Годишно собрание на ЗИМ 2019
Годишно собрание на ЗИМ 2019 Read More »
На 28.12.2019, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), се одржа Годишното собрание на Здружението на Информатичари на Македонија (ЗИМ).
Годишно собрание на ЗИМ 2019 Read More »
Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) и годинава се придружува кон напорите за промовирање на информатиката и алгоритамското размислување на учениците од основното и средното образование, и по петти пат го организираше интернационалниот натпревар ДАБАР. Истиот се одржува во преку 50 држави во светот.
По минатогодишниот успех, кога над 200 училишта и околу 25 000 ученици и наставници од нашата држава земаа учество на натпреварот, со што Македонија беше помеѓу државите со (процентуално) најголем број на учесници, Ви благодариме што и годинава се вклучивте во активноста.
Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со 3то одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот е исклучително популарен, се спроведува во многу држави и има добиено повеќе признанија и награди на разни научни конференции. Задачите кои им се даваат на учениците се создадени со цел да ги мотивираат истите да размислуваат за принципите, идеите и концептите поврзани со информатиката и технологијата. Натпреварот се спроведува на училишните компјутери, како едноставна наставна активност во рамките на еден наставен час (според можностите, секој клас може да учествува во различен термин).
Во Македонија, Дабар се одржа во периодот 11-15 ноември 2019. Регистрацијата за натпреварот беше едноставна и траеше само 1-3 минути, а за спроведување на натпреварот не беше потребна никаква подготовка на компјутерите или инсталација на дополнителни програми и алатки. За да се учествува во натпреварот, за секое училиште доволно беше ЕДНО лице да изврши регистрација за натпреварот преку пристапување на сајтот talent.mk. Регистрацијата беше отворена до 10.11.2019. По регистрацијата, лицето добиваше упатство за спроведување на настанот (краток документ).
Сите учесници (ментори, ученици и поддржувачи) ќе добијат сертификати, по е-маил, по завршување на натпреварот. На сајтот на Дабар 2019 ќе биде објавена и листа на училиштата кои земале учество, како благодарност за нивната поддршка за промовирањето на натпреварот и науката.
ЗИМ и годинава овозможи учеството на натпреварувачите да е бесплатно. Со цел да ја промовираме оваа активност и во Република Македонија, се надеваме на поддршка од сите основни и средни училишта во Македонија. На тој начин, заедно можеме да ги промовираме компјутерските науки кај учениците, со што ќе придонесеме за нивниот развој, како и за развојот на нашата држава.
Сите информации кои не можат да се најдат на сајтот talent.mk може да ги побарате на dabar.makedonija@gmail.com
Од 09.09.2019 до 14.09.2019, во Атина, Грција, се одржа XXVII Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2019).
Македонија на БОИ 2019 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Мартин Динев, Андреј Величковски, Благојче Павлески и Владимир Шарковски, како и лидерите Емил Станков и Владислав Бидиков.
Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.
XXVII Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2019) Read More »
Еден сребрен и два бронзени медали на Балканската олимпијада по информатика во Атина
Три медали за Македонија на БОИ 2019 Read More »
Од 23.08.2019 до 29.08.2019, во Марибор, Словенија, се одржа третата по ред Европска Јуниорска Олимпијада по Информатика (ЕЈОИ 2019), како и 13-тата по ред Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ 2019).
Македонија на ЕЈОИ 2019 и ЈБОИ 2019 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Тео Китановски, Иван Занов, Атина Рувинова и Сара Стефановска, како и лидерите Миле Јованов и Емил Станков.
Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.
III Европска Јуниорска Олимпијада по Информатика (ЕЈОИ 2019) Read More »
Сребрен и бронзен медал на меѓународните јуниорски натпревари по информатика
Сребрен медал на ЈБОИ 2019 и бронзен медал на ЕЈОИ 2019 Read More »
Од 04.08.2019 до 11.08.2019 во Баку, Азербејџан, се одржа 31-вата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2019).
Македонија на ИОИ 2019 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Мартин Динев, Андреј Величковски, Благојче Павлески и Андреј Шеќеров, како и лидерите м-р Бојан Костадинов и м-р Емил Станков.
Веб страна за ИОИ 2019: https://ioi2019.az/
ИОИ 2019 во Баку, Азербејџан Read More »
Две бронзи за македонскиот тим на ИОИ 2019!
