Microsoft натпревари за наставници и ученици

Мајкрософт Македонија организира два натпревари за наставници и еден натпревар за ученици и студенти.

Веќе шеста година по ред локалната канцеларија на Мајкрософт Македонија спроведува активности кои се во насока на поддршка на образованието и негово подобрување. Овие активности се резултат од одличната соработка со Министерството за образование и наука со кое во претходните години е потпишан Меморандум за соработка. Со потпишување на новиот Меморандум за соработка во кој е вклучено и Министерството за информатичко општество и администрација, важноста на Меморандумот е продолжена до 2018 година.

За таа цел Мајкрософт Македонија организира два натпревари за сите наставници од основните и средните училишта во Македонија:

  1. Натпревар за Мајкрософт експерт наставник од Македонија (Microsoft Innovative Educator (MIE)) и
  1. Натпревар за најиновативни наставници од Македонија во рамки на регионалниот ЦИЕ MIXathon предизвик за 2015-2016 година

и натпревар за ученици и студенти:

  1. Натпревар заMicrosoft Office Specialist кој ги тестира вештините на учениците и студентите од 13 до 23 години во познавање на Microsoft Апликациите.

Победниците на натпреварите ќе бидат прогласени на голем настан кој ќе се одржи во втората половина на месец декември и истите ќе ја претставуваат Македонија на регионално и светско ниво. Подетални информации околу натпреварите се дадени на линковите подолу.

Microsoft натпревари за наставници 2015

Microsoft натпревар за ученици и студенти 2015