XXXIII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 19 – 20.03.2022

Информации за организацијата на државен натпревар 2022
Заради ковид пандемијата и запазување на протоколите, државниот натпревар по информатика и годинава се одржи без церемониите за свечено отворање, доделување дипломи во живо и сите останати пропратни активности.
Со цел да бидат повикани повеќе ученици да учествуваат на натпреварот, а да се запазат ковид мерките за негрупирање, учениците се натпреварува на 3 локации и тоа:
1. Кавадарци, Гимназија „Добри Даскалов“
2. Скопје, „Семос едукација“
3. Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
Натпреварот траеше 165 минути, а целата понатамошна комуникација (резултати, приговори и доделување дипломи) се одвиваше електронски, како што беше и за регионалниот натпревар.

Прелиминарните резултати беа објавени на mendo.mk. Натпреварувачите имаа можност  да ги проверат своите решенија во делот за тренинг и да увидат каде погрешиле.
Менторите можеа да поднесат приговор до 19.03 до 22:00, со наведување на името на учесникот, корисничкото име, задачата на која се приговара и образложение зошто задачата дава точно решение, а не добива поени на mendo, на natprevar@cs.org.mk.

Церемонија за објавување на освоени дипломи и награди беше спроведена во недела (20.03.2022) во 18:30 часот, онлајн.

Листа на поканети учесници на Државниот натпревар 2022

Конечни резултати од Државниот натпревар 2022