FINKI Admin

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2013

ПРОГРАМА НА XVII МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО   ИНФОРМАТИКА
КРАТОВО 2013
Натпреварувачи Ментори
12. април 2013 год. (Петок)
9:00-13:30 Пристигнување на учесниците во СОУ Гимназија „Митко Пенџуклиски“ – Кратово и нивно сместување
13:45 – 13:55 Сместување   на натпреварувачите во кабинет за натпревар 13:30 –   17:45 Слободно   време за сместување и индивидуален разглед на градот
– во училишниот кабинет по информатика
14:00 – 18:00 Тек   на натпреварот – Ден 1
– во училишниот кабинет по информатика
18:00 – 18:15 Сместување на учениците од другите градови кои пристигнале подоцна
кај ученици – домаќини
19:00 – 21:00

Церемонија за отворање на натпреварот (со презентација на најдобрите проекти од учесниците од основните училишта и презентација на освоените поени од прв натпревар за учесниците на МОИ)

во фоајето на Гимназијата

13. април 2013 год. (Сабота)
10:30 – 12:15 Организиран разглед на градот
12:30 – 13:30 Ручек
во фоајето на Гимназијата
14:00 – 18:00 Тек   на натпреварот – Ден 2 14:30 –   17:30 Слободно   време
– во училишниот кабинет по информатика
18:45 – 19:00 Презентација за објавување на резултатите
19:30 Слободна   вечер за дружење и запознавање на градот 20:30 Свечена   вечера
14. април 2013 год. (Недела)
11:30 – 12:30 Објавување резултати, доделување награди,  дипломи, пофалби и признанија
во просториите на Гимназијата

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2013 Read More »

Избор на екипи за интернационалните натпревари

Во Понеделник (22.04.2013) беше организиран дополнителен изборен натпревар, со цел – избор на екипите што ќе ја претставуваат Македонија на годинешните интернационални натпревари (Интернационалната Олимпијада по Информатика, Балканската Олимпијада по Информатика и Јуниорската Балканска Олимпијада по Информатика).

Натпреварот се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет (долна зграда – приземје), со почеток во 14 часот, и траеше 4 часа.

На овој натпревар учествуваа дванаесетте најдобропласирани натпреварувачи од претходно одржаната XVII Македонска Олимпијада по Информатика.

Избор на екипи за интернационалните натпревари Read More »

МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2013

  • Рангирањето на натпреварувачите за избор на екипи за меѓународните натпревари по информатика (Балканската Олимпијада по информатика – понатаму БОИ, и Интернационална Олимпијада по информатика – понатаму ИОИ), се врши од резултатите на Македонската Олимпијада по информатика и изборните натпревари и подготовки кои, евентуално, ќе бидат организирани од страна на Здружението на информатичари на Македонија.
  • Регионалниот и државниот натпревар не влијаат на рангирањето на натпреварувачите, бидејќи кај нив постојат повеќе натпреварувачки групи со различни задачи и поени.
  • Рангирањето се врши на начин што МОИ влијае со 600 поени (или 1000, доколку се организира во два натпреварувачки дена), додека секој изборен натпревар посебно влијае со 400 поени.
    НатпреварПоени
    Македонска Олимпијада по информатика600/1000
    изборен натпревар (секој посебно400
  • Според ранг листата Комисијата формира екипи за учество на меѓународните натпревари. Најдобро пласираниот натпреварувач на ранг листата обезбедува учество во екипите за двата натпревара.
  • Резултатот на првиот меѓународен натпревар (БОИ или ИОИ) од тековната година, доколку техничките можности го дозволат тоа (визи, авионски карти и слично), може да влијае на составот на екипа за следниот меѓународен натпревар од тековната година. Притоа се применува правилото на евентуална замена: “Натпреварувачот А кој е вклучен во екипата за учество може да биде заменет од натпреварувачот Б кој: 1) не е во екипата за учество, 2) е во можност да учествува на натпреварот и, 3) учествувал на претходниот меѓународен натпревар заедно со А и постигнал подобар резултат од А.”
  • Секој натпреварувач кој е одбран за да ја претставува Македонија на БОИ или ИОИ е должен или да земе учество на соодветниот меѓународен натпревар за кој е избран, или да пријави дека не сака или не е во можност да го направи тоа во дадениот рок по објавувањето на екипите за учество.
  • Во случај на откриени пропусти или грешки во организацијата на натпреварите (грешка во одредена задача, погрешни тест-случаи, откривање на повеќе идентични решенија – решавање во група, и други околности за кои одлучува комисијата за натпревари), можно е да се изврши промена на начинот на бодување, ранг листата и екипите.
  • Чесноста и доличното однесување на натпреварувачите во текот на целиот циклус, може позитивно да влијае на мислењето на Комисијата. Обратното може да предизвика отстранување од ранг листа, отстранување од екипа или отстранување од циклусот на натпревари.
    За нечесно однесување ќе се смета, но не е ограничено на тоа, решавање на задача за друг, презентирање на туѓо решение како свое, каков било обид за изигрување на системот (во своја корист или туѓа штета, на пример).
    За недолично однесување ќе се смета, но не е ограничено на тоа, нарушување на редот за време на натпреварот (од пристигнување на местото на натпреварот, до конечно напуштање на истото), општоприфатено недолично однесување во градот – домаќин на натпреварот, недолични електронски и/или директни коментари кон сите чинители во системот на натпреварите (останатите натпреварувачи, спроведувачите на натпреварите, претставниците на спонзорите, …).

