FINKI Admin

Дабар 2017

Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) и годинава се придружува кон напорите за промовирање на информатиката и алгоритамското размислување на учениците од основното и средното образование, и по трет пат го организираше интернационалниот натпревар ДАБАР. Истиот се одржува во преку 50 држави во светот.

По минатогодишниот успех, кога над 200 училишта и околу 20 000 ученици и наставници од нашата држава земаа учество на натпреварот, со што Македонија беше помеѓу државите со (процентуално) најголем број на учесници, Ве повикуваме и годинава да се вклучите во активноста.

Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со 3то одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот е исклучително популарен, се спроведува во многу држави и има добиено повеќе признанија и награди на разни научни конференции. Задачите кои им се даваат на учениците се создадени со цел да ги мотивираат истите да размислуваат за принципите, идеите и концептите поврзани со информатиката и технологијата. Натпреварот се спроведува на училишните компјутери, како едноставна наставна активност во рамките на еден наставен час (според можностите, секој клас може да учествува во различен термин).

Во Македонија, Дабар се одржа во периодот 13-17 ноември 2017. Регистрацијата за натпреварот е едноставна и трае само 1-3 минути, а за спроведување на натпреварот не е потребна никаква подготовка на компјутерите или инсталација на дополнителни програми и алатки. За да се учествува во натпреварот, за секое училиште доволно е ЕДНО лице да изврши регистрација за натпреварот преку пристапување на сајтот talent.mk. Регистрацијата беше отворена до 11.11.2017. По регистрацијата, лицето ќе добие упатство за спроведување на настанот (краток документ).

Сите учесници (ментори, ученици и поддржувачи) добија сертификати, по е-маил, по завршување на натпреварот. На сајтот на Дабар 2017 е објавена и листа на училиштата кои земаа учество, како благодарност за нивната поддршка за промовирањето на натпреварот и науката.

ЗИМ и годинава овозможи учеството на натпреварувачите да е бесплатно. Со цел да ја промовираме оваа активност и во Република Македонија, се надеваме на поддршка од сите основни и средни училишта во Македонија. На тој начин, заедно можеме да ги промовираме компјутерските науки кај учениците, со што ќе придонесеме за нивниот развој, како и за развојот на нашата држава.

Сите информации кои не можат да се најдат на сајтот talent.mk може да ги побарате на dabar.makedonija@gmail.com

Дабар 2017 Read More »

Прва Европска Јуниорска Олимпијада по Информатика (ЕЈОИ 2017)

Од 07.09.2017 до 13.09.2017, во Софија, Бугарија, се одржа првата Европска Јуниорска Олимпијада по Информатика (ЕЈОИ 2017).

Македонија на ЕЈОИ 2017 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Даријан Шеќеров, Благојче Павлески, Благоја Овезоски и Кристина Тасева, како и лидерите Миле Јованов и Емил Станков.

Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.

Прва Европска Јуниорска Олимпијада по Информатика (ЕЈОИ 2017) Read More »

Три медали за Македонија на ЈБОИ 2017 и еден медал на ЕЈОИ 2017

И јуниорите-информатичари успешни годинава: Три медали на Јуниорската балканска олимпијада по информатика, и еден медал на Европската јуниорска олимпијада по информатика

 
На 11-тата по ред Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2017), која од 7-ми до 13-ти септември се одржа во Софија, Бугарија, младите македонски ученици – информатичари постигнаа нов одличен успех, освојувајќи три бронзени медали. Медалите за Македонија на ова натпреварување ги освоија Даријан Шеќеров од Скопје, Благоја Овезоски од Прилеп и Кристина Тасева од Скопје, а четврти член на македонскиот тим беше Благојче Павлески од Прилеп. Тимот беше раководен од лидерите, д-р Миле Јованов и м-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Овие ученици беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, кој што редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 28-ми пат.
 
На годинешната Јуниорска балканска олимпијада по информатика учествуваа тимови составени од најмногу четири натпреварувачи – ученици до 15,5 години, од следните девет балкански земји: Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Молдавија, Кипар, Романија, Србија и Словенија.
 
По урнекот на досегашните јуниорски балкански олимпијади, оваа година за прв пат се организираше и Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ), која се одржа заедно со ЈБОИ 2017 во Софија, Бугарија. Примарна цел на овој значаен и елитен едукативен настан е да се поттикне интересот за информатиката кај децата од помала возраст во сите земји од Европа, како и да се овозможи на најдобрите европски млади таленти на возраст до 15,5 години да ги покажат знаењата и вештините кои што веќе ги стекнале во оваа област, а поконкретно во програмирањето. Секоја земја на олимпијадата учествува со тим кој се состои од 4 натпреварувачи, лидер и заменик лидер на тимот. Учениците се натпреваруваат во решавање на алгоритамски проблеми во два натпреварувачки дена.
 
