Последни настани

Балканска Олимпијада по Информатика 2013

Од 07.09. до 14.09. во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа 21-ата по ред Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ).

 

Македонија на БОИ 2013 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Бојан Серафимов, Климент Серафимов, Васил Кузевски и Филип Беџовски, како и лидерите Миле Јованов и Емил Станков.

Веб страна за настанот: http://www.boi2013.org/.

Балканска Олимпијада по Информатика 2013 Read More »

Бронзен медал на Интернационалната Олимпијада по Информатика 2013

Бронзениот медал го освои Бојан Серафимов од Виница.

 

Најдобрите македонски информатичари, избрани од циклусот национални натпревари по информатика забележаа уште еден голем информатички успех. На 25-тата Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2013), која од 6-ти до 13-ти Јули се одржува во Бризбејн, Австралија, македонскиот тим, составен од учениците Бојан Серафимов, Климент Серафимов, Росица Дејановска и Васил Кузевски, предводени од лидерите, м-р Миле Јованов и Емил Станков, освои бронзен медал. Овој резултат претставува продолжување на континуитетот на успешни претставувања на Македонија на интернационалните информатички олимпијади во последниве неколку години и нова потврда за знаењата од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици.

ИОИ е најпрестижниот годишен натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите – членки на ИОИ заедницата. На ИОИ 2013 учествуваат вкупно 299 ученици, кои право на учество обезбедија преку националните натпревари во програмирање спроведени во 80 земји од целиот свет. Во ваква силна конкуренција, бронзениот медал за Македонија го освои Бојан Серафимов, ученик од Виница, а треба да се напомене дека и останатите тројца наши натпреварувачи постигнаа одлични резултати.

Според претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, Миле Јованов:

„Информатиката е олимписка дисциплина која на Македонија само во последните 4 години и има донесено 6 медали од интернационалната олимпијада и 22 медали од балканските олимпијади, што ја прави еден од најтрофејните дисциплини. За жал, Здружението на информатичарите на Македонија, како организатор на националните натпревари и организатор на учеството на интернационалните олимпијади редовно се соочува со проблеми во обезбедување на финансирање за спроведување на натпреварите и покривање на трошоците за патување. Бидејќи нема организирана поддршка, оваа година само дел од трошоците ги покрија Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и компаниите Нетцетера и Ассеко-СЕЕ, додека останатите трошоци се на директен товар на учесниците.

Освоен медал на интернационална олимпијада значи полна стипендија за студирање директно од некој од најпрестижните светски универзитети по информатика која може да достигне и до 250.000 долари, што значи дека државата може да заштеди сума во таа висина, од програмата за стипендирање студирање на странски универзитети, со пренасочување на само мал дел од тие средства кон организација на натпреварите.“

Натпревар кој претстои на најдобрите македонски ученици по информатика е Балканската олимпијада по информатика, која ќе се одржи во септември, во Сараево, Босна и херцеговина.

Следната, 26-та по ред, Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2014), ќе се одржи од 13-ти до 20-ти Јули во градот Тајпеј, Тајван.

Веб страна за Интернационалната Олимпијада по Информатика 2013: http://www.ioi2013.org.

Бронзен медал на Интернационалната Олимпијада по Информатика 2013 Read More »

Интернационална Олимпијада по Информатика 2013

Од 06.07. до 13.07. во Бризбејн, Австралија, се одржа 25-тата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ).

 

Македонија на ИОИ 2013 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Бојан Серафимов, Росица Дејановска, Васил Кузевски и Климент Серафимов, како и лидерите Миле Јованов и Емил Станков.

Веб страна за настанот: http://www.ioi2013.org/.

Интернационална Олимпијада по Информатика 2013 Read More »

Избор на екипи за интернационалните натпревари

Во Понеделник (22.04.2013) беше организиран дополнителен изборен натпревар, со цел – избор на екипите што ќе ја претставуваат Македонија на годинешните интернационални натпревари (Интернационалната Олимпијада по Информатика, Балканската Олимпијада по Информатика и Јуниорската Балканска Олимпијада по Информатика).

Натпреварот се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет (долна зграда – приземје), со почеток во 14 часот, и траеше 4 часа.

На овој натпревар учествуваа дванаесетте најдобропласирани натпреварувачи од претходно одржаната XVII Македонска Олимпијада по Информатика.

Избор на екипи за интернационалните натпревари Read More »

Екипи за интернационалните натпревари

Објавена е конечна листа по одржувањето на сите натпревари од Циклусот натпревари по информатика 2013. Во неа се наведени избраните ученици за учество на интернационалните натпревари оваа година.

Избраните учесници мора да го потврдат своето учество најдоцна до Четврток (25.04.), според објавената информација во делот за меѓународни натпревари.

Екипи за интернационалните натпревари Read More »

XVII Македонска олимпијада по информатика и VII Државен натпревар за основно образование – апликативни вештини

XVII Македонска Олимпијада по Информатика и VII Државен натпревар по информатика – апликативни вештини (за основно образование) се одржаа од 12.04.2013 (Петок) до 14.04.2013 (Недела), во СОУ Гимназија „Митко Пенџуклиски“ – Кратово.

За повеќе информации за Македонската Олимпијада по Информатика, кликнете овде.

XVII Македонска олимпијада по информатика и VII Државен натпревар за основно образование – апликативни вештини Read More »

Регионален натпревар 2013

На 02.03.2013 се одржа Регионалниот натпревар за учесниците на циклусот натпревари 2013.

Натпреварот беше спроведен преку системот за електронски натпревари МЕНДО. Започна во 11:05 часот и траеше 2 часа.

Учествуваа вкупно 255 натпреварувачи, од кои 33 во напредна група, 154 во основна група и 68 во почетничка група.

Поканетите учесници  како и конечните резултати од Регионалниот натпревар се објавени овде.

Регионален натпревар 2013 Read More »

Две бронзени медали за Македонија на Интернационалната Олимпијада по Информатика 2012

Бронзените медали ги освоија Бојан Серафимов и Христијан Богоевски.Солиден резултат остварија и останатите двајца натпреварувачи – членови на македонскиот тим: Климент Серафимов и Јован Крајевски.

На 24-тата Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2012), која од 23-ти до 30-ти септември се одржа во Сирмионе, Ломбардија, Италија, Македонија забележа нов голем успех. Македонскиот тим, составен од учениците Христијан Богоевски, Бојан Серафимов, Јован Крајевски и Климент Серафимов, под раководство на лидерите, м-р Миле Јованов и Емил Станков, го повтори минатогодишниот успех од ИОИ 2011 во Тајланд, освојувајќи два бронзени медали. Ова воедно е повторување на најголемиот успех на Македонија на сите досега одржани интернационални олимпијади.

ИОИ е светски најпрестижниот годишен натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите-членки на ИОИ заедницата. Секоја година по околу 250 000 млади луѓе од околу 90 држави се натпреваруваат во борба да ја претставуваат својата држава на ИОИ.

На годинешната ИОИ учествуваа вкупно 310 ученици, квалификувани преку натпреварите во програмирање спроведени во 81 земја од целиот свет. Во ваква силна конкуренција, двата бронзени медали за Македонија ги освоија Бојан Серафимов и Христијан Богоевски. Треба да се одбележи дека и другите двајца наши натпреварувачи постигнаа солиден резултат, пришто за само неколку поени не беше освоен уште еден бронзен медал. 

Следната, 25-та по ред, Интернационална Олимпијада по Информатика, ќе се одржи од 6-ти до 13-ти јули 2013 година во Бризбејн, Австралија.

Повеќе информации на официјалниот веб сајт на ИОИ 2012: http://www.ioi2012.org.

Две бронзени медали за Македонија на Интернационалната Олимпијада по Информатика 2012 Read More »

Интернационална Олимпијада по Информатика 2012

Од 23.09. до 30.09. во Сирмионе, Ломбардија, Италија, се одржува 24-тата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ).

 

Македонија на ИОИ 2012 ја претставува тимот составен од натпреварувачите Христијан Богоевски, Бојан Серафимов, Јован Крајевски и Климент Серафимов, и лидерите Миле Јованов и Емил Станков.

Веб страна за настанот: http://www.ioi2012.org/.

Интернационална Олимпијада по Информатика 2012 Read More »