Martin Nikolov
XXXIII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 19 – 20.03.2022
Информации за организацијата на државен натпревар 2022
Заради ковид пандемијата и запазување на протоколите, државниот натпревар по информатика и годинава се одржи без церемониите за свечено отворање, доделување дипломи во живо и сите останати пропратни активности.
Со цел да бидат повикани повеќе ученици да учествуваат на натпреварот, а да се запазат ковид мерките за негрупирање, учениците се натпреварува на 3 локации и тоа:
1. Кавадарци, Гимназија „Добри Даскалов“
2. Скопје, „Семос едукација“
3. Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
Натпреварот траеше 165 минути, а целата понатамошна комуникација (резултати, приговори и доделување дипломи) се одвиваше електронски, како што беше и за регионалниот натпревар.
Прелиминарните резултати беа објавени на mendo.mk. Натпреварувачите имаа можност да ги проверат своите решенија во делот за тренинг и да увидат каде погрешиле.
Менторите можеа да поднесат приговор до 19.03 до 22:00, со наведување на името на учесникот, корисничкото име, задачата на која се приговара и образложение зошто задачата дава точно решение, а не добива поени на mendo, на natprevar@cs.org.mk.
Церемонија за објавување на освоени дипломи и награди беше спроведена во недела (20.03.2022) во 18:30 часот, онлајн.
XXX РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 05.03.2022
Прелиминарни и тековни информации за натпреварот
Листа на пријавени ученици за регионалниот натпревар со место за натпреварување
Конечни резултати од регионалниот натпревар
Листа на поканети учесници на државниот натпревар
Регионалниот натпревар се одржува на 05.03.2022 со почеток во 12:00 часот.
Натпреварот се одржува на повеќе места, заради запазување на правилата наметнати од актуелната пандемија. Детална листа на места, и одговорни наставници за запазување на регуларноста на натпреварот се дадени во табелата подолу. Контакт наставникот и наставниците во „потпис – записник“ се должни на крај на натпреварот да го потпишат записникот во нивниот регион. Сите ментори се должни да се вклучат во спроведувањето на натпреварот како тестатори.
Распоред на учениците по простории за Скопскиот регион (Семос Едукација, Јахја Кемал)
Регион/ институција – домаќин | Контакт наставник | Потпис – записник |
Гостивар ОСТУ „Гостивар“ | Полина Божиновска polinaboz@gmail.com | Атиџе Идризи Љубиша Кундески |
Кавадарци СОУ Гим. „Добри Даскалов“ | Зоран Милевски milevskiz@gmail.com | Марија Колевска Тања Трајкова |
Куманово СОУ Гимназија “Гоце Делчев” | Јасмина Денковска denkovska_jasmina@yahoo.com | Марија Смиљков Бобан Поповски |
Прилеп СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ | Анета Стојческа anetastojceska@hotmail.com | Гоце Димески Летка Дојкоска |
Струга СОУ „Др. Ибрахим Темо“ | Славица Секулоска slavicasekuloska@yahoo.com | Викторија Попоска Бобан Гавриловски |
Струмица СОУ „Јане Сандански“ | Славица Милева Ефтимова meslavica@yahoo.com | Ивана Димовска Борче Алексов |
Штип СОУ Гим.„Славчо Стојменски“ | Јулија Андова julijaandova@yahoo.com | Елизабета Стојилкова Дарко Даме Тасевски |
СК – Јахја Кемал ПСУ „Јахја Кемал“ | Селсебил Караагач selsebil.karaagac@ykc.edu.mk | Анѓелка Андрески Пранвера Џафери Јелена Арсовска Влатко Спасев |
СК – Семос Ед. Семос Едукација | Елена Столевска elena.stolevska@semos.com.mk | Ирина Иванова Биљана Тримческа Билјана Крстиќ Елена Ристеска Маја Станковска Валентина Манеска-Аниќ |
Прелиминарните резултати ќе бидат дадени на mendo.mk, кај соодветниот натпревар. Приговори може да се поднесат до понеделник, 7.3 до 13:00 на е-адресата natprevar AT cs.org.mk. Пред поднесување на приговор, менторите задолжително да се потсетат на правилата за поднесување приговор и насоките за што всушност е можно да се поднесе приговор. Неосновани приговори ќе бидат отфрлени и санкционирани.
