FINKI Admin

Еден сребрен и четири бронзени медали за Македонија на ЈБОИ 2012

Македонија освои еден сребрен и четири бронзени медали на годинешната Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика што се одржа во Охрид. Во конкуренција на 30 ученици од 7 земји од Балканот, сребрен медал освои Климент Серафимов, додека бронзени медали освоија Михаил Денковски, Горјан Поповски, Јован Тасев и Никола Полинцев. Ова воедно е најголемиот успех на еден македонски тим на јуниорските балкански олимпијади.

Еден сребрен и четири бронзени медали за Македонија на ЈБОИ 2012 Read More »

6-та Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика

Македонија беше домаќин на 6-тата по ред Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ).
ЈБОИ 2012 се одржа од 09.-15.08.2012 во Охрид, во организација на ЗИМ. Партнери – поддржувачи на овој настан беа АЕК и ФИНКИ.
Повеќе информации на официјалниот веб сајт на ЈБОИ 2012: http://jboi.cs.org.mk/

6-та Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика Read More »

Екипи за ЈБОИ

На 6-тата Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ), Македонија ќе ја претставуваат следниве натпреварувачи:

 

Тим А:

Климент Серафимов

Михаил Денковски

Горјан Поповски

Јован Тасев

 

Тим Б:

Никола Полинцев

Никола Анастасовски

Екипи за ЈБОИ Read More »

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2012

ПРОГРАМА НА XVI МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО   ИНФОРМАТИКА
РАДОВИШ 2012
Натпреварувачи Ментори
11. мај 2012 год.(петок)
9:00-13:30 Пристигнување на учесниците во ООУ „Никола   Карев“ – Радовиш и нивно сместување
13:30 – 13:45 Сместување   на натпреварувачите во кабинет за натпревар 13:30 –   17:45 Слободно   време за сместување и индивидуален разглед на градот
– во училишниот кабинет по информатика
13:45 – 17:45 Тек   на натпреварот – Ден 1
– во училишниот кабинет по информатика
17:50 – 18:10 Сместување на учениците од другите градови кои   пристигнале подоцна
кај ученици – домаќини
18:10 – 18:30 Објавување на резултатите и разгледување на   евентуални приговори
12. мај 2012 год.(сабота)
до 11:10 Пристигнување на учесниците во просторот за   отворање
11:15 – 12:00 Официјално отворање на натпреварот
во Центар за култура на Радовиш
12:00 – 13:30 Организиран разглед на градот
13:35 – 14:20 Ручек
ресторан во градот
14:30 – 18:30 Тек   на натпреварот – Ден 2 14:30 –   17:30 Слободно   време
– во училишниот кабинет по информатика
18:30 – 18:50  Презентација: CodeWell
18:50 – 19:05 Објавување на резултатите и разгледување на   евентуални приговори
19:30 Слободна   вечер за дружење и запознавање на градот 20:30 Свечена   вечера
13. мај 2012 год. (недела)
11:00 – 12:00 Објавување резултати, доделување награди,   дипломи, пофалби и признанија
во просториите на ООУ„Никола   Карев“, Радовиш

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2012 Read More »

ПОКАНЕТИ УЧЕСНИЦИ НА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2012

Име и презиме Училиште Клас
Климент Серафимов ПСУ “Јахја Кемал” – Скопје 1
Виктор   Јаневски ПСУ   “Интернационално средно училиште” – Скопје 4
Игор Петровски СУ “Кирил   Пејчиновиќ” – Тетово 4
Филип   Бујароски ПСУ “Јахја   Кемал” – Скопје 2
Стефан   Серафимоски ПСУ   “Алгоритам” – Скопје 2
Ташо Ќосев СУ “Јане   Сандански” – Струмица 4
Христијан   Богоевски ПСУ “Јахја   Кемал” – Скопје 4
Бојан   Серафимов ПСУ “Јахја   Кемал” – Скопје 2
Дамјан   Ангеловски СУ “Раде   Јовчевски Корчагин” – Скопје 3
Филип Беџовски ПСУ “Јахја   Кемал” – Струмица 2
Јован   Крајевски СУ “Раде   Јовчевски Корчагин” – Скопје 3
Максим   Трифуновски ПСУ “Јахја   Кемал” – Скопје 3
Валентин   Амбароски СОУ “Ристе   Ристески – Ричко” – Прилеп 4
Денис Мазникар Гимназија   “Славчо Стојменски” – Штип 2
Никола   Фурнаџиски ПСУ “Јахја   Кемал” – Скопје 4
Јован Бидиков СУ “Раде   Јовчевски Корчагин” – Скопје 3
Михајло   Велјановски СОТУ “Ѓорѓи   Наумов” – Битола 3
Петар Тонковиќ СУ “Раде   Јовчевски Корчагин” – Скопје 3
Васил Кузевски ПСУ “Американска   Гимназија Нова” – Скопје 2
Росица   Дејановска ПСУ “Јахја   Кемал” – Скопје 3
Филип   Станковски ПСУ “Јахја   Кемал” – Скопје 4

ПОКАНЕТИ УЧЕСНИЦИ НА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2012 Read More »

Државен натпревар 2012

Од 27-29.04.2012 се одржа Државниот натпревар за учесниците на циклусот натпревари 2012. 

Натпреварот се одржа во просториите на ФИНКИ сместени на Природно-математички факултет и во „Семос Едукација“ во Скопје.

Учествуваа вкупно 96 натпреварувачи, од кои 16 во напредна група, 48 во основна група и 32 во почетничка група.

Спонзори на наградите беа Стопанска БанкаАлкалоид и Ројал Хаус.

