FINKI Admin

XXV Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2017)

Од 02.07.2017 до 08.07.2017, во Кишињев, Молдавија, се одржа XXV Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2017).

Македонија на БОИ 2017 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Владимир Максимовски, Филип Михов, Мартин Динев и Марко Ќаласан, како и лидерите Емил Станков и Марија Михова.

Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.

XXV Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2017) Read More »

ЈСК Интернационална Олимпијада по Информатика 2017

Владимир Максимовски – апсолутен победник на ЈСК Интернационалната олимпијада по информатика 2017 во Измир

Своето прво учество на регионалниот натпревар по информатика, ЈСК Интернационалната олимпијада по информатика, македонскиот тим го искористи за да ги покаже своите високи квалитети, преку постигнување на извонреден резултат. Имено, во организација на Здружението на информатичарите на Македонија, дел од најдобрите македонски средношколци земаа учество на натпреварот, кој е првиот нивни интернационален настап за оваа година. Тимот е предводен од лидерите, д-р Миле Јованов и Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), факултет кој редовно ги поддржува активностите на најдобрите информатичари.

На натпреварот, ученикот Владимир Максимовски од Штип, инаку ученик во училиштето Јахја Кемал во Скопје, го освои апсолутното прво место преку решавање на сите 10 задачи во рекордно време од 4 часа, а со тоа и златен медал. Веќе следниот натпреварувач не успеа да ги совлада сите проблеми во предвиденото време од 5 часа.

Значаен успех постигнаа и останатите натпреварувачи во кои тренерите од Здружението на информатичари на Македонија го гледаат македонскиот потенцијал за идни успеси на натпреварите кои претстојат годинава: Балканската олимпијада по информатика во Кишињев, Молдавија, на почетокот на јули, како и Интернационалната олимпијада по информатика во Техеран, Иран, на почетокот на август. Учениците Андреј Величковски и Јосиф Тепеѓозов се враќаат со сребрен медали, а Марко ЧаласанИлија ТавчиоскиМартин Динев и Филип Даштевски со бронзени медали.

Натпреварувањето во Измир, Турција, кое се одржува од 17.06 до 21.06, е наменето за земји од балканскиот регион и за земјите кои гравитираат околу Турција. Годинава покрај Македонија, учесници се националните тимови од Азербејџан, Туркменистан и Турција.

 

Веб страна за ЈСК Интернационалната Олимпијада по Информатика 2017: http://www.yskioi2017.org.tr.

ЈСК Интернационална Олимпијада по Информатика 2017 Read More »

МГ Куп 2017

Три сребрени и три бронзени медали за македонските јуниорски информатичари на МГ купот во Белград

 

Годинава, по петти пат, Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) со две екипи учествува на МГ Купот, кој се одржува во периодот 26.06.2017 – 01.07.2017 во Белград, Србија. Од осум македонски јуниорски натпреварувачи, на возраст до 16 години, шестмина се враќаат со освоени медали. Притоа, Андреј Величковски од Куманово, Јосиф Тепеѓозов од Скопје и Благојче Павлески од Прилеп освоија сребрени медали, а Кристина Тасева и Даријан Шекеров од Скопје, како и Благојче Овезоски од Прилеп, со бронзени медали.

 

Успехот на овој натпревар е од големо значење за Македонија и за Здружението на информатичарите, затоа што првиот македонски тим на натпреварувањето по информатика се пласираше на 3-то место во вкупен пласман, веднаш зад два тима од Романија, надминувајќи ги резултатски тимовите од Бугарија, Србија, Русија, Германија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора. МГ купот е престижен натпревар во информатика, математика и физика, на кој годинава учествуваат 30 тимови, односно 120 натпреварувачи од 13 земји од светот.

 

Учествувајќи на овој натпревар, ЗИМ продолжува со подготвувањето на нашите најдобри ученици во областа на програмирањето, за што подобар успех на претстојните: Балканската олимпијада по информатика во Кишињев, Молдавија, на почетокот на јули, Интернационалната олимпијада по информатика во Техеран, Иран, на почетокот на август, како и Европската јуниорска олимпијада по информатика во Софија, Бугарија, во септември. Годинава подготовките ги подржуваат и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)Семос едукација и Сорсикс, а како поддржувачи за патувањата покрај Агенцијата за млади и спорт на Македонија, МИОА, се јавуваат и општествено одговорните Фондација Телеком за Македонија и Докстеам. Системот за подготовка за натпреварите mendo.mk, креиран од Здружението, е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи.

 

Веб страна за МГ Купот 2017: http://www.cup.mg.edu.rs

МГ Куп 2017 Read More »

XI Државен натпревар по информатика за основно образование – апликативни вештини

На 17.05.2017, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје, се одржа XI Државeн натпревар по информатика за основно образование – апликативни вештини. 

XI Државен натпревар по информатика за основно образование – апликативни вештини Read More »

МОИ 2017

XXI Македонска Олимпијада по Информатика се одржа на 21.04.2017 (петок) и 22.04.2017 (сабота), во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и во просториите на Sorsix.

Повеќе информации за натпреварот можете да најдете овде.

МОИ 2017 Read More »

Државен натпревар 2017

На 1 април 2017 година, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје, се одржа XXVIII Државен натпревар по информатика за учениците од средно и основно образование.

Повеќе информации за натпреварот можете да најдете овде.

Државен натпревар 2017 Read More »

Работилница за компјутерско размислување

На 14.06.2017, со почеток во 9:30 часот, ќе се одржи работилница на тема „Computational thinking in relation with IBL: theory and practices“


На покана на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, проф. д-р Егле Јасуте од Литванија, на 14.06. (среда) со почеток во 9:30 часот ќе одржи работилница на тема „Computational thinking in relation with IBL: theory and practices“.
 
Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на ФИНКИ, работниот јазик е англиски, а деталната агенда е дадена подолу.
 
Доколку сте заинтересирани за учество на настанот, можете да се пријавите преку следната многу кратка форма (https://goo.gl/forms/46WirTptLMoIXpW53), најдоцна до 13.06. до 11 часот наутро. Учеството ќе биде можно и бесплатно за првите 30 пријавени.
 
Дополнително, на барање на посетителите ќе може да биде доделен сертификат за проследена обука од Здружението на инфораматичарите на Македонија. Пријавените кои ќе ја изберат опцијата за сертификат дополнително ќе бидат контактирани на внесената е-адреса.
 
Ве покануваме да се пријавите.
——————————————-
Агенда
9.00 – 9.30      Registration
9.30 – 10.00    About Vilnius University (short presentation)
10.00 – 10.30  Computational thinking (short presentation)
10.30 – 10.45  break
10.45 – 12.45  How to improve computational thinking? (short presentation of project Mascil and inquiry based learning in teaching computer science; group work on inquiry based learning; discusssions)
12.45 – 13.30  break
13.30 – 15.00  Computer science unplugged – computational thinking for younger (short introduction; group work on unplugged tasks; discussions)
15.00 – 15.15  break
15.15 – 16.00  Bebras – way to improve computational thinking (short introduction and group work on Bebras tasks)
16.00 – 16.30  Discussions

Работилница за компјутерско размислување Read More »

Ученички институт по математика и информатика

Во рамки на соработката помеѓу Македонската академија на науки и уметности и Бугарската академија на науки и уметности, заедно со Здружението на информатичари на Македонија,Сојузот на Математичари на Македонија и Сојузот на математичари и информатичари на Бугарија се организира заеднички

 

УЧЕНИЧКИ ИНСТИТУТ ПО МАТЕМАТИКА И ИНФОРМАТИКА

 

Целта на Институтот е да организира воведување на младите талентирани ученици за математика и информатика (на возраст до четврта година од средните училишта)  во научно-истражувачка работа. 

Учениците подготвуваат труд на одредена тема од математика/информатика предложена од Институтот, од ментор или самостојно избрана тема. Подготовката е темата е индивидуална или во коавторство со најмногу уште еден автор, самостојно или под раководство на ментор од училиштето.

 

Трудовите ќе бидат рецензирани, и најдобрите автори ќе бидат поканети да ги презентираат трудовите на третата Ученичка конференција по математика и информатика. 

Дополнително,

– 10 автори на трудови ќе добијат стипендии од фирмата SORSIX за школата School of Тhe Future.

– Академијата на науки и уметности и фирмата SORSIX ќе покријат еднонеделно учеството на Летната Школа по Математика и Информатика во Благоевград, Бугарија за 2-5 ученици.

 Трудовите треба да се најават кај Марија Михова,  marija.mihova@finki.ukim.mk до 01.03.2017, со наслов и краток апстракт, па да се подготват и пратат до 10.04.2017.

 

Терминот за одржување на конференцијата ќе биде определен по добивањето на проектите. Прелиминарен термин е 21.04.2017. Побарувањата за изработка на проектот се дадени подолу.

 

Побарувања за изработка на проектот 

Текстот на проектот треба да е напишан на компјутерски едитор на текст (MS Word, LaTeX) на македонски јазик, со обем не помалку од 10 страници и не повеќе од 50 страници, оформен на следниов начин: заглавна страница, резиме на македонски јазик до 100 збора; резиме на англиски јазик до 100 збора. Во резимето треба да биде напишано од која област е проектот и какви се оригиналните придонеси на авторите. Трудот се разделува на глави/секции и започнува со вовед, во кој се формулираат целите и задачите на проектот и се прави кратка анотација на содржината на останатите глави. Проектот завршува со заклучок, во кој се опишува како се постигнати целите, при што се одбележува и придонесот на авторите. На крај се дава список на искористена литература. 

Во проектите по информатика и информациски технологии со апликативен карактер трудот треба да содржи: опис на областа; опис на апликативниот систем (кој не зависи од реализацијата); избор на технички и програмски средства и опис на реализацијата. Во прилог можат да бидат вклучени, програмски код и пример излези. 

Проектите по информатика и информациски технологии треба да бидат придружени со кодот кој е искористен, неопходен за подробното запознавање на рецензентите со разработката.

 

Оценување 

Основни показатели при оценувањето се јасност и последователност на изложеното, оригиналност, коректност на резултатите, отсуство на технички и правописни грешки, прегледност на цртежи и графикони, целосното оформување. 

Презентација 

Времето за презентација е 20-30 мин., кои вклучуваат и 5 минути за прашања, одговори и дискусија. Презентацијата треба да биде кратка и јасна, да дава точна претстава за суштината на проектот и најмногу за придонесот на авторот/те во темата.

Ученички институт по математика и информатика Read More »

Натпревари по информатика 2017

Здружението на информатичарите на Македонија, и оваа година организира циклус на натпревари по информатика. Сите информации поврзани со натпреварите, правилата, датумите и слично, можат да се најдат на веб-сајтот на ЗИМ. Во однос на програмирањето, повеќето натпревари во оваа година (училишен, регионален и државен) ќе се спроведуваат преку системот МЕНДО.

Повеќе информации, како и календарот за натпревари и специфичните правила за бодување се објавени на веб–сајтот на ЗИМ, во делот за натпревари.

Натпревари по информатика 2017 Read More »