FINKI Admin

Бронзен медал на ИОИ 2016

Бронзениот медал го освои Владимир Максимовски.

Младите македонски информатичари постигнаа нов голем успех, освојувајќи бронзен медал на 28-мата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2016), која од 12-ти до 19-ти Август се одржува во Казањ, Русија. Македонија на овој најпрестижен натпревар од областа на програмирањето за средношколци во светски рамки ја претставува тимот составен од натпреварувачите Владимир Максимовски, Димитар Бајрактаров, Никола Стојкоски и Душан Терзиќ, предводени од лидерите, м-р Емил Станков и м-р Весна Киранџиска од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Остварениот резултат претставува нова потврда дека Македонија треба да биде горда на своите млади ученици, кои со своето знаење од областа на компјутерските науки што одново и одново го демонстрираат на интернационалните информатички олимпијади, уште еднаш докажаа дека без сомнение припаѓаат меѓу најдобрите во целиот свет. Од своето прво учество како независна држава на ИОИ во 1996 година, Македонија досега има освоено 1 сребрен и 14 бронзени медали, од кои најголемиот број во изминативе неколку години. Тоа е резултат со кој може да се пофалат помал број од земјите – учеснички на ИОИ.

ИОИ е годишен интернационален натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите – членки на ИОИ заедницата. Во националните натпревари во програмирање на речиси 90 држави од светот секоја година учествуваат вкупно околу 250 000 ученици, со желба да се изборат за големата чест и привилегија да ја претставуваат својата држава на ИОИ.

На годинешната ИОИ учествуваат вкупно 308 ученици од 86 земји од целиот свет. Во оваа силна конкуренција, бронзениот медал за Македонија го освои 17-годишниот Владимир Максимовски кој беше на чекор до освојување и на сребрен медал. Треба да се напомене дека и останатите тројца наши натпреварувачи постигнаа забележителни резултати, при што Димитар Бајрактаров го делеа само неколку поени од освојување на бронзен медал.

Според претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, д-р Миле Јованов, кој е и член на Интернационалниот комитет на Олимпијадата, овој резултат се должи на континуираната работа на Здружението со самите ученици, и во беспрекорната организација на натпреварите по информатика секоја година. Натпреварите се организираат благодарение и на поддршката на Агенцијата за млади и спорт на МакедонијаФакултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Докстеам, Нетцетера и Семос Едукација. Системот mendo.mk кој го поседува Здружението е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи.

Следната, 29-та по ред, Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2017), ќе се одржи идната година во Техеран, Иран, а следен настан кој ќе го организира Здружението е Јуниорската балканска олимпијада по информатика во септември, во Скопје.

Веб страна за Интернационалната Олимпијада по Информатика 2016: http://ioi2016.ru.

Бронзен медал на ИОИ 2016 Read More »

МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2016

МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2016 Read More »

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2016

Програма на XXVII Државен натпревар по информатика,

СКОПЈЕ 2016

НатпреварувачиМентори
26. март 2016 год. (сабота)
до 9:45

Пристигнување на учесниците во зградата на Технолошко – металуршкиот факултет (ТМФ), простории на ФИНКИ

 до 10:00 Пријава на учесниците пред амфитеатарот на ТМФ
10:00 – 10:30

Официјално отворање на натпреварот

Амфитеатар на ТМФ

10:30 – 10:40 Сместување на натпреварувачите во лаборатории
во лабораториите на ФИНКИ на првиот кат (простории 200 и 215) и во лабораториите на СЕМОС едукација
11:30 – 13:15 Работилница – „Нови наставни програми по информатика“
во бифе на ТМФ – подрум
10:45/11:00 – 14:15 Тек на натпреварот
– во лабораториите на ФИНКИ и во лабораториите на СЕМОС едукација
13:30 – 14:15 Ручек
14:15 – 14:40

Ручек

– бифе ТМФ (подрум)

14:40 – 15:10 Презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ
во амфитеатар на ТМФ
15:10 Објавување на резултати
пред просторија 115 и на влезната врата
15:10 – 15:30 Поднесување на приговори и нивно разгледување
пред и во просторија 115
15:30 – 16:30 Научно предавање: Програмирање на роботи
во амфитеатар на ТМФ
16:45 – 17:30

Објавување резултати, доделување награди, дипломи, пофалби и признанија

 – во амфитеатарот во Технолошко-металуршкиот факултет

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2016 Read More »

XX МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА, 15-16.04.2016

XX МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА, 15-16.04.2016 Read More »

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2016

Почитувани ученици и ментори,

Регионалниот натпревар годинава ќе се одржи на 28.02. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи во неколку региони.

Распоредот кој ученик во кој регион се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници.

Учесниците треба да се на местото за одржување на натпреварот најдоцна 30 минути пред предвидениот почеток, заради навремено распоредување по работни места и можност за запознавање со работната околина.

Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 26.02 треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени:

– цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2016

– износ: 1500 денари

Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.

 

ВАЖНИ информации

  • Сите натпревари во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен, македонска олимпијада) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mkЗа да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
  • Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество – број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште – тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
  • Годинава, секое средно училиште може да учествува со 4 натпреварувачи (а=4), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b  за училиштата, пресметан според минатогодинешните резултати е даден во листата подолу.
  • Училиштата домаќини имаат право на најмногу 3 дополнителни натпреварувачи.
  • Пријавувањето на учесници се врши со порака на natprevarATcs.org.mk со наведување на листа на учесници од училиштето (име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и контакт телефон до одговорниот професор. Истото мора да е направено најдоцна до понеделник (22.02.2016) до 16:00.
  • Во петок (19.02) со почеток од 17 часот ќе биде одржан ткн. училишен натпревар. Истиот има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат и не е задолжителен, не е елиминационен и за истиот нема да се објави ранг листа со резултати. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, и за менторите (по училиште) на нивно барање. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни години.
  • Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може лично да се пријави на горенаведената адреса за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари). Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар.

 

Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати

 

Име на училиштеГрад на училиштетоДополнителни места (b=)
ПСУ „Јахја Кемал“ – АвтокомандаСкопје10
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“Куманово3
ПСУ „Јахја Кемал“ – БутелСкопје6
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“Скопје4
ОСУ „Св. Климент Охридски“Охрид2
СОУ „Јане Сандански“Струмица1
Гимназија „Алгоритам“Скопје3
СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“Битола2
СУГС „Орце Николов“Скопје1
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“Прилеп1
ПСУ „Американска Гимназија Нова“Скопје1
СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“Скопје1
ПСУ „Јахја Кемал“Струга2
ПСУ „Јахја Кемал“Тетово1
ООУ „Христијан Карпош“Куманово1
ООУ „Видое Подгорец“Струмица1
ООУ „Крсте Мисирков“Куманово1
ООУ „11 Октомври“Скопје1
ООУ „Кочо Рацин“Куманово1
ООУ „Браќа Миладиновци“Куманово1
Семос ЕдукацијаСкопје1

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2016 Read More »