XXXII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 20 – 21.05.2021
Заради ковид пандемијата и запазување на протоколите, државниот натпревар по информатика се одржа без церемониите за свечено отворање, доделување дипломи и сите останати пропратни активности. Се очекуваше учениците од основно образование да дојдат пред влезот на просториите на Семос едукација во Скопје, а учениците од средно образование пред влезот на просториите на ФИНКИ на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, во 11:40 часот. Заради запазување на протоколите, влегувањето во зградата на факултетот и во просторот на Семос едукација беше дозволен само после измерена температура на секој од учесниците и менторите. По мерењето на температурата, учениците требаше директно да се упатат во просторијата за натпреварување во која се распределени, на соодветната позиција според објавениот распоред. Внимавајте, заради протоколите, централните скали во ТМФ во периодот пред почетокот на натпреварот се користат само во едната насока (од приземје кон првиот спрат), така што, упатете се нагоре единствено ако треба да бидете во една од горните простории. Натпреварувачите, за целото време дури се во просторот на факултетот и Семос едукација мораа да одржуваат растојание од најмалку 1,5 метри од други лица.
Натпреварот траеше 150 минути, а потоа учениците требаше да ги напуштат просториите и да се упатат дома. Целата понатамошна комуникација (резултати, приговори и доделување дипломи) се одвиваше електронски, како што беше и за регионалниот натпревар.
XXIX РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 06.03.2021
Прелиминарни и тековни информации за натпреварот
Листа на пријавени ученици за регионалниот натпревар со место за натпреварување
Конечни резултати од регионалниот натпревар
Листа на поканети учесници на државниот натпревар
Регионалниот натпревар се одржa на 06.03.2021 со почеток во 12:00 часот.
Натпреварот се одржa на повеќе места, заради запазување на правилата наметнати од актуелната пандемија. Детална листа на места, и одговорни наставници за запазување на регуларноста на натпреварот и потпишување на записникот е дадена тука.
Прелиминарните резултати се дадени на mendo.mk, кај соодветниот натпревар. Приговори може да се поднесат до понеделник, 8.3 до 13:00 на е-адресата natprevar@cs.org.mk. Пред поднесување на приговор, менторите задолжително да се потсетат на правилата за поднесување приговор и насоките за што всушност е можно да се поднесе приговор. Неосновани приговори ќе бидат отфрлени и санкционирани.
Листа на учесници е објавена според пријавите. Доколку има грешки во податоците, тие се по вина на пријавувачот. Овие информации ќе се сметаат за валидни при изработката на сертификатите.
Дипломи, признанија и пофалби ќе бидат подготвени и предадени за време на државниот натпревар или ќе бидат дистрибуирани електронски по завршувањето на циклусот.
XXXI ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 20 – 22.03.2020
Заради актуелната ситуација предизвикана од мерките за справување со Covid-19 натпреварот беше одложен. И покрај барањето од ЗИМ до МОН, Владата и Комисијата за заразни болести доставено во мај за одобрување на протокол за спроведување на државниот натпревар, до почетокот на август не добивме одговор на барањето.
Затоа, ЗИМ донесе одлука да ги земе предвид резултатите од регионалниот натпревар (кој беше единствениот регуларно спроведен натпревар) како основа за утврдување на постигнувањата на учениците пласирани на државниот натпревар. Сите ученици, со одлуката имаат освоено соодветни награди како и на регионалниот натпревар усогласени со правилникот за организација на државни натпревари на МОН.
Учениците кои имаат амбиција да учествуваат на Македонската олимпијада по информатика со цел да влезат во тимовите за интернационалните натпревари ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да учествуваат на следната серија од натпревари во периодот 20ти-23ти март.
Агенда на Државниот натпревар 2020
XXVIII РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 07.03.2020
Прелиминарни и тековни информации за натпреварот
Листа на пријавени ученици за регионалниот натпревар
Конечна листа на учесници на регионалниот натпревар
Конечни резултати од регионалниот натпревар
Листа на поканети учесници на државниот натпревар
Регионалниот натпревар се одржa на 7.03.2020 со почеток во 12:00 часот.
Истиот се одржa во 4 региона:
Регион 1. Скопје, простории на ФИНКИ на Технолошко-металуршкиот факултет (Домаќини на натпреварот: ФИНКИ и Гимназија „Орце Николов“- Скопје).
Регион 2: Кавадарци, простории на Гимназија „Добри Даскалов“
Регион 3: Струга, простории на ПСУ „Јахја Кемал“
Регион 4: Струмица, простории на СОУ Гимназија „Јане Сандански“
XXVII РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 10.03.2019
Прелиминарни и тековни информации за натпреварот
Листа на пријавени ученици за регионалниот натпревар
Конечни резултати од регионалниот натпревар
Листа на поканети учесници на државниот натпревар
Регионалниот натпревар се одржa на 10.03.2019 со почеток во 12:00 часот.
Истиот се одржa во 4 региона:
Регион 1. Скопје, простории на ФИНКИ на Технолошко-металуршкиот факултет (Домаќини на натпреварот: ФИНКИ и Гимназија „Орце Николов“- Скопје).
Регион 2: Струга, простории на ПСУ „Јахја Кемал“
Регион 3: Струмица, простории на СОУ „Никола Карев“
Регион 4: Кавадарци, простории на Гимназија „Добри Даскалов“