Последни настани

Жетва од медали за Македонија на ЈБОИ 2016

Македонија освои еден сребрен и пет бронзени медали на годинешната Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ 2016) што се одржа во Скопје. Во конкуренција на 39 ученици од 9 земји од Балканот, сребрениот медал го освои Марко Ќаласан, додека бронзени медали освоија Андреј ВеличковскиЈосиф ТепеѓозовМила ЌосеваДаријан Шекеров и Филип Шијаков. Ова воедно е најголемиот успех на еден македонски тим во историјата на јуниорските балкански олимпијади.

Жетва од медали за Македонија на ЈБОИ 2016 Read More »

ЈБОИ 2016

Македонија беше домаќин на 10-тата по ред Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ)!
ЈБОИ 2016 се одржа од 17.09. до 22.09.2016 во Скопје, во организација на ЗИМ.

Повеќе информации на официјалниот веб сајт на ЈБОИ 2016: http://jboi2016.cs.org.mk/

ЈБОИ 2016 Read More »

ИОИ 2016 во Казањ, Русија

Од 12.08.2016 до 19.08.2016 во Казањ, Русија, се одржа 28-мата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2016).

 

Македонија на ИОИ 2016 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Владимир Максимовски, Димитар Бајрактаров, Душан Терзиќ и Никола Стојкоски, како и лидерите м-р Емил Станков и м-р Весна Киранџиска.

Веб страна за ИОИ 2016: http://ioi2016.ru/

ИОИ 2016 во Казањ, Русија Read More »

Бронзен медал на ИОИ 2016

Бронзениот медал го освои Владимир Максимовски.

Младите македонски информатичари постигнаа нов голем успех, освојувајќи бронзен медал на 28-мата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2016), која од 12-ти до 19-ти Август се одржува во Казањ, Русија. Македонија на овој најпрестижен натпревар од областа на програмирањето за средношколци во светски рамки ја претставува тимот составен од натпреварувачите Владимир Максимовски, Димитар Бајрактаров, Никола Стојкоски и Душан Терзиќ, предводени од лидерите, м-р Емил Станков и м-р Весна Киранџиска од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Остварениот резултат претставува нова потврда дека Македонија треба да биде горда на своите млади ученици, кои со своето знаење од областа на компјутерските науки што одново и одново го демонстрираат на интернационалните информатички олимпијади, уште еднаш докажаа дека без сомнение припаѓаат меѓу најдобрите во целиот свет. Од своето прво учество како независна држава на ИОИ во 1996 година, Македонија досега има освоено 1 сребрен и 14 бронзени медали, од кои најголемиот број во изминативе неколку години. Тоа е резултат со кој може да се пофалат помал број од земјите – учеснички на ИОИ.

ИОИ е годишен интернационален натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите – членки на ИОИ заедницата. Во националните натпревари во програмирање на речиси 90 држави од светот секоја година учествуваат вкупно околу 250 000 ученици, со желба да се изборат за големата чест и привилегија да ја претставуваат својата држава на ИОИ.

На годинешната ИОИ учествуваат вкупно 308 ученици од 86 земји од целиот свет. Во оваа силна конкуренција, бронзениот медал за Македонија го освои 17-годишниот Владимир Максимовски кој беше на чекор до освојување и на сребрен медал. Треба да се напомене дека и останатите тројца наши натпреварувачи постигнаа забележителни резултати, при што Димитар Бајрактаров го делеа само неколку поени од освојување на бронзен медал.

Според претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, д-р Миле Јованов, кој е и член на Интернационалниот комитет на Олимпијадата, овој резултат се должи на континуираната работа на Здружението со самите ученици, и во беспрекорната организација на натпреварите по информатика секоја година. Натпреварите се организираат благодарение и на поддршката на Агенцијата за млади и спорт на МакедонијаФакултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Докстеам, Нетцетера и Семос Едукација. Системот mendo.mk кој го поседува Здружението е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи.

Следната, 29-та по ред, Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2017), ќе се одржи идната година во Техеран, Иран, а следен настан кој ќе го организира Здружението е Јуниорската балканска олимпијада по информатика во септември, во Скопје.

Веб страна за Интернационалната Олимпијада по Информатика 2016: http://ioi2016.ru.

Бронзен медал на ИОИ 2016 Read More »

X Државен натпревар по информатика за основно образование – апликативни вештини

На 18.05.2016, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје, се одржа X Државeн натпревар по информатика за основно образование – апликативни вештини. 

X Државен натпревар по информатика за основно образование – апликативни вештини Read More »

ИОИ 2016 во Казањ, Русија

Од 12.08.2016 до 19.08.2016 во Казањ, Русија, се одржа 28-мата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2016).

 

Македонија на ИОИ 2016 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Владимир Максимовски, Димитар Бајрактаров, Душан Терзиќ и Никола Стојкоски, како и лидерите м-р Емил Станков и м-р Весна Киранџиска.

Веб страна за ИОИ 2016: http://ioi2016.ru/

ИОИ 2016 во Казањ, Русија Read More »

Две бронзи на БОИ 2016

Бронзените медали ги освоија Владимир Максимовски и Димитар Бајрактаров.

На 24-тата Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2016), која од 27-ми јуни до 2-ри јули се одржа во Никозија, Кипар, македонските средношколци постигнаа извонреден резултат. Македонскиот тим на овој престижен натпревар во програмирање, составен од учениците Владимир Максимовски, Димитар Бајрактаров, Филип Михов и Марко Ќаласан, предводени од лидерите, м-р Емил Станков и д-р Марија Михова од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои две бронзени медали. Овој резултат претставува продолжување на континуитетот на успешни претставувања на Македонија на меѓународните информатички олимпијади во последниве неколку години и уште еден доказ за знаењето и вештините од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици.

Балканската олимпијада е годишен настан на кој партиципираат 12 земји со тимови од четворица натпреварувачи, а во последните 3 години оваа балканска организација ја предводи д-р Миле Јованов, професор од ФИНКИ. На годинешната БОИ 2016 учествуваат вкупно 41 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија. Во ваква силна конкуренција, бронзените медали за Македонија ги освоија Владимир Максимовски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ – Бутел, Скопје, како и Димитар Бајрактаров, ученик во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица. Треба да се спомене дека Максимовски беше на чекор до освојување на сребрен медал, а покрај Бајрактаров, и останатите двајца наши натпреварувачи постигнаа солидни резултати.

Нашиот тим беше избран во целогодишен циклус натпревари организиран од Здружението на информатичарите на Македонија, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Македонија, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Докстеам и Семос Едукација. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи.

Следната, 25-та по ред, Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2017), ќе се одржи идната година во Молдавија, а пред македонскиот тим е исправен предизвикот за Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2016) која се одржува во август во Казањ, Русија.

Две бронзи на БОИ 2016 Read More »

XXIV Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2016)

Од 27.06.2016 до 02.07.2016, во Никозија, Кипар, се одржува XXIV Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2016).

Македонија на БОИ 2016 ја претставува тимот составен од натпреварувачите Владимир Максимовски, Димитар Бајрактаров, Филип Михов и Марко Ќаласан, како и лидерите Емил Станков и Марија Михова.

Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.

XXIV Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2016) Read More »

Државен натпревар 2016

На 26 март 2016 година, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје, се одржа XXVII Државен натпревар по информатика за учениците од средно и основно образование.

Повеќе информации за натпреварот можете да најдете овде.

Државен натпревар 2016 Read More »