Конечни резултати и листа на поканети учесници за учество на интернационалните натпревари 2013

МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2013 Read More »

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2013

Програма на XXIV Државен натпревар по информатика,

СКОПЈЕ 2013

НатпреварувачиМентори
31. март 2013 год. (недела)
до 9:45

Пристигнување на учесниците во зградата на Технолошко – металуршкиот факултет (ТМФ), простории на ФИНКИ

 до 10:00 Пријава на учесниците пред амфитеатарот на ТМФ
10:00 – 10:30

Официјално отворање на натпреварот

Амфитеатар на ТМФ

10:30 – 10:45 Сместување на натпреварувачите во лаборатории
во лабораториите на ФИНКИ на првиот кат (простории 200 и 215) и во лабораториите на СЕМОС едукација
11:15 – 12:45 Работилница – „Изменети наставни програми по информатика“
во бифе на ТМФ – подрум
10:45/11:15 – 13:15 Тек на натпреварот
– во лабораториите на ФИНКИ во долната зграда и во лабораториите на СЕМОС едукација
12:45 – 13:30 Ручек
13:30 – 14:15

Ручек

– бифе ТМФ (подрум)

14:20 – 14:50 Презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ
во просторија 117, приземје
14:50 Објавување на резултати
пред просторија 200
15:00 – 15:10 Поднесување на приговори
пред просторија 200
15:10 – 15:40 Разгледување на приговорите
во просторија 200
16:15 – 17:30

Објавување резултати, доделување награди, дипломи, пофалби и признанија

 – во амфитеатарот во Технолошко-металуршкиот факултет

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2013 Read More »

XXIV ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА 30-31.03.2013

Државниот натпревар се одржа во просториите на ФИНКИ сместени на Технолошко-металуршкиот факултет, и во просториите на „Семос едукација“ во Скопје.
 
Учествуваа вкупно 113 натпреварувачи, од кои 23 во напредна група, 70 во основна група и 20 во почетничка група.
 
Спонзори на натпреварот беа ФИНКИ„Семос едукација“ и ИНФОСОФТ.

XXIV ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА 30-31.03.2013 Read More »

XVII МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА, 12-14.04.2013

XVII Македонска Олимпијада по Информатика се одржа од 12.04.2013 (Петок) до 14.04.2013 (Недела), во СОУ Гимназија „Митко Пенџуклиски“ – Кратово.

Поканети учесници на Македонска Олимпијада 2013

Агенда за Македонска Олимпијада по Информатика 2013

Резултати од Македонска Олимпијада по Информатика 2013

XVII МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА, 12-14.04.2013 Read More »