Информации со списоци

Информации за организацијата на државен натпревар

Агенда за XXXIV Државен натпревар по информатика

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Скопје 2023
25март 2023 год. (сабота)
    Натпреварувачи Ментори
          – 10:00 Пристигнување на учесниците во зградата на Технолошко металуршки факултет (ТМФ)
10:00 – 10:15 Пријава на учесниците во холот на приземје
10:15 – 10:45 Официјално отворање на натпреварот во Амфитеатарот на факултетот
10:45 – 11:00 Сместување на натпреварувачите во лаборатории 11:30 – 13:15 Работилница – „Информатика, пред и после корона“
– во лабораториите на првиот кат (простории 200, 215), на приземје (138) и во подрум (13) – во амфитеатар на ФИНКИ, анекс
11:00 – 14:30 Тек на натпреварот 13:30 – 14:30 Ручек
– во лабораториите на ФИНКИ
14:30 – 15:15 Пауза за ручек
15:15 Објавување на резултати
– на страната на натпреварот mendo.mk
15:15 – 15:25 Поднесување на приговори (согласно правилата за приговори)
– просторија 138
15:20 – 15:40 Разгледување на приговорите
– просторија 138
16:00 – 16:40 Презентација за можностите за студирање на ФИНКИ
– во амфитеатар на ТМФ
17:00 – 17:40 Церемонија за доделување на дипломи, пофалби, награди, и признанија за учесниците на натпреварот – во амфитеатар на ТМФ

Информации за организацијата на државен натпревар Read More »

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2023

Почитувани ученици и ментори,

Регионалниот натпревар годинава, според усогласениот календар со другите научни здруженија, ќе се одржи на 11.03. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи на повеќе локации.

Распоредот кој ученик на која локација се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници. Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.

 

ВАЖНИ информации

  • Натпреварите во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mkЗа да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
  • Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество – број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште – тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар по ментори од училиштето во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
  • Годинава, секое средно училиште може да учествува со 3 натпреварувачи (а=3), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b за училиштата, пресметан според минатогодишните резултати, е даден во листата подолу.
  • Училиштата-домаќини имаат право на најмногу еден дополнителен натпреварувач. Заради вонредните пандемиски услови, секое училиште кое има пријавено повеќе од еден натпреварувач треба да е подготвено да биде домаќин на одреден број учесници (барем 10). За нив ќе треба да обезбеди просторија (простории) со компјутер со интернет пристап само до mendo.mk и видео надзор (може и од камера од лаптоп) за време на траење на натпреварот.
  • Пријавувањето на учесници годинава се врши со пополнување на следната форма за секој учесник од училиштето (се пополнуваат: име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и име, е-адреса и контакт телефон до одговорниот професор. Тоа мора да е направено најдоцна до среда (01.03.2023) до 16:00.
  • Програмски јазик кој може да го користат учесниците е С++.
  • Во вторник (28.02.2023) со почеток од 17:00 часот ќе биде одржан т.н. училишен натпревар. Тој има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат, за него нема да се објави ранг листа со резултати, но е задолжителен и ученик кој не бил на училишниот натпревар нема да може да учествува на регионалниот натпревар. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, а менторите треба да ги видат индивидуално кај секој од учениците. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни одделенија/години. Менторите преземаат обврска да гарантираат дека нивните ученици учествувале на натпреварот чесно, така што натпреварот ќе го организираат во училиштето или ќе ја надгледуваат активноста на учениците електронски.
  • Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може  да се пријави преку училиштето/менторот за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари) или тоа може да го направи лично на natprevarATcs.org.mk. Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 04.03 треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: – цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2023; – износ: 1500 денари.

Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати

Име на училиштеГрад на училиштетоДополнителни места (b=)
Меѓународни Училишта НОВАСкопје2
ОСУ „Ацо Русковски”Берово1
ДСУ Математичко информатичка гимназијаСкопје17
СУГС „Орце Николов“Скопје2
ООУ „Ванчо Прке“ – ШтипШтип1
ООУ „Ѓорѓија Пулевски“Скопје1
ООУ „11 Октомври“Скопје1
Семос ЕдукацијаСкопје2
ПСУ „Јахја Кемал“Скопје7
ПСУ „Јахја Кемал“Струга2
ООУ„Климент Охридски“Прилеп1
ОOУ „Единство“Гостивар1
СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“Скопје1
ООУ„Наум Наумовски Борче“Скопје1
Центар за едукација КругПрилеп1
СОУ Гимназија „Сами Фрашери“Куманово1
СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“Штип1
СУГС Гимназија „Никола Карев“Скопје1
ОСУ „Св. Климент Охридски“Охрид1
СОУ Гимназија „Добри Даскалов“Кавадарци1
ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“Прилеп2
ООУ „Никола Карев“Радовиш1
ООУ „Сандо Масев“Струмица1
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“Прилеп3
СОУ „Јане Сандански“Струмица2
СОУ „Коста Сусинов“Радовиш1
СОУ Гимназија „Гоце Делчев “Куманово1
СОУ „Наум Наумовски-Борче“Пробиштип1
СОТУ „Ѓорѓи Наумов“Битола1
СОУ „Никола Карев“Струмица1
ООУ „Браќа Миладиновци“Куманово1
ООУ „Кочо Рацин”Куманово1
ООУ „Кирил Пејчиновиќ“Скопје1
ООУ „Гоце Делчев“ – ПрилепПрилеп1
ООУ „Димитар Миладинов“Скопје1
ООУ „Никола Вапцаров“Струмица1
ПОУ „Јахја Кемал“Скопје1

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2023 Read More »