ЛИСТА НА ПОКАНЕТИ УЧЕСНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2012

Државниот натпревар ќе се одржи во Скопје во термин 27-29.04, при што првиот ден е ден за пристигнување на учесниците кои доаѓаат од другите градови, вториот ден е работниот ден, а третиот ден е ден на доделување на награди и признанија.

Сите ученици за да може да учествуваат на натпреварот мора да бидат пријавени од нивните ментори (или од некој професор од училиштето во кое што учат) на адресата natprevar @ cs.org.mk најдоцна до 19.04 до 15 часот.

Менторите мора да наведат експлицитна листа на учесници со сите нивни податоци. За учениците од другите градови менторите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да наведат дали ќе треба и за колкумина од учениците ќе треба да се обезбеди сместување кај нивни другари од средните училишта од Скопје.

Учениците кај кои дел од податоците се означени со црвено МОРА да ги променат/дополнат податоците за истите да се вистински и/или во формат на податоците на останатите ученици. Доколку неточни податоци има кај други учесници, и тие треба да го сторат истото. Сите промени мора да се направат најдоцна до 19.04 до 15 часот директно во системот МЕНДО.
Понатамошната комуникација околу претстојниот натпревар ќе се одвива преку е-пошта со менторите.

Листа на директно и индиректно поканети учесници, која е составена со (по редослед) земање предвид на резултатите од регионалниот натпревар, бројот на решени задачи од тренинг делот, бројност на ученици од дадено училиште и забележани нерегуларности при прегледување на решенијата, како и давање на шанса на по еден ученик од скоро секое училиште особено ако се работи за помлад натпреварувач: