Последни настани

Ученички институт по математика и информатика

Во рамки на соработката помеѓу Македонската академија на науки и уметности и Бугарската академија на науки и уметности, заедно со Здружението на информатичари на Македонија,Сојузот на Математичари на Македонија и Сојузот на математичари и информатичари на Бугарија се организира заеднички

 

УЧЕНИЧКИ ИНСТИТУТ ПО МАТЕМАТИКА И ИНФОРМАТИКА

 

Целта на Институтот е да организира воведување на младите талентирани ученици за математика и информатика (на возраст до четврта година од средните училишта)  во научно-истражувачка работа. 

Учениците подготвуваат труд на одредена тема од математика/информатика предложена од Институтот, од ментор или самостојно избрана тема. Подготовката е темата е индивидуална или во коавторство со најмногу уште еден автор, самостојно или под раководство на ментор од училиштето.

 

Трудовите ќе бидат рецензирани и најдобрите автори ќе бидат поканети да ги презентираат трудовите на Ученичка конференција по математика и информатика. 

Трудовите од математика треба да се пратат до Јасмина Марковска, jmarkoska@gmail.com 28.03.2016. 

Трудовите од информатика треба да се најават кај Марија Михова, marija.mihova@finki.ukim.mk до 21.03.2016, а да се подготват и пратат до 4.04.2016. 

Терминот за одржување на конференцијата ќе биде определен по добивањето на проектите. Прелиминарен термин е 23/24.04.2016. Побарувањата за изработка на проектот се дадени подолу.

 

Побарувања за изработка на проектот 

Текстот на проектот треба да е напишан на компјутерски едитор на текст (MS Word, LaTeX) на македонски јазик, со обем не помалку од 10 страници и не повеќе од 50 страници, оформен на следниов начин: заглавна страница, резиме на македонски јазик до 100 збора; резиме на англиски јазик до 100 збора. Во резимето треба да биде напишано од која област е проектот и какви се оригиналните придонеси на авторите. Трудот се разделува на глави/секции и започнува со вовед, во кој се формулираат целите и задачите на проектот и се прави кратка анотација на содржината на останатите глави. Проектот завршува со заклучок, во кој се опишува како се постигнати целите, при што се одбележува и придонесот на авторите. На крај се дава список на искористена литература. 

Во проектите по информатика и информациски технологии со апликативен карактер трудот треба да содржи: опис на областа; опис на апликативниот систем (кој не зависи од реализацијата); избор на технички и програмски средства и опис на реализацијата. Во прилог можат да бидат вклучени, програмски код и пример излези. 

Проектите по информатика и информациски технологии треба да бидат придружени со кодот кој е искористен, неопходен за подробното запознавање на рецензентите со разработката.

 

Оценување 

Основни показатели при оценувањето се јасност и последователност на изложеното, оригиналност, коректност на резултатите, отсуство на технички и правописни грешки, прегледност на цртежи и графикони, целосното оформување. 

Презентација 

Времето за презентација е 20-30 мин., кои вклучуваат и 5 минути за прашања, одговори и дискусија. Презентацијата треба да биде кратка и јасна, да дава точна претстава за суштината на проектот и најмногу за придонесот на авторот/те во темата.

Ученички институт по математика и информатика Read More »

Прелиминарна листа на учесници на XXIV Регионален натпревар

Објавена е прелиминарната листа на пријавени учесници за XXIV Регионален натпревар по информатика.

Истата можете да ја погледнете тука.

 

Прелиминарна листа на учесници на XXIV Регионален натпревар Read More »

Годишно собрание на ЗИМ 2015

На 29.12.2015 година, со почеток од 16 часот, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, се одржа Годишното Собрание на Здружението на Информатичари на Македонија (ЗИМ). 

Годишно собрание на ЗИМ 2015 Read More »

Microsoft натпревари за наставници и ученици

Мајкрософт Македонија организира два натпревари за наставници и еден натпревар за ученици и студенти.

Веќе шеста година по ред локалната канцеларија на Мајкрософт Македонија спроведува активности кои се во насока на поддршка на образованието и негово подобрување. Овие активности се резултат од одличната соработка со Министерството за образование и наука со кое во претходните години е потпишан Меморандум за соработка. Со потпишување на новиот Меморандум за соработка во кој е вклучено и Министерството за информатичко општество и администрација, важноста на Меморандумот е продолжена до 2018 година.

