Информации со списоци

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2014

  • Право на учество на регионалниот натпревар имаат сите натпреварувачи кои имаат решено најмалку 10 (десет) задачи од тренинг делот на системот и се пријавени од нивниот ментор или друг претставник од училиштето во кое учат.
  • Пријавувањето на учесници се врши со порака на natprevarATcs.org.mk со наведување на листа на учесници од училиштето (име, презиме, одделение/клас, група во која се натпреварува, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и контакт телефон до одговорниот професор. Истото мора да е направено најдоцна до вторник (25.02.2014).
  • Регионалниот натпревар се спроведува електронски, преку системот за натпревари – http://mendo.mk/. Училиштата од кои има пријавено повеќе од двајца ученици СЕ ДОЛЖНИ, во предвиденото време за спроведување на натпреварот да обезбедат просторија со работни компјутери (кои не споделуваат исти хард дискови), два пати повеќе од бројот на пријавени учесници. На компјутерите треба да се инсталирани предложените програмски околини за Pascal и C++ и треба да имаат достап САМО до сајтот за натпревари mendo.mk.
  • По добиените пријави ќе биде направен распоред за спроведување на натпреварот по училишта и истиот ќе биде објавен најдоцна 24 часа пред започнувањето на натпреварот.
  • Регионалниот натпревар се спроведува во три натпреварувачки групи: почетничка, основна и напредна.
  • Приговорите се поднесуваат во рок од 24 часа од објавувањето на резултатите, по електронска пошта, на адресата: natprevarATcs.org.mk, повторно од лицето кое го пријавило соодветниот учесник. Пред поднесување на приговор задолжително прочитајте го делот за Приговори во правилата на натпреварите.
  • Конечните резултати од регионалниот натпревар се објавуваат најдоцна 7 дена од завршувањето на рокот за поднесување на приговори. Притоа, комисијата наведува за секоја група кој натпреварувач каква диплома/признание има освоено. И освоените дипломи/признанија ќе бидат презентирани во електронски облик.
 
  • ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕНТОРИТЕ: 
    • Можност за учество на државен натпревар ќе се стекнува на ниво на училиште. Секое училиште ќе може да испрати толку натпреварувачи колку што имааат освоено награди минатата година во соодветната натпреварувачка група (значи, ако минатата година 7 ученици од училиштето Х имале освоено диплома за прва, втора или трета награда, толку ученици според бројот на поени ќе добијат можност за учество годинава). 
    • Дополнително, секое училиште ќе може да испрати по 1 до 3 натпреварувачи, во зависност од одлуката на комисијата за натпревари за секое училиште индивидуално (во зависност од останатите расположиви места и запазување на регионалниот принцип).
    • Утврдено заедничко решавање на задачи или (скоро) идентични кодови може да влијае на дисквалификација на цело училиште или намалување на квотата.

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2014 Read More »

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2013

ПРОГРАМА НА XVII МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО   ИНФОРМАТИКА
КРАТОВО 2013
Натпреварувачи Ментори
12. април 2013 год. (Петок)
9:00-13:30 Пристигнување на учесниците во СОУ Гимназија „Митко Пенџуклиски“ – Кратово и нивно сместување
13:45 – 13:55 Сместување   на натпреварувачите во кабинет за натпревар 13:30 –   17:45 Слободно   време за сместување и индивидуален разглед на градот
– во училишниот кабинет по информатика
14:00 – 18:00 Тек   на натпреварот – Ден 1
– во училишниот кабинет по информатика
18:00 – 18:15 Сместување на учениците од другите градови кои пристигнале подоцна
кај ученици – домаќини
19:00 – 21:00

Церемонија за отворање на натпреварот (со презентација на најдобрите проекти од учесниците од основните училишта и презентација на освоените поени од прв натпревар за учесниците на МОИ)

во фоајето на Гимназијата

13. април 2013 год. (Сабота)
10:30 – 12:15 Организиран разглед на градот
12:30 – 13:30 Ручек
во фоајето на Гимназијата
14:00 – 18:00 Тек   на натпреварот – Ден 2 14:30 –   17:30 Слободно   време
– во училишниот кабинет по информатика
18:45 – 19:00 Презентација за објавување на резултатите
19:30 Слободна   вечер за дружење и запознавање на градот 20:30 Свечена   вечера
14. април 2013 год. (Недела)
11:30 – 12:30 Објавување резултати, доделување награди,  дипломи, пофалби и признанија
во просториите на Гимназијата

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2013 Read More »