ОБРАЌАЊЕ ПОСЛЕ ЦИКЛУСОТ НАТПРЕВАРИ 2010

НА КРАЈОТ ОД ЦИКЛУСОТ НАТПРЕВАРИ

На крај сме на уште еден циклус натпревари. Во овој циклус од почетокот активно беа вклучени околу 80 натпреварувачи. Во текот на натпреварите дел од нив освоија дипломи и признанија за постигнатите резултати на натпреварите. На сите натпреварувачи им посакуваме да продолжат со продлабочување на своите знаења во областа на информатиката, а особено програмирањето.
Посакуваме сите ученици во прва, втора и трета година повторно да ги видиме во наредниот циклус натпревари, а на сите ученици од четврта година им посакуваме успешен упис на факултет. Сакаме да предочиме дека од наредната година за учесниците во напредната група задолжителен јазик ќе биде C++.

На крај, според постигнатите резултати, комисијата дискутираше за избор на екипи за учество на Интернационалната олимпијада по информатика и на Балканската олимпијада по информатика.

Според постигнатите резултати, засега најдобри шанси за учество на натпреварите имаат Предраг Груевски и Христијан Богоевски. Сепак, конкретните нивни учества како и учеството на останатите ќе зависат од престојните два натпревара кои ќе бидат организирани во просториите на институтот за информатика, како и обезбедените финансиски средства за патувањата.

 

Миле Јованов

Комисија за натпревари 2010