Од 19.06.2021 до 25.06.2021, во облик на онлајн натпревар, се одржа 33-тата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2021).
Македонија на ИОИ 2021 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Благојче Павлески, Андреј Шекеров, Тео Китановски и Марко Таневски, како и лидерите м-р Емил Станков и Мартин Динев.
Од 15.12.2021 до 17.12.2021, во облик на онлајн натпревар, се одржа деветтиот по ред интернационален натпревар во програмирање „Romanian Master of Informatics“ (RMI 2021).
Во организација на ЗИМ, Македонија на RMI 2021 ја претставуваше тим составен од натпреварувачите Тео Китановски, Благојче Павлески, Сара Стефановска и Марко Таневски, како и лидерите д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков.
Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.
Oлимпијадите се одржаа во петок 23.4 (петок), во периодот од 11:30 до 16:00 часот, во просториите на ФИНКИ.
Решавањето задачи за МОИ траеше 210 минути, а за МЈОИ 180 минути.
Заради ковид протоколите, се очекува учениците да дојдат пред влезот на просториите на ФИНКИ на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, во 11:10 часот. Заради запазување на протоколите, влегувањето во зградата на факултетот ќе биде дозволен само после измерена температура на секој од учесниците и менторите. По мерењето на температурата, учениците треба директно да се упатат во просторијата за натпреварување во која се распределени, на соодветната позиција според објавениот распоред (на линкот тука – активен после 18:00, 21.4). Внимавајте, заради протоколите, централните скали во ТМФ во периодот пред почетокот на натпреварот се користат само во едната насока (од приземје кон првиот спрат), така што, упатете се нагоре единствено ако треба да бидете во просторија 215/215а. Натпреварувачите, за целото време дури се во просторот на факултетот мораат да одржуваат растојание од најмалку 1,5 метри од други лица. Заради должина на натпреварот, ве советуваме да носите и една резервна маска за замена после извесно време. За учесниците ќе биде обезбеден ручек по завршувањето на натпреварот.
Од 24.11.2021 до 29.11.2021, во облик на онлајн натпревар, се одржа XXVIII Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2021). БОИ 2021 се одржа во рамките на XIII Интернационален есенски турнир во програмирање – IATI 2021, кој традиционално се одржува во Шумен, Бугарија.
Македонија на БОИ 2021 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Андреј Шекеров, Благојче Павлески, Марко Таневски и Тео Китановски, како и лидерите Емил Станков и Мартин Динев.
Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.
Од 24.08.2021 до 28.08.2021, во облик на онлајн натпревар, се одржа петтата по ред Европска Јуниорска Олимпијада по Информатика (ЕЈОИ 2021), како и 14-тата по ред Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ 2021).
Македонија на ЕЈОИ 2021 и ЈБОИ 2021 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Давид Каранфилов, Јован Михов, Јована Трифуноска и Сара Стефановска, како и лидерите Миле Јованов и Емил Станков.
Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.