Последни настани

Еден сребрен и четири бронзени медали за Македонија на ЈБОИ 2012

Македонија освои еден сребрен и четири бронзени медали на годинешната Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика што се одржа во Охрид. Во конкуренција на 30 ученици од 7 земји од Балканот, сребрен медал освои Климент Серафимов, додека бронзени медали освоија Михаил Денковски, Горјан Поповски, Јован Тасев и Никола Полинцев. Ова воедно е најголемиот успех на еден македонски тим на јуниорските балкански олимпијади.

6-та Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика

Македонија беше домаќин на 6-тата по ред Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ).
ЈБОИ 2012 се одржа од 09.-15.08.2012 во Охрид, во организација на ЗИМ. Партнери – поддржувачи на овој настан беа АЕК и ФИНКИ.
Повеќе информации на официјалниот веб сајт на ЈБОИ 2012: http://jboi.cs.org.mk/

Екипи за ЈБОИ

На 6-тата Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ), Македонија ќе ја претставуваат следниве натпреварувачи:

 

Тим А:

Климент Серафимов

Михаил Денковски

Горјан Поповски

Јован Тасев

 

Тим Б:

Никола Полинцев

Никола Анастасовски

Државен натпревар 2012

Од 27-29.04.2012 се одржа Државниот натпревар за учесниците на циклусот натпревари 2012. 

Натпреварот се одржа во просториите на ФИНКИ сместени на Природно-математички факултет и во „Семос Едукација“ во Скопје.

Учествуваа вкупно 96 натпреварувачи, од кои 16 во напредна група, 48 во основна група и 32 во почетничка група.

Спонзори на наградите беа Стопанска БанкаАлкалоид и Ројал Хаус.

Резултатите од Државниот натпревар се објавени овде.

Работилница: „Зошто програмирање“

Од 27-29.04.2012 се одржа Државниот натпревар за учесниците на циклусот натпревари 2012. 

Во рамки на натпреварот во Сабота (28.04.) беше одржана и работилница на тема – „Зошто треба да има програмирање во новите наставни програми по информатика“.

На оваа работилница присуствуваа повеќе членови на ЗИМ.

Македонскиот тим со две бронзи на Интернационалната Олимпијада по Информатика

Бронзените медали ги освоија Предраг Груевски од Битола и Христијан Богоевски од Скопје, ученици во Гимназијата „Јахја Кемал“ од Скопје. Со тоа, годинешниот успех за Македонија е најголемиот успех досега на ИОИ.

 

Премиерот на Тајланд, Абхасит Веџаџива ја отвори 23-тата Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ) која годинава се одржа во Тајланд под покровителство на Нејзиното височество Принцезата Маха Чакри Сириндорн од 22-ри до 29-ти јули. ИОИ е врвниот натпревар во програмирање и алгоритамско размислување на кој редовно учествуваат репрезентации од околу 80 земји во светот.

Македонската репрезентација составена од Предраг Груевски, Христијан Богоевски, Дејан Божиновски и Јован Крајевски под раководство на м-р Миле Јованов и Бојан Костадинов е една од 78-те репрезентации кои учествуваа оваа година, а натпреварувачите се натпреваруваа во конкуренција од 301 натпреварувач.

Подобрувајќи го успехот од претходната година, македонските натпреварувачи освоија 2 бронзени медали и две специјални пофалби. Со тоа, годинешниот успех за Македонија е најголемиот успех досега на ИОИ.

Претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), м-р Миле Јованов, по повод успехот на репрезентацијата рече: „Здружението на информатичарите на Македонија редовно организира натпревари за избор на најдобрите ученици за учество на интернационалните натпревари. Сепак, натпреварите во Македонија не претставуваат само избор, туку тие се една долготрајна целогодишна активност која се обидува да привлече што поголем број ученици од основните и средните училишта и го подига нивното ниво на знаења во областа на програмирањето и алгоритамските вештини. Затоа, овој голем успех не може да се смета за случаен, туку е резултат на напорната работа која ја работат ентузијастите во ЗИМ.

