FINKI Admin

XXIV РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 28.02.2016

Прелиминарни и тековни информации за натпреварот

Листа на пријавени ученици за регионалниот натпревар

Конечни резултати од регионалниот натпревар

Листа на поканети учесници на државниот натпревар

Регионалниот натпревар се одржа на 28.02. со почеток во 12:00 часот.

Истиот се одржа во 4 региона:

Регион 1: Скопје.  Домаќини: Факулет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Гимназија „Орце Николов“, Скопје.

Регион 2: Охрид.  Домаќин: ОСУ Гимназија „Св. Климент Охридски“, Охрид.

Регион 3: Струмица.  Домаќини: ПСУ „Јахја Кемал“ и СОУ „Јане Сандански“, Струмица.

Регион 4: Крива Паланка. Домаќин: СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка.

 

Дипломи, признанија и пофалби ќе бидат подготвени и предадени за време на државниот натпревар.

XXIV РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 28.02.2016 Read More »

X Државен натпревар по информатика за основно образование – апликативни вештини

На 18.05.2016, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје, се одржа X Државeн натпревар по информатика за основно образование – апликативни вештини. 

X Државен натпревар по информатика за основно образование – апликативни вештини Read More »

ИОИ 2016 во Казањ, Русија

Од 12.08.2016 до 19.08.2016 во Казањ, Русија, се одржа 28-мата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2016).

 

Македонија на ИОИ 2016 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Владимир Максимовски, Димитар Бајрактаров, Душан Терзиќ и Никола Стојкоски, како и лидерите м-р Емил Станков и м-р Весна Киранџиска.

Веб страна за ИОИ 2016: http://ioi2016.ru/

ИОИ 2016 во Казањ, Русија Read More »

Две бронзи на БОИ 2016

Бронзените медали ги освоија Владимир Максимовски и Димитар Бајрактаров.

На 24-тата Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2016), која од 27-ми јуни до 2-ри јули се одржа во Никозија, Кипар, македонските средношколци постигнаа извонреден резултат. Македонскиот тим на овој престижен натпревар во програмирање, составен од учениците Владимир Максимовски, Димитар Бајрактаров, Филип Михов и Марко Ќаласан, предводени од лидерите, м-р Емил Станков и д-р Марија Михова од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои две бронзени медали. Овој резултат претставува продолжување на континуитетот на успешни претставувања на Македонија на меѓународните информатички олимпијади во последниве неколку години и уште еден доказ за знаењето и вештините од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици.

Балканската олимпијада е годишен настан на кој партиципираат 12 земји со тимови од четворица натпреварувачи, а во последните 3 години оваа балканска организација ја предводи д-р Миле Јованов, професор од ФИНКИ. На годинешната БОИ 2016 учествуваат вкупно 41 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија. Во ваква силна конкуренција, бронзените медали за Македонија ги освоија Владимир Максимовски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ – Бутел, Скопје, како и Димитар Бајрактаров, ученик во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица. Треба да се спомене дека Максимовски беше на чекор до освојување на сребрен медал, а покрај Бајрактаров, и останатите двајца наши натпреварувачи постигнаа солидни резултати.

Нашиот тим беше избран во целогодишен циклус натпревари организиран од Здружението на информатичарите на Македонија, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Македонија, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Докстеам и Семос Едукација. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи.

Следната, 25-та по ред, Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2017), ќе се одржи идната година во Молдавија, а пред македонскиот тим е исправен предизвикот за Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2016) која се одржува во август во Казањ, Русија.

Две бронзи на БОИ 2016 Read More »

XXIV Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2016)

Од 27.06.2016 до 02.07.2016, во Никозија, Кипар, се одржува XXIV Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2016).

Македонија на БОИ 2016 ја претставува тимот составен од натпреварувачите Владимир Максимовски, Димитар Бајрактаров, Филип Михов и Марко Ќаласан, како и лидерите Емил Станков и Марија Михова.

Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.

XXIV Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2016) Read More »

Државен натпревар 2016

На 26 март 2016 година, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје, се одржа XXVII Државен натпревар по информатика за учениците од средно и основно образование.

Повеќе информации за натпреварот можете да најдете овде.

Државен натпревар 2016 Read More »

Ученички институт по математика и информатика

Во рамки на соработката помеѓу Македонската академија на науки и уметности и Бугарската академија на науки и уметности, заедно со Здружението на информатичари на Македонија,Сојузот на Математичари на Македонија и Сојузот на математичари и информатичари на Бугарија се организира заеднички

 

УЧЕНИЧКИ ИНСТИТУТ ПО МАТЕМАТИКА И ИНФОРМАТИКА

 

Целта на Институтот е да организира воведување на младите талентирани ученици за математика и информатика (на возраст до четврта година од средните училишта)  во научно-истражувачка работа. 

Учениците подготвуваат труд на одредена тема од математика/информатика предложена од Институтот, од ментор или самостојно избрана тема. Подготовката е темата е индивидуална или во коавторство со најмногу уште еден автор, самостојно или под раководство на ментор од училиштето.

 

Трудовите ќе бидат рецензирани и најдобрите автори ќе бидат поканети да ги презентираат трудовите на Ученичка конференција по математика и информатика. 

Трудовите од математика треба да се пратат до Јасмина Марковска, jmarkoska@gmail.com 28.03.2016. 

Трудовите од информатика треба да се најават кај Марија Михова, marija.mihova@finki.ukim.mk до 21.03.2016, а да се подготват и пратат до 4.04.2016. 

Терминот за одржување на конференцијата ќе биде определен по добивањето на проектите. Прелиминарен термин е 23/24.04.2016. Побарувањата за изработка на проектот се дадени подолу.

 

Побарувања за изработка на проектот 

Текстот на проектот треба да е напишан на компјутерски едитор на текст (MS Word, LaTeX) на македонски јазик, со обем не помалку од 10 страници и не повеќе од 50 страници, оформен на следниов начин: заглавна страница, резиме на македонски јазик до 100 збора; резиме на англиски јазик до 100 збора. Во резимето треба да биде напишано од која област е проектот и какви се оригиналните придонеси на авторите. Трудот се разделува на глави/секции и започнува со вовед, во кој се формулираат целите и задачите на проектот и се прави кратка анотација на содржината на останатите глави. Проектот завршува со заклучок, во кој се опишува како се постигнати целите, при што се одбележува и придонесот на авторите. На крај се дава список на искористена литература. 

Во проектите по информатика и информациски технологии со апликативен карактер трудот треба да содржи: опис на областа; опис на апликативниот систем (кој не зависи од реализацијата); избор на технички и програмски средства и опис на реализацијата. Во прилог можат да бидат вклучени, програмски код и пример излези. 

Проектите по информатика и информациски технологии треба да бидат придружени со кодот кој е искористен, неопходен за подробното запознавање на рецензентите со разработката.

 

Оценување 

Основни показатели при оценувањето се јасност и последователност на изложеното, оригиналност, коректност на резултатите, отсуство на технички и правописни грешки, прегледност на цртежи и графикони, целосното оформување. 

Презентација 

Времето за презентација е 20-30 мин., кои вклучуваат и 5 минути за прашања, одговори и дискусија. Презентацијата треба да биде кратка и јасна, да дава точна претстава за суштината на проектот и најмногу за придонесот на авторот/те во темата.

Ученички институт по математика и информатика Read More »