МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2015
МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2015 Read More »
Натпревар | Поени |
Македонска Олимпијада по информатика | 600/1000 |
изборен натпревар (секој посебно | 400 |
МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2014 Read More »
Натпревар | Поени |
Македонска Олимпијада по информатика | 600/1000 |
изборен натпревар (секој посебно | 400 |
Конечни резултати и листа на поканети учесници за учество на интернационалните натпревари 2013
МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2013 Read More »
Натпревар | Поени |
Македонска Олимпијада по информатика | 600/1000 |
изборен натпревар (секој посебно | 400 |
МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2012 Read More »
XXIII Интернационална олимпијада по информатика – 22-29.07 Патаја, Тајланд
XIX Балканска олимпијада по информатика – 03-09.07, Бистрица, Романија
V Јуниорска балканска олимпијада по информатика – 03-09.07, Бистрица, Романија
EКИПИ ЗА УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИТЕ НАТПРЕВАРИ
По одржувањето на циклусот натпревари и подготовките за меѓународните натпревари, формирани се екипите за Интернационалната и Балканската Олимпијада по информатика:
На сите учесници им ги честитаме резултатите. Полека но сигурно, можеме да кажеме дека учесниците од Македонија може да се рамнат со учесниците од останатите земји. На сите им посакуваме да продолжат да работат на полето на програмирањето и алгоритамското размислување, затоа што со досегашните резултати тие го имаат потврдено талентот кој го поседуваат за типовите на проблеми кои се разгледуваат на овие натпревари, и сега останува да продолжат да го развиваат талентот. Само со напорна работа, талентот може да се покаже во вистинското светло и да се постигнат врвни резултати.
Анкета – Натпревари по информатика 2011 (незадолжително)
————–
Комисија за натпревари 2011
МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2011 Read More »
XXII Интернационална олимпијада по информатика – 14-21.08.2010 Ватерлу, Канада
XVIII Балканска олимпијада по информатика – 31.10-06.11.2010 Петровац, Црна Гора
ЕКИПИ ЗА МЕЃУНАРОДНИТЕ НАТПРЕВАРИ
После целиот циклус на натпревари и одржаните дополнителни натпревари за избор на екипи за меѓународните натпревари, земајќи го во предвид ангажманот и постигнувањата на учесниците во текот на целиот циклус, редовното постигнување на добар резултат, нивната возраст, нивните претходни резултати од меѓународните натпревари и приоритетно освоениот број на поени на натпреварите, формирани се екипите за интернационалните натпревари.
Балканска олимпијада по информатика (18-25.09.2010 во Бања Лука, Босна и Херцеговина – прелиминарен датум): Предраг Груевски, Христијан Богоевски, Јован Крајевски, Дејан Божиновски. Резервни учесници: Ѓорѓи Јанчески, Јован Андонов.
Интернационална олимпијада по информатика (14-21.08.2010 во Торонто, Канада), по редослед: Предраг Груевски, Христијан Богоевски, Младен Димовски, Јован Крајевски, Ѓорѓи Јанчески, Дејан Божиновски, Јован Андонов, Никола Фурнаџиски, Филип Станковски. Екипата се состои од најмногу 4 члена. Заради недостигот на финансиски средства кои за ова патување достигнуваат висока сума, на натпреварот ќе може да се претстават оние учесници кои ќе можат да обезбедат спонзорства за покривање на трошоците за нивното патување. Затоа, доколку некој од првите 4 учесници не е во можност да патува, се дава можност за патување на наредните учесници, од причини што сите тие имаат постигнато приближно ист, добар резултат на македонските натпреварувања. Сите учесници за детали да се обратат со порака на natprevarATgmail.com најдоцна до среда 16.06 до 13 часот.
На сите учесници им ги честитаме резултатите. Полека но сигурно, можеме да кажеме дека учесниците од Македонија може да се рамнат со учесниците од останатите земји.
На сите им посакуваме да продолжат да работат на полето на програмирањето и алгоритамското размислување, затоа што со досегашните резултати тие го имаат потврдено талентот кој го поседуваат за типовите на проблеми кои се разгледуваат на овие натпревари, и сега останува да продолжат да го развиваат талентот. Само со напорна работа, талентот може да се покаже во вистинското светло и да се постигнат врвни резултати.
———-
Комисија за натпревари 2010
МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2010 Read More »
EКИПИ ЗА УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИТЕ НАТПРЕВАРИ
По одржувањето на циклусот натпревари и подготовките за меѓународните натпревари избран е следиот состав на екипите:
Интернационална олимпијада: Талимџиоски Филип, Димовски Младен, Џумкар Дениз и Јанчески Ѓорѓи. Резервни членови: Анчев Ненад и Богоевски Христијан.
Балканска олимпијада: Талимџиоски Филип, Димовски Младен, Анчев Ненад и Богоевски Христијан. Резервни членови: Џумкар Дениз и и Божиновски Дејан.
Миле Јованов,
Комисија за натпревари 2009
НА КРАЈОТ ОД ЦИКЛУСОТ НАТПРЕВАРИ
На крај сме на уште еден циклус натпревари. Во овој циклус од почетокот активно беа вклучени околу 90 натпреварувачи. Во текот на натпреварите дел од нив освоија дипломи и признанија за постигнатите резултати на натпреварите. На сите натпреварувачи им посакуваме да продолжат со продлабочување на своите знаења во областа на информатиката, а особено програмирањето.
Посакуваме сите ученици во прва, втора и трета година повторно да ги видиме во наредниот циклус натпревари, а на сите ученици од четврта година им посакуваме успешен упис на факултет.
Учениците кои ќе се запишат на Институтот за информатика ќе имаат можност да продолжат со учество на натпревари од областа на програмирањето, како на пример, на престижниот ACM натпревар.
На крај, според постигнатите резултати, комисијата дискутираше за избор на екипи за учество на Интернационалната олимпијада по информатика и на Балканската олимпијада по информатика. Според постигнатите резултати ученикот Талимџиоски Филип ќе учествува на престојните интернационални натпревари. Останатите членови во тимовите ќе бидат утврдени по завршувањето на подготовките за интернационалните натпревари. Сегашниот редослед на најдобрите учесници е објавен на линкот подолу. Тој може да биде променет во зависност од нивните залагања и покажаното знаење на престојните подготовки.
Избраните ученици ја прифаќаат обврската да учествуваат на организирани подготовки за натпреварите во период 10 јуни – 15август. Тие треба да испратат е-порака на natprevarATgmail.com со која ќе го потврдат учеството во подготовкитe најдоцна до 31.05.09.
ПРЕДВИДЕНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ
Првиот круг на подготовки ќе се одржи од 13-19 јуни во Скопје. Листата на поканети учесници може да се види тука. Тие треба да испратат е-порака на natprevarATgmail.com со која ќе го потврдат учеството во подготовкитe најдоцна до 31.05.09. Доколку има други заинтересирани натпреварувачи за присуство на подготовките тие може да се пријават со уплата на котизација од 3000 денари. Дополнителни информации може да се добијат на споменатата е-адреса.
Програмата за подготовките може да се види тука.
Миле Јованов,
Комисија за натпревари 2009
МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2009 Read More »