Информации со списоци

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2026

Почитувани ученици и ментори,

Регионалниот натпревар годинава, според усогласениот календар со другите научни здруженија, ќе се одржи на 01.03. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи на повеќе локации.

Распоредот кој ученик на која локација се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници. Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.

 

ВАЖНИ информации

  • Натпреварите во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mkЗа да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
  • Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество – број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште – тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар по ментори од училиштето во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
  • Годинава, секое средно училиште може да учествува со 3 натпреварувачи (а=3), а секое основно училиште со 3 (а=3). Бројот b за училиштата, пресметан според минатогодишните резултати, е даден во листата подолу.
  • Училиштата-домаќини имаат право на најмногу два дополнителни натпреварувачи. Секое училиште кое има пријавено повеќе од еден натпреварувач треба да е подготвено да биде домаќин на одреден број учесници (барем 10). За нив ќе треба да обезбеди просторија (простории) со компјутер со интернет пристап само до mendo.mk и видео надзор (може и од камера од лаптоп) за време на траење на натпреварот.
  • Пријавувањето на учесници годинава се врши со пополнување на следната форма за секој учесник од училиштето (се пополнуваат: име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и име, е-адреса и контакт телефон до одговорниот професор. Тоа мора да е направено најдоцна до петок (20.02.2026) до 19:00.
  • Програмски јазик кој може да го користат учесниците е С++.
  • Во четврток (19.02.2026) со почеток од 12:00 часот ќе биде одржан т.н. училишен натпревар. Тој има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат, за него нема да се објави ранг листа со резултати, но е задолжителен и ученик кој не бил на училишниот натпревар нема да може да учествува на регионалниот натпревар. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, а менторите треба да ги видат индивидуално кај секој од учениците. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни одделенија/години. Менторите преземаат обврска да гарантираат дека нивните ученици учествувале на натпреварот чесно, така што натпреварот ќе го организираат во училиштето или ќе ја надгледуваат активноста на учениците електронски.
  • Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може  да се пријави преку училиштето/менторот за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари) или тоа може да го направи лично на natprevarATcs.org.mk. Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 26.02 до 12 часот треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: – цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2026; – износ: 1500 денари.

Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати

Име на училиштетоГрад на училиштетоДополнителни места (b =)
„Семос Едукација“Скопје1
ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“Струмица1
ООУ „11 Октомври“Скопје1
ООУ „Блаже Конески“Скопје1
ООУ „Блаже Конески“ Прилеп1
ООУ „Браќа Миладиновци“Скопје1
ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга1
ООУ „Братство“Скопје1
ООУ „Ванчо Прке“Штип1
ООУ „Војдан Чернодрински“Скопје1
ООУ „Климент Охридски“Прилеп1
ООУ „Маршал Тито“Струмица, с. Муртино1
ООУ „Мирче Ацев“Скопје1
ООУ „Петар Поп Арсов“Скопје1
ООУ „Свети Кирил и Методиј“Свети Николе1
ОСТУ  „Гостивар“Гостивар1
ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид1
ПОУ „Јахја Кемал“Скопје1
ПСУ „Алгоритам“Скопје1
СЕТУГС „Михајло Пупин“ Скопје1
СОТУ „Ѓорѓи Наумов“Битола1
СОУ „Ѓорче Петров“Крива Паланка1
СОУ „Коле Нехтенин“Штип1
СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш 1
СОУ „Љупчо Сантов“Кочани1
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“Куманово1
СОУ Гимназија „Добри Даскалов“Кавадарци1
СОУ Гимназија „Кочо Рацин“Велес1
СОУ Гимназија „Сами Фрашери“Куманово1
СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“Штип1
СУГС „Георги Димитров“Скопје1
СУГС Гимназија „Орце Николов“Скопје1
ООУ „Видое Подгорец“Струмица2
ООУ „Наум Наумовски Борче“Скопје2
ПСУ „Јахја Кемал“Струга2
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“Скопје2
ПСУ „Јахја Кемал“Скопје4
СОУ „Јане Сандански“ Струмица4
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп4
ДСУ Математичко информатичка гимназијаСкопје23

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2026 Read More »

ПРОГРАМА НА XXVIII МАКЕДОНСКА (ЈУНИОРСКА) ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА

ПРОГРАМА НА XXIX МАКЕДОНСКА (ЈУНИОРСКА) ОЛИМПИЈАДА ПО  ИНФОРМАТИКА

СКОПЈЕ 2025

Натпреварувачи

Ментори

16. април 2025 год. (среда)

-11:30

Пристигнување на учесниците во просториите на ФИНКИ (зграда на TМФ)

11:30 – 11:45

Сместување на натпреварувачите во просторијата за натпревар, запознавање со околината и свечено обраќање на почетокот на натпреварот

11:45 –   15:45

Слободно време

– просторија 138

11:45 – 15:45

Тек на натпреварот – Ден 1

– просторија 138

15:50 – 

Објавување на резултатите од првиот ден

Тест мод и евентуални технички приговори

17. април 2025 год. (четврток)

9:15 – 9:30

Пристигнување на учесниците во просториите на ФИНКИ и сместување на натпреварувачите во просторијата за натпревар

9:30 – 14:00

Тек на натпреварот – Ден 2

9:00 –   14:00

Слободно време

– просторија 13

14:00 – 14:40

Ручек

14:40

Објавување на резултатите и евентуални технички приговори

15:00 – 15:30

Доделување медали, дипломи и признанија

– во мал амфитеатар на ФИНКИ

 

ПРОГРАМА НА XXVIII МАКЕДОНСКА (ЈУНИОРСКА) ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА Read More »

Информации за организацијата на државен натпревар

Агенда за XXXVI Државен натпревар по информатика
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Скопје 2025
22 март 2025 год. (сабота)
НатпреварувачиМентори
– 10:00Пристигнување на учесниците во зградата на ФИНКИ (пред големиот амфитеатар)
10:00 – 10:15Пријава на учесниците во холот пред амфитеатарот
10:15 – 10:45Официјално отворање на натпреварот во големиот амфитеатар на ФИНКИ
10:45 – 11:00Сместување на натпреварувачите во лабораториите на првиот кат (простории 200, 215), на приземје (138) и во подрум (13)11:45 – 13:00Работилница – „Нови трендови во информатиката и информатичкото образование“ во мал амфитеатар на ФИНКИ.
Распределба на дипломи, сертификати и признанија од регионалниот натпревар на менторите
11:05 – 14:20Тек на натпреварот во лабораториите на ФИНКИ13:20 – 14:20Ручек
14:20 – 15:05Пауза за ручек
15:05Објавување на резултати – на страната на натпреварот mendo.mk
15:05 – 15:15Поднесување на приговори (согласно правилата за приговори)
– просторија 138
15:15 – 15:30Разгледување на приговорите
– просторија 138
15:30 – 16:00Тестирање за Сајбер безбедност
16:05 – 16:45Презентација за можностите за студирање на ФИНКИ

– во мал амфитеатар на ФИНКИ
17:10 – 18:00Церемонија за доделување на дипломи, пофалби, награди и признанија за учесниците на натпреварот
– во голем амфитеатар на ФИНКИ
* Задолжително за сите учесници

Информации за организацијата на државен натпревар Read More »