Резултатите од Државниот натпревар се објавени овде.

Државен натпревар 2012 Read More »

МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2012

  • Рангирањето на натпреварувачите за избор на екипи за меѓународните натпревари по информатика (Балканската Олимпијада по информатика – понатаму БОИ, и Интернационална Олимпијада по информатика – понатаму ИОИ), се врши од резултатите на Македонската Олимпијада по информатика и изборните натпревари и подготовки кои, евентуално, ќе бидат организирани од страна на Здружението на информатичари на Македонија.
  • Регионалниот и државниот натпревар не влијаат на рангирањето на натпреварувачите, бидејќи кај нив постојат повеќе натпреварувачки групи со различни задачи и поени.
  • Рангирањето се врши на начин што МОИ влијае со 600 поени (или 1000, доколку се организира во два натпреварувачки дена), додека секој изборен натпревар посебно влијае со 400 поени.
    НатпреварПоени
    Македонска Олимпијада по информатика600/1000
    изборен натпревар (секој посебно400
  • Според ранг листата Комисијата формира екипи за учество на меѓународните натпревари. Најдобро пласираниот натпреварувач на ранг листата обезбедува учество во екипите за двата натпревара.
  • Резултатот на првиот меѓународен натпревар (БОИ или ИОИ) од тековната година, доколку техничките можности го дозволат тоа (визи, авионски карти и слично), може да влијае на составот на екипа за следниот меѓународен натпревар од тековната година. Притоа се применува правилото на евентуална замена: “Натпреварувачот А кој е вклучен во екипата за учество може да биде заменет од натпреварувачот Б кој: 1) не е во екипата за учество, 2) е во можност да учествува на натпреварот и, 3) учествувал на претходниот меѓународен натпревар заедно со А и постигнал подобар резултат од А.”
  • Секој натпреварувач кој е одбран за да ја претставува Македонија на БОИ или ИОИ е должен или да земе учество на соодветниот меѓународен натпревар за кој е избран, или да пријави дека не сака или не е во можност да го направи тоа во дадениот рок по објавувањето на екипите за учество.
  • Во случај на откриени пропусти или грешки во организацијата на натпреварите (грешка во одредена задача, погрешни тест-случаи, откривање на повеќе идентични решенија – решавање во група, и други околности за кои одлучува комисијата за натпревари), можно е да се изврши промена на начинот на бодување, ранг листата и екипите.
  • Чесноста и доличното однесување на натпреварувачите во текот на целиот циклус, може позитивно да влијае на мислењето на Комисијата. Обратното може да предизвика отстранување од ранг листа, отстранување од екипа или отстранување од циклусот на натпревари.
    За нечесно однесување ќе се смета, но не е ограничено на тоа, решавање на задача за друг, презентирање на туѓо решение како свое, каков било обид за изигрување на системот (во своја корист или туѓа штета, на пример).
    За недолично однесување ќе се смета, но не е ограничено на тоа, нарушување на редот за време на натпреварот (од пристигнување на местото на натпреварот, до конечно напуштање на истото), општоприфатено недолично однесување во градот – домаќин на натпреварот, недолични електронски и/или директни коментари кон сите чинители во системот на натпреварите (останатите натпреварувачи, спроведувачите на натпреварите, претставниците на спонзорите, …).

МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2012 Read More »

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2012

Програма на XXIII Државен натпревар по информатика,

СКОПЈЕ 2012

НатпреварувачиМентори
28. април 2012 год.(сабота)
до 10:00 Пристигнување на учесниците во горна зграда на Природно Математички Факултет (ПМФ), простории на ФИНКИ
10:00 – 10:15 Пријава на учесниците пред Информатички амфитеатар – ФИНКИ
10:15 – 10:35

Официјално отворање на натпреварот

Информатички амфитеатар – ФИНКИ

10:35 – 11:00 Сместување на натпреварувачите во лаборатории
во лабораториите на ФИНКИ во долната зграда на приземје (простории Л8, Л11, Л14 и Л17) и во лабораториите на СЕМОС едукација
11:15 – 13:15 Работилница – „Зошто треба да има програмирање во новите наставни програми по информатика“
во просторија 161 – прв спрат
11:15 – 14:45 Тек на натпреварот
– во лабораториите на ФИНКИ во долната зграда и во лабораториите на СЕМОС едукација
13:15 – 14:45 Ручек
15:05 – 15:45

Ручек

– бифе Мерџан (горна зграда, подрум)

15:50 – 16:20 Презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ
во просторија 148
16:25 Објавување на резултати
во просторија 148
16:30 – 16:40 Поднесување на приговори
пред просторија 147
16:40 – 17:00 Разгледување на приговорите
во просторија 147
17:05 – 17:20 Сместување на учесниците од другите градови кои не биле сместени претходниот ден
во просторија 148
19:00 – Слободна вечер за дружење и запознавање на градот 20:30 – Свечена вечера
29. април 2012 год. (недела)
12:00 – 13:00

Објавување резултати, доделување награди, дипломи, пофалби и признанија

 – во амфитеатар на ФИНКИ во Технолошко-металуршкиот факултет

* Денот 27.04 (петок) е ден за сместување на учениците од другите градови кои тогаш ќе пристигнат во Скопје. Пристигнувањето може да биде во периодот 12:00 – 18:00 во просториите на ФИНКИ кои се наоѓаат во ткн. долна зграда на ПМФ („Хемиски факултет“). Менторите на сите ученици кои ќе пристигнуваат во петок треба да го најават приближното време на пристигнување, со цел да се обезбеди брзо сместување.

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2012 Read More »