FINKI Admin

ИОИ 2019 во Баку, Азербејџан

Од 04.08.2019 до 11.08.2019 во Баку, Азербејџан, се одржа 31-вата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2019).

 

Македонија на ИОИ 2019 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Мартин Динев, Андреј Величковски, Благојче Павлески и Андреј Шеќеров, како и лидерите м-р Бојан Костадинов и м-р Емил Станков.

Веб страна за ИОИ 2019: https://ioi2019.az/

ИОИ 2019 во Баку, Азербејџан Read More »

Нов голем успех на ИОИ 2019

Две бронзи за македонскиот тим на ИОИ 2019!

 

Во земјата на огновите – Азербејџан, во главниот град Баку, од 4-ти до 11-ти август се одржува 31-вата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2019). И на оваа олимпијада, македонските ученици ја продолжуваат традицијата на одлично претставување од последниве десетина години, постигнувајќи нов голем успех. Македонскиот тим на овој светски најпрестижен годишен натпревар од областа на програмирањето за средношколци, составен од учениците Мартин Динев, Андреј Величковски, Благојче Павлески и Андреј Шеќеров, предводени од лидерите, м-р Бојан Костадинов од Клауд Солушнс, и м-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои два бронзени медали. Со резултатот што го постигнаа младите наши ученици, уште еднаш докажаа дека Македонија треба да се гордее со нив. Нашите претставници на ИОИ освојуваат медали во речиси секоја од изминативе десетина години – нешто што потврдува дека со знаењето од областа на компјутерските науки кое го поседуваат нашите ученици, а кое редовно го покажуваат и докажуваат на интернационалните информатички олимпијади, несомнено припаѓаат меѓу најдобрите во светот.

ИОИ е најпрестижниот годишен интернационален натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите – членки на ИОИ заедницата. Секоја година, во околу 90 држави од светот се организираат национални натпревари во програмирање, на кои што учествуваат вкупно повеќе од 250 000 ученици, сите со единствен мотив – да се изборат за големата чест и привилегија да ја претставуваат својата држава на ИОИ. Според начинот на поделба на медалите, ИОИ како научна олимпијада по информатика, е најстрога во споредба со врвните научни олимпијади по другите науки (математика, хемија, физика, биологија).

Годинава на ИОИ учествуваат вкупно 327 ученици од 88 земји од целиот свет. Во оваа исклучително силна конкуренција, двата бронзени медали за Македонија ги освоија Андреј Величковски и Андреј Шеќеров. Треба да се напомене дека и останатите двајца наши натпреварувачи постигнаа забележителни резултати, при што Мартин Динев беше многу блиску до освојување на бронзен медал – од ова извонредно достигнување го делеа само два поени (од можните 600 поени на натпреварот). Според вкупно освоените поени од нашите натпреварувачи, нашата земја е позиционирана пред повеќе од 50 од останатите 88 учеснички.

Од првото учество како независна држава на ИОИ во 1996 година, Македонија има резултати со кои може да се пофалат релативно мал број од земјите – учеснички на ИОИ: освоени 2 сребрени и 18 бронзени медали.

Претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, проф. д-р Миле Јованов, по трети пат по ред беше избран да биде еден од петте членови на Интернационалниот комитет, кое е врвно управувачко тело на олимпијадата, во следните три години. Тој изјави: „Радосен сум од успехот на нашите ученици, кои се вистински амбасадори на нашата земја. Овој успех се должи на интензивна работа на повеќе волонтери вклучени во работата на Здружението, а можноста за учество на натпреварите ни ја дава поддршката од нашите поддржувачи, Агенцијата за млади и спорт, како и општествено одговорните компании Нетцетера, Грабит, Докстим, Сорсикс и Семос едукација. Се надевам дека во иднина свесноста за значењето на овие резултати ќе продолжи да се зголемува и во државните институции, приватните компании како и медиумите, со што би се зголемила поддршката за задржување и подобрување на нашите успеси, а преку нивна промоција ќе се поттикнат што поголем број на ученици да се заинтересираат за информатиката како идна професија.”.

Следната, 32-ра по ред, Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2020), ќе се одржи идната година во Сингапур.

