Информации со списоци

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2025

Почитувани ученици и ментори,

Регионалниот натпревар годинава, според усогласениот календар со другите научни здруженија, ќе се одржи на 01.03. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи на повеќе локации.

Распоредот кој ученик на која локација се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници. Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.

 

ВАЖНИ информации

  • Натпреварите во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mkЗа да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
  • Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество – број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште – тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар по ментори од училиштето во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
  • Годинава, секое средно училиште може да учествува со 3 натпреварувачи (а=3), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b за училиштата, пресметан според минатогодишните резултати, е даден во листата подолу.
  • Училиштата-домаќини имаат право на најмногу два дополнителни натпреварувачи. Секое училиште кое има пријавено повеќе од еден натпреварувач треба да е подготвено да биде домаќин на одреден број учесници (барем 10). За нив ќе треба да обезбеди просторија (простории) со компјутер со интернет пристап само до mendo.mk и видео надзор (може и од камера од лаптоп) за време на траење на натпреварот.
  • Пријавувањето на учесници годинава се врши со пополнување на следната форма за секој учесник од училиштето (се пополнуваат: име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и име, е-адреса и контакт телефон до одговорниот професор. Тоа мора да е направено најдоцна до понеделник (24.02.2025) до 19:00.
  • Програмски јазик кој може да го користат учесниците е С++.
  • Во понеделник (24.02.2025) со почеток од 11:00 часот ќе биде одржан т.н. училишен натпревар. Тој има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат, за него нема да се објави ранг листа со резултати, но е задолжителен и ученик кој не бил на училишниот натпревар нема да може да учествува на регионалниот натпревар. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, а менторите треба да ги видат индивидуално кај секој од учениците. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни одделенија/години. Менторите преземаат обврска да гарантираат дека нивните ученици учествувале на натпреварот чесно, така што натпреварот ќе го организираат во училиштето или ќе ја надгледуваат активноста на учениците електронски.
  • Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може  да се пријави преку училиштето/менторот за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари) или тоа може да го направи лично на natprevarATcs.org.mk. Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 26.02 до 12 часот треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: – цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2025; – износ: 1500 денари.

Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати

Име на училиштеГрад на училиштето

Дополнителни места (b=)

ООУ „Гоце Делчев“Битола1
СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“Битола1
СОУ Гимназија „Кочо Рацин“Велес1
ОУ „Владо Кантарџиев“Гевгелија1
ОСТУ „Гостивар“Гостивар1
ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“Кавадарци1
ОУ „Св. Кирил и Методиј“Кочани1
СОУ „Љупчо Сантов“Кочани1
ООУ „Свети Јоаким Крчовски“Крива Паланка1
ОСТУ „Наце Буѓони“Куманово1
ООУ „Блаже Конески“Прилеп1
ООУ „Кочо Рацин“Прилеп1
СОУ „Коста Сусинов“Радовиш1
ООУ „Свети Кирил и Методиј“Свети Николе1
ООУ „Браќа Миладиновци“Скопје1
ООУ „Ѓорѓија Пулевски“Скопје1
ООУ „Кирил Пејчиновиќ“Скопје1
ООУ „Наум Наумовски Борче“Скопје1
ООУ „Наум Наумовски Борче“Скопје1
Семос едукацијаСкопје1
СЕТУГС „Михајло Пупин“Скопје1
СУГС „Георги Димитров“Скопје1
СУГС Гимназија „Орце Николов“Скопје1
ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“Струмица1
СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“Штип1
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“Куманово2
ООУ „Климент Охридски“Прилеп2
ООУ „11 Октомври“Скопје2
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски- Корчагин“Скопје2
ООУ „Видое Подгорец“Струмица2
ООУ „Никола Вапцаров“Струмица2
ПОУ „Јахја Кемал“Скопје3
ПСУ „Јахја Кемал“Скопје3
ПСУ „Јахја Кемал“Струга3
СОУ „Јане Сандански“Струмица3
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“Прилеп5
ДСУ Математичко – информатичка гимназијаСкопје22