Имаме големи планови за претстојната учебна година која набрзо почнува и се надевам дека ќе успееме да обезбедиме финансии за спроведување на предвидените активности. Оваа година, одреден дел од нашите активности (билети за патување) беа покриени од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ – ФИНКИ, Град Скопје, Природно – математичкиот факултет при УКИМ  и компаниите Сивус, Нетцетера и Мајкрософт, а значаен дел беа спроведени со волонтерско учество на неколкумина членови на ЗИМ”.

 
 

Летна школа за најдобрите натпреварувачи

Здружението на информатичарите на Македонија, во соработка со компанијата Сивус обезбеди бесплатно учество на летна школа која Сивус ја организира по втор пат.

Школата треба да се одржи во периодот 20-26.08 во хотел Монтана, Крушево.

 

Од страна на ЗИМ, за учесници на школата се предложени најдобрите натпреварувачи и тоа: сите поканети учесници на Македонската олимпијада по информатика, како и средношколците од најдобрите натпреварувачи на Државниот натпревар за почетничка група.

Сите поканети учесници се известени за тоа со е-порака пратена на е-адресата од системот МЕНДО.

На сите им честитаме на наградата и им посакуваме успех на интервјуто во Сивус, за учество на школата.

ЗАВРШНИ НАТПРЕВАРИ 2010

Според дискусиите на форумот околу зафатеноста на учениците беше заклучено дека е подобро наместо подготовки да се одржат два натпревара за избор на учесници на интернационалните натпревари.

НАТПРЕВАРИТЕ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ИНФОРМАТИКА (ИИ) И ТОА:

  1. Недела, 06.06.2010 во 12 часот
    (Учениците да бидат во долната зграда на ИИ најдоцна до 11:35)

  2. Четврток, 10.06 во 13:30 часот

НА ПРВИОТ НАТПРЕВАР ТРЕБА ДА ПРИСУСТВУВААТ:

Предраг Груевски

Христијан Богоевски

Младен Димовски

Филип Станковски

Ѓорѓи Јанчески

Никола Фурнаџиски

Дејан Божиновски

Максим Трифуновски

Дениз Џумкар

Јован Андонов

Денис Мазникар

Јован Крајевски


На вториот натпревар ќе учествуваат дел од учениците во зависност од резултатот на првиот натпревар.

Забелешка: Доколку некои учесници на олимпијадата кои не се на оваа листа сакаат дополнително да учествуваат на натпреварите нека напишат е-порака на natprevarATgmail.com.

Засегашната конечна листа е направена со сумирање на резултатите од 4те електронски и Регионалниот натпревар (со коефициент на значајност 0,5), Државниот натпревар (коеф. 1) и Олимпијадата (коеф. 30).

ОБРАЌАЊЕ ПОСЛЕ ЦИКЛУСОТ НАТПРЕВАРИ 2010

НА КРАЈОТ ОД ЦИКЛУСОТ НАТПРЕВАРИ

На крај сме на уште еден циклус натпревари. Во овој циклус од почетокот активно беа вклучени околу 80 натпреварувачи. Во текот на натпреварите дел од нив освоија дипломи и признанија за постигнатите резултати на натпреварите. На сите натпреварувачи им посакуваме да продолжат со продлабочување на своите знаења во областа на информатиката, а особено програмирањето.
Посакуваме сите ученици во прва, втора и трета година повторно да ги видиме во наредниот циклус натпревари, а на сите ученици од четврта година им посакуваме успешен упис на факултет. Сакаме да предочиме дека од наредната година за учесниците во напредната група задолжителен јазик ќе биде C++.

На крај, според постигнатите резултати, комисијата дискутираше за избор на екипи за учество на Интернационалната олимпијада по информатика и на Балканската олимпијада по информатика.

Според постигнатите резултати, засега најдобри шанси за учество на натпреварите имаат Предраг Груевски и Христијан Богоевски. Сепак, конкретните нивни учества како и учеството на останатите ќе зависат од престојните два натпревара кои ќе бидат организирани во просториите на институтот за информатика, како и обезбедените финансиски средства за патувањата.

 

Миле Јованов

Комисија за натпревари 2010