XXIII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА 27 – 29.04.2012
XXIII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА 27 – 29.04.2012 Read More »
Натпреварот се одржа во просториите на ФИНКИ сместени на Природно-математички факултет и во „Семос Едукација“ во Скопје.
Учествуваа вкупно 96 натпреварувачи, од кои 16 во напредна група, 48 во основна група и 32 во почетничка група.
Спонзори на наградите беа Стопанска Банка, Алкалоид и Ројал Хаус.
XXIII ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА 27 – 29.04.2012 Read More »
Натпреварот ќе се одржи во просториите на ООУ „Никола Карев“, Радовиш
Локален коорганизатор ЛК – Радовиш
Покровители на настанот: Градоначалник и Совет на општина Радовиш
Поканети учесници на Македонска Олимпијада 2012
ПОСЛЕ ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР, А ПРЕД МАКЕДОНСКАТА ОЛИМПИЈАДА
Пред крај сме на уште еден циклус на натпревари по информатика.
Државниот натпревар претставуваше натпревар за одмерување на силите на најдобрите информатичари – програмери во Македонија од средните училишта. На сите учесници кои постигнаа добри резултати на државниот натпревар по информатика им честитаме на успехот.
Олимпијадата по информатика претставува врвен натпревар на кој се избираат екипите за претставување на Република Македонија на меѓународните натпревари. Задачите се значително потешки и треба да го отсликаат вашето севкупно подготвување. За добар резултат е потребно големо познавање на специфични алгоритми од различни области, лесно и брзо откривање на проблемот и соодветниот алгоритам за него, согледување на можните гранични случаи и евентуални прилагодувања и подобрувања на основниот алгоритам и нормално – брзо кодирање.
Ви посакуваме успех на натпреварот!
Миле Јованов,
Комисија за натпревари 2012
Агенда за Македонска Олимпијада по Информатика 2012
Резултати од Македонска Олимпијада по Информатика 2012
XVI МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА, 11-13.05.2012 Read More »
Државниот натпревар ќе се одржи во Скопје во термин 27-29.04, при што првиот ден е ден за пристигнување на учесниците кои доаѓаат од другите градови, вториот ден е работниот ден, а третиот ден е ден на доделување на награди и признанија.
Сите ученици за да може да учествуваат на натпреварот мора да бидат пријавени од нивните ментори (или од некој професор од училиштето во кое што учат) на адресата natprevar @ cs.org.mk најдоцна до 19.04 до 15 часот.
Менторите мора да наведат експлицитна листа на учесници со сите нивни податоци. За учениците од другите градови менторите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да наведат дали ќе треба и за колкумина од учениците ќе треба да се обезбеди сместување кај нивни другари од средните училишта од Скопје.
Учениците кај кои дел од податоците се означени со црвено МОРА да ги променат/дополнат податоците за истите да се вистински и/или во формат на податоците на останатите ученици. Доколку неточни податоци има кај други учесници, и тие треба да го сторат истото. Сите промени мора да се направат најдоцна до 19.04 до 15 часот директно во системот МЕНДО.
Понатамошната комуникација околу претстојниот натпревар ќе се одвива преку е-пошта со менторите.
Листа на директно и индиректно поканети учесници, која е составена со (по редослед) земање предвид на резултатите од регионалниот натпревар, бројот на решени задачи од тренинг делот, бројност на ученици од дадено училиште и забележани нерегуларности при прегледување на решенијата, како и давање на шанса на по еден ученик од скоро секое училиште особено ако се работи за помлад натпреварувач:
ЛИСТА НА ПОКАНЕТИ УЧЕСНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2012 Read More »
ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2012 Read More »
Прелиминарни и тековни информации за натпреварот
Конечни резултати од регионалниот натпревар
Листа на поканети учесници на државниот натпревар
Почитувани натпреварувачи и ментори,
РЕГИОНАЛНИОТ натпревар по информатика ќе се одвива електронски. Заради тоа, потребно е да се направи следното:
На 08 април 2012 година, натпреварувачите треба да имаат обезбедено „работно место“ во периодот од 11:45 часот до 15:15 часот. Значи, треба да имаат компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работат и кој има пристап до интернет.