За таа цел Мајкрософт Македонија организира два натпревари за сите наставници од основните и средните училишта во Македонија:

  1. Натпревар за Мајкрософт експерт наставник од Македонија (Microsoft Innovative Educator (MIE)) и
  1. Натпревар за најиновативни наставници од Македонија во рамки на регионалниот ЦИЕ MIXathon предизвик за 2015-2016 година

и натпревар за ученици и студенти:

  1. Натпревар заMicrosoft Office Specialist кој ги тестира вештините на учениците и студентите од 13 до 23 години во познавање на Microsoft Апликациите.

Победниците на натпреварите ќе бидат прогласени на голем настан кој ќе се одржи во втората половина на месец декември и истите ќе ја претставуваат Македонија на регионално и светско ниво. Подетални информации околу натпреварите се дадени на линковите подолу.

Microsoft натпревари за наставници 2015

Microsoft натпревар за ученици и студенти 2015

Microsoft натпревари за наставници и ученици Read More »

9-та Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика

Македонија беше домаќин на 9-тата по ред Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ)!
ЈБОИ 2015 се одржа од 14.09. до 19.09.2015 во Охрид, во организација на ЗИМ.

Повеќе информации на официјалниот веб сајт на ЈБОИ 2015: http://jboi2015.cs.org.mk/

9-та Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика Read More »

Нова бронза за Македонија на ЈБОИ 2015

Бронзениот медал го освои Марко Чаласан.

Македонија, како земја членка на Балканската иницијатива за информатика, оваа година беше домаќин на Јуниорската Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ). Олимпијадата, која беше организирана од Здружението на информатичарите на Македонија, се одржа во Охрид во периодот 14-19 септември.

Јуниорската балканска олимпијада по информатика претставува настан кој ги обединува членките на Балканската иницијатива во која членуваат 11 земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Молдавија, Кипар, Романија, Турција, Србија и Црна Гора. Истиот дава можност на помладите натпреварувачи до 15,5 години да ги покажат своите знаења кои ги стекнале во информатиката, конкретно во програмирањето. Секоја земја учествува со тим кој се состои од 4 натпреварувачи, лидер и заменик лидер на тимот.

Годинава на олимпијадата силите ги одмерија учесниците од Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Македонија, Романија, Србија, како и Полска и Словенија како поканети земји.

Учениците се натпреваруваа во решавање на алгоритамски проблеми во два натпреварувачки дена. Покрај натпреварувањето, за учесниците беше организирана богата програма во останатото време, бидејќи настанот, покрај натпреварување, претставува можност да се презентира земјата домаќин како туристичка дестинација, со целото нејзино национално наследство, природни убавини, архитектура и слично.

На церемонијата на свечено затворање и доделување на медали, која се одржа во Универзитетот за информатички науки и технологии во Охрид, беа доделени наградите на освојувачите на медали. Најдобар учесник на настанот беше ученикот од Полска Јулиус Фам, а најдобар официјален учесник беше Романецот Овидиу Разван Харшан. Освојувач на бронзен медал и најдобар учесник од Македонија беше Марко Чаласан.

Веб страна за настанот: jboi2015.cs.org.mk

Нова бронза за Македонија на ЈБОИ 2015 Read More »

Обука за предметот Работа со компјутер и основи на програмирањето

ЗИМ го подготви и реализира наставниот дел од првичната обука за предметот Работа со компјутер и основи на програмирањето.

Во периодот од 20.08.2015 до 02.09.2015 година се реализираат еднодневни обуки за одделенските наставници кои во учебната 2015/2016 година ќе изведуваат настава по предметот Работа со компјутер и основи на програмирањето во III одделение, согласно новиот наставен план и новите наставни програми за деветгодишното основно образование.

Целта на обуките е наставниците да добијат насоки за реализација на новата наставна програма, во однос на методите и активностите за реализација на истата. 

Реализатор на наставниот дел од овие обуки е Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ).

Обуките се организирани регионално, на македонски и на албански наставен јазик. Со обуките ќе бидат опфатени 1500 наставници од основните училишта во Република Македонија.

Комплетните материјали кои што ЗИМ ги подготви за потребите на обуките може да се преземат овде.

Обука за предметот Работа со компјутер и основи на програмирањето Read More »

ИОИ 2015 во Алмати, Казахстан

Од 26.07.2015 до 02.08.2015 во Алмати, Казахстан, се одржа 27-мата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2015).

 

Македонија на ИОИ 2015 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Климент Серафимов, Христијан Ѓоршевски, Борис Танчовски и Димитар Бајрактаров, како и лидерите Миле Јованов и Емил Станков.

Веб страна за ИОИ 2015: http://ioi2015.kz/

ИОИ 2015 во Алмати, Казахстан Read More »