководство на ментор од училиштето.

 

Трудовите ќе бидат рецензирани и најдобрите автори ќе бидат поканети да ги презентираат трудовите на Ученичка конференција по математика и информатика.

 

Трудовите од математика треба да се пратат до Јасмина Марковска, jmarkoska@gmail.com 26.03.2015.

 

Трудовите од информатика треба да се најават кај Марија Михова, marija.mihova@finki.ukim.mk до 19.03.2015, а да се подготват и пратат до 1.04.2015.

 

Терминот за одржување на конференцијата ќе биде определен по добивањето на проектите. Побарувањата за изработка на проектот се дадени подолу.

 

 

 

Побарувања за изработка на проектот

Текстот на проектот треба да е напишан на компјутерски едитор на текст (MS Word, LaTeX) на македонски јазик, со обем не помалку од 10 страници и не повеќе од 50 страници, оформен на следниов начин: заглавна страница, резиме на македонски јазик до 100 збора; резиме на англиски јазик до 100 збора. Во резимето треба да биде напишано од која област е проектот и какви се оригиналните придонеси на авторите. Трудот се разделува на глави/секции и започнува со вовед, во кој се формулираат целите и задачите на проектот и се прави кратка анотација на содржината на останатите глави. Проектот завршува со заклучок, во кој се опишува како се постигнати целите, при што се одбележува и придонесот на авторите. На крај се дава список на искористена литература.

Во проектите по информатика и информациски технологии со апликативен карактер трудот треба да содржи: опис на областа; опис на апликативниот систем (кој не зависи од реализацијата); избор на технички и програмски средства и опис на реализацијата. Во прилог можат да бидат вклучени, програмски код и пример излези.

 

Проектите по информатика и информациски технологии треба да бидат придружени со кодот кој е искористен, неопходен за подробното запознавање на рецензентите со разработката.

 

Оценување

Основни показатели при оценувањето се јасност и последователност на изложеното, оригиналност, коректност на резултатите, отсуство на технички и правописни грешки, прегледност на цртежи и графикони, целосното оформување.

 

Презентација

Времето за презентација е 20-30 мин., кои вклучуваат и 5 минути за прашања, одговори и дискусија. Презентацијата треба да биде кратка и јасна, да дава точна претстава за суштината на проектот и најмногу за придонесот на авторот/те во темата.

Ученички институт по математика и информатика Read More »

Годишно собрание на ЗИМ 2014

На 25.12.2014 година, со почеток од 16:30 часот, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, се одржа Годишното Собрание на Здружението на Информатичари на Македонија (ЗИМ). 

Годишно собрание на ЗИМ 2014 Read More »

Балканска Олимпијада по Информатика 2014

Од 10.08. до 17.08. во Анкара, Турција, се одржа 22-рата по ред Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ).

 

Македонија на БОИ 2014 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Климент Серафимов, Христијан Ѓоршевски и Димитар Бајрактаров, како и лидерите Емил Станков и Весна Киранџиска.

Веб страна за настанот: http://boi2014.tubitak.gov.tr/

Балканска Олимпијада по Информатика 2014 Read More »

ИОИ 2014 во Тајпеј, Тајван

Од 13.07.2014 до 20.07.2014 во Тајпеј, Тајван, се одржа 26-ата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2014).

 

Македонија на ИОИ 2014 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Бојан Серафимов, Филип Беџовски, Васил Кузевски и Климент Серафимов, како и лидерите Миле Јованов и Емил Станков.

Веб страна за ИОИ 2014: http://www.ioi2014.org

ИОИ 2014 во Тајпеј, Тајван Read More »