Доколку од едно училиште има повеќе од двајца натпреварувачи, менторот (или менторите) од училиштето треба да организираат надгледувано спроведување на натпреварот (заедно сите ученици во училиштето или на некое друго место со потребните услови и задолжително присуство на менторот (барем еден до менторите)).
Останатите учесници може да се натпреваруваат и од дома.
Натпреварот ќе се спроведе преку системот за електронски натпревари.
За сите учесници натпреварот започнува во 12:00 и трае до 15:00 часот – значи вкупно 3 часа. За време на првите 90 минути од натпреварот (до 13:30) можете да поставувате прашања. Прашањата ќе бидат одговорени најдоцна до 14:00. Се очекува резултатите да бидат објавени најдоцна 4 часа по завршувањето на натпреварот.
Доколку имате забелешки на резултатите, може вашите приговори преку вашите ментори да ги доставите во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде мислите дека има проблем. Приговорите се поднесуваат на natprevarATgmail.com.
Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата објавени на почетната страна на системот и на веб-сајтот на ЗИМ, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.
Приговорите ќе бидат разгледани во рок од 5 ДЕНА и потоа ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и списокот на потенцијалните натпреварувачи за ДРЖАВНИОТ натпревар.
ЗНАЧАЈНИ ПРАВИЛА:
Резултатите од натпреварот треба да го отсликуваат Вашето знаење. Затоа решенијата кои ќе ги предадете нека бидат ваши. На државниот натпревар ќе се пласираат само учениците за кои ќе бидеме сигурни дека доставиле нивни решенија на задачите.
Ви посакуваме успех на натпреварот!
Скопје, 28.03.2012
Комисија за натпревари по информатика 2012
XX РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 08.04.2012 Read More »
Од 27-29.04.2012 се одржа Државниот натпревар за учесниците на циклусот натпревари 2012.
Во рамки на натпреварот во Сабота (28.04.) беше одржана и работилница на тема – „Зошто треба да има програмирање во новите наставни програми по информатика“.
На оваа работилница присуствуваа повеќе членови на ЗИМ.
Работилница: „Зошто програмирање“ Read More »
Бронзените медали ги освоија Предраг Груевски од Битола и Христијан Богоевски од Скопје, ученици во Гимназијата „Јахја Кемал“ од Скопје. Со тоа, годинешниот успех за Македонија е најголемиот успех досега на ИОИ.
Премиерот на Тајланд, Абхасит Веџаџива ја отвори 23-тата Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ) која годинава се одржа во Тајланд под покровителство на Нејзиното височество Принцезата Маха Чакри Сириндорн од 22-ри до 29-ти јули. ИОИ е врвниот натпревар во програмирање и алгоритамско размислување на кој редовно учествуваат репрезентации од околу 80 земји во светот.
Македонската репрезентација составена од Предраг Груевски, Христијан Богоевски, Дејан Божиновски и Јован Крајевски под раководство на м-р Миле Јованов и Бојан Костадинов е една од 78-те репрезентации кои учествуваа оваа година, а натпреварувачите се натпреваруваа во конкуренција од 301 натпреварувач.
Подобрувајќи го успехот од претходната година, македонските натпреварувачи освоија 2 бронзени медали и две специјални пофалби. Со тоа, годинешниот успех за Македонија е најголемиот успех досега на ИОИ.
Претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), м-р Миле Јованов, по повод успехот на репрезентацијата рече: „Здружението на информатичарите на Македонија редовно организира натпревари за избор на најдобрите ученици за учество на интернационалните натпревари. Сепак, натпреварите во Македонија не претставуваат само избор, туку тие се една долготрајна целогодишна активност која се обидува да привлече што поголем број ученици од основните и средните училишта и го подига нивното ниво на знаења во областа на програмирањето и алгоритамските вештини. Затоа, овој голем успех не може да се смета за случаен, туку е резултат на напорната работа која ја работат ентузијастите во ЗИМ.
Имаме големи планови за претстојната учебна година која набрзо почнува и се надевам дека ќе успееме да обезбедиме финансии за спроведување на предвидените активности. Оваа година, одреден дел од нашите активности (билети за патување) беа покриени од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ – ФИНКИ, Град Скопје, Природно – математичкиот факултет при УКИМ и компаниите Сивус, Нетцетера и Мајкрософт, а значаен дел беа спроведени со волонтерско учество на неколкумина членови на ЗИМ”.
Македонскиот тим со две бронзи на Интернационалната Олимпијада по Информатика Read More »
Здружението на информатичарите на Македонија, во соработка со компанијата Сивус обезбеди бесплатно учество на летна школа која Сивус ја организира по втор пат.
Школата треба да се одржи во периодот 20-26.08 во хотел Монтана, Крушево.
Од страна на ЗИМ, за учесници на школата се предложени најдобрите натпреварувачи и тоа: сите поканети учесници на Македонската олимпијада по информатика, како и средношколците од најдобрите натпреварувачи на Државниот натпревар за почетничка група.
Сите поканети учесници се известени за тоа со е-порака пратена на е-адресата од системот МЕНДО.
На сите им честитаме на наградата и им посакуваме успех на интервјуто во Сивус, за учество на школата.
Летна школа за најдобрите натпреварувачи Read More »
Конечни резултати од регионалниот натпревар
Листа на поканети учесници на државниот натпревар
Почитувани натпреварувачи,
РЕГИОНАЛНИОТ натпревар по информатика за учесниците од почетничка група ќе се одвива електронски. Заради тоа, потребно е да го направите следното:
На 06 мај 2011 година, Вие треба да си обезбедите „работно место“ во периодот од 9:45 часот до 13:45 часот. Значи, треба да имате компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работите и кој има пристап до интернет. Доколку е тоа потребно, организирајте се со вашиот ментор да ви овозможи учество на регионалниот натпревар од вашето училиште. Можете да се натпреварувате и од дома.
Натпреварот ќе се спроведе преку системот за електронски натпревари. Учесници може да бидат сите оние кои испратиле решение на барем една задача на барем еден од претходните електронски натпревари, без разлика колку поени освоиле досега.
За сите учесници натпреварот започнува во 10:00 и трае до 13:30 часот – значи вкупно 3,5 часа. За време на првите 100 минути од натпреварот (до 11:40) можете да поставувате прашања. Прашањата ќе бидат одговорени најдоцна до 12:15. Се очекува резултатите да бидат објавени најдоцна 4 часа по завршувањето на натпреварот.
Доколку имате забелешки на резултатите, може вашите приговори преку вашите ментори да ги доставите во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде мислите дека има проблем. Приговорите се поднесуваат на ист начин како и за електронските натпревари, значи преку делот за поставување на прашања.
Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата објавени на почетната страна на системот и на веб-сајтот на ЗИМ, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.
Приговорите ќе бидат разгледани во рок од 3 ДЕНА и потоа ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и списокот на потенцијалните натпреварувачи за ДРЖАВНИОТ натпревар.
ЗНАЧАЈНИ ПРАВИЛА:
Резултатите од натпреварот треба да го отсликуваат Вашето знаење. Затоа решенијата кои ќе ги предадете нека бидат ваши. На државниот натпревар ќе се пласираат само учениците за кои ќе бидеме сигурни дека доставиле нивни решенија на задачите.
Ви посакуваме успех на натпреварот!
Скопје, 30.04.2011
Комисија за натпревари по информатика 2011