На оваа европска олимпијада учествуваа вкупно 85 ученици од 22 европски земји. Балканските земји, кои истовремено учествуваа и на двата паралелни настани, беа претставени со истиот тим и на едниот и на другиот настан. Во исклучително силната конкуренција, покрај трите освоени медали на јуниорската балканска олимпијада, македонскиот тим освои и еден бронзен медал на ЕЈОИ 2017. Освојувач на медалот е ученикот Даријан Шеќеров. Овој успех на нашиот тим уште еднаш потврдува дека Македонија има подмладок кој поседува знаење со кое што може да се носи рамо до рамо со врсниците од цела Европа, и дека професорите од Здружението на информатичарите на Македонија кои волонтерски се вклучени во организирањето на македонските натпревари и подготовката на учениците успешно ги подготвуваат за интернационалните натпревари. Овогодинешното учество на овие натпревари е помогнато од Фондацијата Телеком за Македонија, која ги покри патните трошоци на македонските натпреварувачи.
 
Следната, втора по ред, Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2018) ќе се одржи во Русија, додека пак следната, 12-та по ред, Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2018) ќе се одржи во Романија.
 
Веб страна за ЕЈОИ 2017: http://ejoi.org

Три медали за Македонија на ЈБОИ 2017 и еден медал на ЕЈОИ 2017 Read More »

Бронзен медал на ИОИ 2017

Бронзениот медал го освои Филип Михов.

Македонските средношколци – информатичари постигнаа уште еден значаен успех, освојувајќи бронзен медал на 29-тата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ), која од 28-ми Јули до 4-ти Август се одржа во Техеран, Иран. На овој најпрестижен натпревар од областа на програмирањето за средношколци ширум целиот свет, Македонија учествуваше со тим составен од натпреварувачите Владимир Максимовски, Филип Михов, Димитар Бајрактаров и Марко Ќаласан, предводени од лидерите, д-р Марија Михова и д-р Кире Триводалиев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Овие ученици беа избрани во целогодишен циклус натпревари кој е редовно организиран од Здружението на информатичарите на Македонија, а оваа година се одржуваше по 28-ми пат.

ИОИ е врвниот годишен интернационален натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите – членки на ИОИ заедницата. Во речиси 90 држави од светот секоја година се организираат национални натпревари во програмирање. На овие натпревари учествуваат огромен број ученици, сите со единствена желба – да се изборат за големата чест и привилегија да ја претставуваат својата држава на ИОИ.

На ИОИ 2017 учествуваа вкупно 304 ученици од 82 земји од целиот свет. Во оваа исклучително силна конкуренција, бронзениот медал за Македонија го освои 17-годишниот Филип Михов. Треба да се напомене дека и останатите тројца наши натпреварувачи постигнаа забележителни резултати, при што Димитар Бајрактаров беше на дофат на освојување на бронзен медал – од овој извонреден резултат го делеа само 3 поени.

Во изјавата на претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, д-р Миле Јованов, кој е и член на Интернационалниот Комитет на олимпијадата, се вели: „Со остварениот резултат, младите наши ученици уште еднаш, по кој знае кој пат, покажаа дека Македонија треба да биде горда на нив. Почнувајќи од 2010 година, нашите претставници на ИОИ континуирано постигнуваат одлични резултати, освојувајќи медали речиси секоја година. Ова потврдува дека со знаењето од областа на компјутерските науки кое го стекнуваат нашите најдобри ученици, а кое редовно го демонстрираат на интернационалните информатички олимпијади, несомнено се на рамниште со најдобрите ученици во светот. Од првото учество како независна држава на ИОИ во 1996 година, Македонија досега има освоено 1 сребрен и 15 бронзени медали – резултат кој ја става пред цела низа од земји учеснички. Со континуирано залагање, редовно учествуваме под уставното име, а годишното учество беше помогнато од неколку општествено одговорни компании и од Фондацијата Телеком за Македонија.“.

Следната, 30-та по ред, Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2018), ќе се одржи идната година во Токио, Јапонија.

Веб страна за Интернационалната Олимпијада по Информатика 2017: http://ioi2017.org

Бронзен медал на ИОИ 2017 Read More »

ИОИ 2017 во Техеран, Иран

Од 28.07.2017 до 04.08.2017 во Техеран, Иран, се одржа 29-тата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2017).