Во земјата на огновите – Азербејџан, во главниот град Баку, од 4-ти до 11-ти август се одржува 31-вата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2019). И на оваа олимпијада, македонските ученици ја продолжуваат традицијата на одлично претставување од последниве десетина години, постигнувајќи нов голем успех. Македонскиот тим на овој светски најпрестижен годишен натпревар од областа на програмирањето за средношколци, составен од учениците Мартин Динев, Андреј Величковски, Благојче Павлески и Андреј Шеќеров, предводени од лидерите, м-р Бојан Костадинов од Клауд Солушнс, и м-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои два бронзени медали. Со резултатот што го постигнаа младите наши ученици, уште еднаш докажаа дека Македонија треба да се гордее со нив. Нашите претставници на ИОИ освојуваат медали во речиси секоја од изминативе десетина години – нешто што потврдува дека со знаењето од областа на компјутерските науки кое го поседуваат нашите ученици, а кое редовно го покажуваат и докажуваат на интернационалните информатички олимпијади, несомнено припаѓаат меѓу најдобрите во светот.
ИОИ е најпрестижниот годишен интернационален натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите – членки на ИОИ заедницата. Секоја година, во околу 90 држави од светот се организираат национални натпревари во програмирање, на кои што учествуваат вкупно повеќе од 250 000 ученици, сите со единствен мотив – да се изборат за големата чест и привилегија да ја претставуваат својата држава на ИОИ. Според начинот на поделба на медалите, ИОИ како научна олимпијада по информатика, е најстрога во споредба со врвните научни олимпијади по другите науки (математика, хемија, физика, биологија).
Годинава на ИОИ учествуваат вкупно 327 ученици од 88 земји од целиот свет. Во оваа исклучително силна конкуренција, двата бронзени медали за Македонија ги освоија Андреј Величковски и Андреј Шеќеров. Треба да се напомене дека и останатите двајца наши натпреварувачи постигнаа забележителни резултати, при што Мартин Динев беше многу блиску до освојување на бронзен медал – од ова извонредно достигнување го делеа само два поени (од можните 600 поени на натпреварот). Според вкупно освоените поени од нашите натпреварувачи, нашата земја е позиционирана пред повеќе од 50 од останатите 88 учеснички.
Од првото учество како независна држава на ИОИ во 1996 година, Македонија има резултати со кои може да се пофалат релативно мал број од земјите – учеснички на ИОИ: освоени 2 сребрени и 18 бронзени медали.
Претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, проф. д-р Миле Јованов, по трети пат по ред беше избран да биде еден од петте членови на Интернационалниот комитет, кое е врвно управувачко тело на олимпијадата, во следните три години. Тој изјави: „Радосен сум од успехот на нашите ученици, кои се вистински амбасадори на нашата земја. Овој успех се должи на интензивна работа на повеќе волонтери вклучени во работата на Здружението, а можноста за учество на натпреварите ни ја дава поддршката од нашите поддржувачи, Агенцијата за млади и спорт, како и општествено одговорните компании Нетцетера, Грабит, Докстим, Сорсикс и Семос едукација. Се надевам дека во иднина свесноста за значењето на овие резултати ќе продолжи да се зголемува и во државните институции, приватните компании како и медиумите, со што би се зголемила поддршката за задржување и подобрување на нашите успеси, а преку нивна промоција ќе се поттикнат што поголем број на ученици да се заинтересираат за информатиката како идна професија.”.
Следната, 32-ра по ред, Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2020), ќе се одржи идната година во Сингапур.
Веб страна за настанот: http://ioi2019.az
Нов голем успех на ИОИ 2019 Read More »
Учество на МГ купот 2019 во Белград, Србија
Годинава, по седми пат, Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) со свој тим учествуваше на МГ Купот, кој се одржа во периодот 24.06.2019 – 29.06.2019 во Белград, Србија. Тимот кој учествуваше на овој меѓународен натпревар во конкуренција до 16 години го сочинуваа натпреварувачите Тео Китановски, Иван Занов, Стефан Милков, Иван Јованоски, Сара Стефановска и Атина Рувинова, предводени од лидерот, Владислав Бидиков.
Учествувајќи на овој натпревар, ЗИМ продолжува со подготвувањето на нашите најдобри ученици во областа на програмирањето, за што подобар успех на претстојните интернационални олимпијади: Интернационалната олимпијада по информатика во Баку, Азербејџан, на почетокот на август, Европската јуниорска олимпијада по информатика во Марибор, Словенија, кон крајот на август, како и Балканската олимпијада по информатика во Атина, Грција, во првата половина на септември.
Повеќе информации за МГ Купот 2019: http://www.cup.mg.edu.rs
XXIII Македонска Олимпијада по Информатика се одржа на 12.04.2019 (петок) и 13.04.2019 (сабота), во просториите на кампусот на International Balkan University (IBU).
Годинава Македонската Олимпијада по Информатика (МОИ) се одржа во паралела со International Balkan University Olympiad (IBUO), што им даде можност на нашите ученици да ги проверат своите знаења меѓусебно, а и во споредба со свои врсници од други земји. Натпреварувачите ги следеа агендите и на двата настана, а имаа можност да освојат медали и на двете олимпијади.
Повеќе информации за натпреварот можете да најдете овде.