Според постигнатите успеси на М(Ј)ОИ и останатите натпреварите што се одржуваа, формирана е листата на ученици кои се поканети да продолжат со подготовки бесплатно. До дополнителните селекции што следуваат, ќе се одржат 4 термини, а понатаму ќе продолжат само тие што ќе влезат во тимовите за интернационалните натпревари.
Доколку некој не е поканет, а сака да се вклучи во понатамошните подготовки, може да се пријави со порака на natprevar@cs.org.mk. Предвидени се 7 термини, а цената за учество е 7000 денари.
Подготовките ќе се одржуваат претежно во живо во просториите на ФИНКИ, а ќе се дозволи следење на одреден број на часови online. Учеството на подготовките е задолжително.
Подготовки продолжуваат во сабота 20.4.2024, online – во соодветните канали на Discord, почнувајќи од 16:00 часот и ќе траат до 20:00 часот.
*проверете си на Discord дали ги гледате каналите А.2 и Б.2 според тоа во која група сте доделени