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2025 Read More »

Известување за ученици кои продолжуваат на изборни подготовки

Име на училиште Град на училиштето Име и презиме Клас Група за подготовки
ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Скопје Никола Стојковски 9 А
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани Владимир Грчев 8 А
ООУ „Видое Подгорец“ Струмица Марко Кренков 8 Б
ООУ „Браќа Миладиновци“ Скопје Јаков Грујовски 7 Б
ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ Скопје Бисера Илиева 9 Б
ПОУ „Јахја Кемал“ Скопје Никола Стевков 9 Б
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп Благој Рујаноски Стојановски II А
ДСУ Математичко – информатичка гимназија Скопје Дамјан Давков II А
ОСТУ „Гостивар“ Гостивар Виктор Максимоски I А
ПСУ „Јахја Кемал“ Струга Атина Рувинова III А
ДСУ Математичко – информатичка гимназија Скопје Ивано Божиновски I Б
ДСУ Математичко – информатичка гимназија Скопје Леонид Цуклев II Б
ДСУ Математичко – информатичка гимназија Скопје Јован Михов III А
ДСУ Математичко – информатичка гимназија Скопје Јована Трифуноска IV А
ДСУ Математичко – информатичка гимназија Скопје Сара Стефановска III А
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово Ева Димитриевска IV А
СУГС „Георги Димитров“ Скопје Ања Јаковска I Б
ДСУ Математичко – информатичка гимназија Скопје Антонела Владева III А

Според постигнатите успеси на М(Ј)ОИ и останатите натпреварите што се одржуваа, формирана е листата на ученици кои се поканети да продолжат со подготовки бесплатно. До дополнителните селекции што следуваат, ќе се одржат 4 термини, а понатаму ќе продолжат само тие што ќе влезат во тимовите за интернационалните натпревари.

Доколку некој не е поканет, а сака да се вклучи во понатамошните подготовки, може да се пријави со порака на natprevar@cs.org.mk. Предвидени се 7 термини, а цената за учество е 7000 денари.

Подготовките ќе се одржуваат претежно во живо во просториите на ФИНКИ, а ќе се дозволи следење на одреден број на часови online. Учеството на подготовките е задолжително.

Подготовки продолжуваат во сабота 20.4.2024, online – во соодветните канали на Discord, почнувајќи од 16:00 часот и ќе траат до 20:00 часот.

*проверете си на Discord дали ги гледате каналите А.2 и Б.2 според тоа во која група сте доделени

Известување за ученици кои продолжуваат на изборни подготовки Read More »

ПРОГРАМА НА XXVIII МАКЕДОНСКА (ЈУНИОРСКА) ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА

ПРОГРАМА НА XXVIII МАКЕДОНСКА (ЈУНИОРСКА) ОЛИМПИЈАДА ПО  ИНФОРМАТИКА
СКОПЈЕ 2024
Натпреварувачи Ментори
16. април 2024 год. (вторник)
-12:30 Пристигнување на учесниците во просториите на ФИНКИ (зграда на TМФ)
12:30 – 12:45 Сместување на натпреварувачите во просторијата за натпревар, запознавање со околината и свечено обраќање на почетокот на натпреварот 12:45 –   16:45 Слободно време
– просторија 138
12:45 – 16:45 Тек на натпреварот – Ден 1

– просторија 138

 

16:50 – Објавување на резултатите од првиот ден
Тест мод и евентуални технички приговори
17. април 2024 год. (среда)
9:45 – 10:00 Пристигнување на учесниците во просториите на ФИНКИ и сместување на натпреварувачите во просторијата за натпревар
10:00 – 14:30 Тек на натпреварот – Ден 2 10:00 –   14:30 Слободно време
– просторија 200аб
14:30 – 15:15 Ручек
15:10 Објавување на резултатите и евентуални технички приговори
15:30 – 16:00 Доделување медали, дипломи и признанија
– во амфитеатар на ФИНКИ

ПРОГРАМА НА XXVIII МАКЕДОНСКА (ЈУНИОРСКА) ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА Read More »