Веб страна за настанот: http://ioi2019.az

Нов голем успех на ИОИ 2019 Read More »

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2019

ПРОГРАМА НА XXIII МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО  ИНФОРМАТИКА
СКОПЈЕ 2019
Натпреварувачи Ментори
12. април 2019 год. (петок)
-9:15 Пристигнување на учесниците во просториите на кампусот на International Balkan University (IBU) (види мапа)
9:00-9:45 Свечено отворање на МОИ и ИБУО
10:20 – 10:45 Сместување на натпреварувачите во просториите за натпревар, и запознавање со околината 10:45 –   14:45

Слободно време за следење на резултатите на натпреварувачите

Лаб 1 и лаб 2
10:45 – 14:45 Тек на натпреварот – Ден 1

– Лаб 1 и лаб 2

14:45 – 15:15 Трансфер до хотел New Star на сите учесници
15:20 – 16:00 Ручек (во хотелот)
20:45 – 22:30 Слободно дружење во центар (Триумфална капија)
13. април 2019 год. (сабота)
9:00 – 9:25

Пристигнување на учесниците во просториите на ИБУ и сместување на натпреварувачите во просториите за натпревар

– Лаб 1 и лаб 2
9:30 – 13:30 Тек на натпреварот – Ден 2 10:30 –   14:30

Слободно време за следење на резултатите на натпреварувачите 

– Лаб 1 и лаб 2

13:45 – 14:10 Трансфер до хотел New Star на сите учесници
14:30 – 15:15

Ручек (во хотелот)

15:15

Објавување на резултатите и евентуални технички приговори

15:40- 16:10

Доделување медали, дипломи и признанија од МОИ

 – во хотелот

19:00 – 

Свечена вечера за менторите во хотелот „New Star“

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2019 Read More »

МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2019

МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2019 Read More »

МГ Куп 2019

Учество на МГ купот 2019 во Белград, Србија

 

Годинава, по седми пат, Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) со свој тим учествуваше на МГ Купот, кој се одржа во периодот 24.06.2019 – 29.06.2019 во Белград, Србија. Тимот кој учествуваше на овој меѓународен натпревар во конкуренција до 16 години го сочинуваа натпреварувачите Тео Китановски, Иван Занов, Стефан Милков, Иван Јованоски, Сара Стефановска и Атина Рувинова, предводени од лидерот, Владислав Бидиков.


Учествувајќи на овој натпревар, ЗИМ продолжува со подготвувањето на нашите најдобри ученици во областа на програмирањето, за што подобар успех на претстојните интернационални олимпијади: Интернационалната олимпијада по информатика во Баку, Азербејџан, на почетокот на август, Европската јуниорска олимпијада по информатика во Марибор, Словенија, кон крајот на август, како и Балканската олимпијада по информатика во Атина, Грција, во првата половина на септември.

 

Повеќе информации за МГ Купот 2019: http://www.cup.mg.edu.rs

МГ Куп 2019 Read More »

XXIII МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2019, 11-14.04.2019

Годинава Македонската олимпијада по информатика (МОИ) се одржа во паралела со International Balkan University Olympiad in Informatics (IBUOI), што им даде можност на нашите ученици да ги проверат своите знаења меѓусебно, а и во споредба со свои врсници од други земји. 

Поканети учесници на Македонска олимпијада по информатика 2019

Агенда за Македонска олимпијада по информатика 2019

Резултати од Македонска Олимпијада по информатика 2019

 Учениците кои ги освоија првите 9 места на МОИ се повикани на дополнителни изборни натпревари во понеделник 29.04 и среда 01.05, за одредување на тимовите за учество на интернационалните натпревари.

XXIII МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2019, 11-14.04.2019 Read More »

МОИ 2019

XXIII Македонска Олимпијада по Информатика се одржа на 12.04.2019 (петок) и 13.04.2019 (сабота), во просториите на кампусот на International Balkan University (IBU).

Годинава Македонската Олимпијада по Информатика (МОИ) се одржа во паралела со International Balkan University Olympiad (IBUO), што им даде можност на нашите ученици да ги проверат своите знаења меѓусебно, а и во споредба со свои врсници од други земји. Натпреварувачите ги следеа агендите и на двата настана, а имаа можност да освојат медали и на двете олимпијади.

Повеќе информации за натпреварот можете да најдете овде.

МОИ 2019 Read More »

Државен натпревар 2019

На 23 март 2019 година, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје, се одржа XXX Државен натпревар по информатика за учениците од средно образование и Државниот натпревар за учениците од основно образование 2019 – Информатичко размислување.

Повеќе информации за натпреварот можете да најдете овде.

Државен натпревар 2019 Read More »