 

Македонија на ИОИ 2017 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Владимир Максимовски, Филип Михов, Марко Ќаласан и Димитар Бајрактаров, како и лидерите д-р Марија Михова и д-р Кире Триводалиев.

Веб страна за ИОИ 2017: http://ioi2017.org/

ИОИ 2017 во Техеран, Иран Read More »

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2017

ПРОГРАМА НА XXI МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО  ИНФОРМАТИКА
СКОПЈЕ 2017
Натпреварувачи Ментори
21. април 2017 год. (петок)
-12:45 Пристигнување на учесниците во просториите на ФИНКИ (зграда на TМФ)
12:50 – 13:05 Сместување   на натпреварувачите во просторијата за натпревар, запознавање со околината и свечено обраќање на почетокот на натпреварот 16:15 –   16:45

Дискусија за зададените задачи со претставници од комисијата

просторија 37

просторија 138
13:05 – 17:05 Тек   на натпреварот – Ден 1

– просторија 138

17:30 –  Објавување на резултатите од првиот натпревар
Тест мод и евентуални технички приговори 
22. април 2017 год. (сабота)
10:00 – 10:25

Пристигнување на учесниците во просториите на Сорсикс и сместување на натпреварувачите во просторијата за натпревар

– Sorsix
10:30 – 14:30 Тек   на натпреварот – Ден 2 13:30 –   14:00

Дискусија за зададените задачи со претставници од комисијата

 

– Sorsix

14:30 – 15:10 Ручек (Sorsix)
15:10

Објавување на резултатите и евентуални технички приговори

15:20 – 15:50

Научно предавање

16:00 – 16:30 Доделување медали,  дипломи и признанија
во 

Sorsix

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2017 Read More »

Три медали за Македонија на БОИ 2017

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на 25-тата Балканска Олимпијада по Информатика во Молдавија

 
Македонските средношколци повторно докажаа дека Македонија треба да се гордее со нив. На 25-тата по ред Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2017), која од 2-ри до 8-ми јули се одржа во Кишињев, Молдавија, нашите ученици постигнаа нов голем успех остварувајќи одличен резултат. Македонскиот тим на овој престижен натпревар во програмирање, составен од учениците Владимир Максимовски, Мартин Динев, Филип Михов и Марко Ќаласан, предводени од лидерите, д-р Марија Михова и м-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), се закити со еден сребрен и две бронзени медали. Овој резултат претставува повторување на најголемиот успех за Македонија на сите досега одржани Балкански олимпијади, но и потврда дека нашите ученици со стекнатото знаење од областа на компјутерските науки можат да се носат рамо до рамо со своите врсници од регионот, па и пошироко. Балканските ученици редовно се високо пласирани и освојуваат медали на сите интернационални натпревари во програмирање ширум светот.
 
Главен организатор на БОИ 2017 е Министерството за образование на Република Молдавија, а учествуваа вкупно 41 од најдобрите средношколци во областа на информатиката, избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција. Дополнително, како претставници на земја-гостин на БОИ, во неофицијална конкуренција учествуваше и тим од Италија. Во оваа силна конкуренција, сребрениот медал за Македонија го освои Владимир Максимовски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ – Бутел, Скопје, додека бронзените медали ги освоија Мартин Динев, ученик во СОУ „Никола Карев“ – Струмица, како и Филип Михов, ученик во СУГС „Орце Николов “ – Скопје.
 
Претседателот на ЗИМ, д-р Миле Јованов изјави: “Среќен сум што со повеќегодишна упорна работа успеавме да го издигнеме квалитетот на македонските претставници на престижните интернационални натпреварувања на ниво да се рамо до рамо со најдобрите репрезентации, особено земајќи ја предвид големината на нашата земја. Македонија, од земја која пред десетина години беше аутсајдер на ваквите натпреварувања, сега е почитуван член на заедницата со завидни резултати. Почитта кон постигнатото најмногу влијаеше и јас повторно да бидам избран за Претседател на Балканската олимпијада по информатика за нов тригодишен мандат. Благодарен сум за поддршката од Агенцијата за млади и спорт на Македонија, Фондацијата Телеком за Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), кои помогнаа да се оствари ова учество, како и на неколкуте општествено одговорни компании кои редовно не поддржуваат: Семос Едукација, Сорсикс и Докстеам.“
 
Следната, 26-та по ред, Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2018), ќе се одржи идната година во Романија, а најголемиот предизвик за нашите натпреварувачи е претстојната Интернационална олимпијада по информатика, која започнува на 28. Јули во Техеран, Иран.

Веб страна за БОИ 2017: http://www.boi2017.md

Три медали за Македонија на БОИ 2017 Read More »

МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2017

МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2017 Read More »