Обука за предметот „Работа со компјутер и основи на програмирањето“

ЗИМ го подготви и реализира наставниот дел од обуката за предметот „Работа со компјутер и основи на програмирањето“.

Во периодот од 08.10.2016 до 29.10.2016 година беа реализирани еднодневни обуки за одделенските наставници кои во учебната 2016/2017 година ќе изведуваат настава по предметот Работа со компјутер и основи на програмирањето во IV одделение, согласно новиот наставен план и новите наставни програми за деветгодишното основно образование.

Целта на обуките е наставниците да добијат насоки за реализација на новата наставна програма, во однос на методите и активностите за реализација на истата. 

Реализатор на наставниот дел од овие обуки е Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ).

Обуките беа организирани регионално, на македонски и на албански наставен јазик. Со обуките беа опфатени 1500 наставници од основните училишта во Република Македонија.

Комплетните материјали кои што ЗИМ ги подготви за потребите на обуките може да се преземат овде.