Општински и Регионален

XXIII РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 01.03.2015

Прелиминарни и тековни информации за натпреварот

Листа на пријавени ученици за регионалниот натпревар

Конечни резултати од регионалниот натпревар

Листа на поканети учесници на државниот натпревар

Регионалниот натпревар се одржа на 01.03. со почеток во 11:30 часот.

Истиот се одржа во 3 региона: 

Регион 1. Скопје, простории на ФИНКИ на Технолошко-металуршкиот факултет.

Регион 2: Прилеп, простории на Економскиот факултет.

Регион 3: Струмица, просториите на средните училишта „Јахја Кемал“ и „Јане Сандански“.

 
Дипломи, признанија и пофалби ќе бидат подготвени и предадени за време на државниот натпревар.

XXIII РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 01.03.2015 Read More »

XXII РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 01.03.2014

Прелиминарни и тековни информации за натпреварот

Листа на пријавени ученици за регионалниот натпревар

Конечни резултати од регионалниот натпревар

Листа на поканети учесници на државниот натпревар

 

Почитувани натпреварувачи и ментори,

секој ментор го доби следново известување на неговата е-адреса:

 

Почитуван ментор,

Одговорноста за натпреварувањето на учениците наведени во објавената „Прелиминарна листа на пријавени учесници на регионалниот натпревар“, пријавени од Ваша страна, е лично Ваша (и на останатите ментори од Вашето училиште).

Ве молиме, со одговор на оваа порака да потврдите дека сте ја примиле пораката и дека ги прифаќате правилата и одговорностите околу спроведувањето на натпреварот, односно следното:

1. Изборот на група за натпреварување мора да е направена на системот за натпреварување. При изборот на група МОРА да се внимава околу ограничувањата дадени во описот на групите. Отстапки нема да се дозволат и ќе се смета дека учеството во несоодветна група е од ревијален карактер, а не за квалификација за следен натпревар.

2. На 01 март 2014 година, натпреварувачите треба да имаат обезбедено „работно место“ во периодот од 10:45 часот до 13:30 часот.  

Доколку од едно училиште има повеќе од двајца натпреварувачи, менторот (или менторите) од училиштето МОРА да организираат надгледувано спроведување на натпреварот (заедно сите ученици во училиштето или на некое друго место со потребните услови и задолжително присуство на менторот/менторите).Значи, за секој ученик треба да има компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работи, кој има пристап ЕДИНСТВЕНО до mendo.mk, и кој нема никаков друг пристап на интернет.

Во случај од дадено училиште да има еден или двајца ученици, тие би можеле да се натпреваруваат и од дома. Во тој случај менторот МОРА да ги запознае со правилата на однесување при натпреварувањето.

3. Натпреварот ќе се спроведе преку системот за електронски натпревари. За сите учесници натпреварот започнува во 11:00 и трае до 13:00 часот – значи вкупно 2 часа. 

За време на првите 75 минути од натпреварот (до 12:15) може да се поставуваат прашања. Прашањата ќе бидат одговорени најдоцна до 12:35. Прашањата МОРА да се однесуваат на евентуално дообјаснување на текстот на задачата, или во исклучителен случај, да се од техничка природа (но за прашања кои веќе не се одговорени во документите со правила за спроведување на натпреварите).

Прашањата за кои веќе е даден одговор (јасно е дадено во текстот на задачата или веќе е напишано во правилата за спроведување на натпреварите) најверојатно нема да бидат одговорени воопшто или ќе бидат одговорени со „Без коментар“.

4. ВАЖНО: Задачите се решаваат САМОСТОЈНО, не во група! Доколку има идентични решенија предадени од ученици за кои е организирано надгледувано натпреварување (според критериумите на комисијата), најверојатно ќе биде преземена мерка ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО (сите учесници од тоа училиште) и ќе бидат доделени 0 поени на сите ученици. 

Оваа мерка ќе биде преземена, бидејќи исти кодови ќе значат дека натпреварот во соодветното училиште не е спроведен според правилата за натпреварување: самостојна работа, никакви дискусии (директни или по електронски пат) помеѓу учесниците, интернет пристап до други локации освен до сајтот за натпреварите.

5. При изборот на учесници на државниот натпревар ќе биде запазен и регионалниот принцип, со ограничување на бројот на учесници од дадено училиште, место и даден регион. За таа цел, можно е од менторот да биде побарано, и одговорност на менторот е да одговори на барањето, така што ќе избере само дел од учесниците за учество на Државниот натпревар.

Веруваме дека тоа нема да биде дополнителен товар за менторот, затоа што по завршувањето на натпреварот, доколку спроведувањето поминало во најдобар ред, менторот ќе има точна ранг листа за постигнувањата на своите ученици.

Подетално за регионално-училишниот принцип е објаснето на веб страната на ЗИМ.

6. Постапка за приговори: Доколку има забелешки на резултатите, преку менторите истите се доставуваат во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде се мисли дека има проблем. Приговорите се поднесуваат на natprevarATcs.org.mk.

Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата објавени на почетната страна на системот и на веб-сајтот на ЗИМ, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.

Приговорите ќе бидат разгледани во рок од 5 ДЕНА и потоа ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и списокот на потенцијалните натпреварувачи за ДРЖАВНИОТ натпревар.

Со желби за добар успех,

Комисија за натпревари 2014

 

Сите натпреварувачи чии ментори кои ќе одговорат на поракава ќе може да учествуваат на натпреварот според информацијата која ќе им ја даде менторот.

XXII РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 01.03.2014 Read More »

XXI РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 02.03.2013

Прелиминарни и тековни информации за натпреварот

Конечни резултати од регионалниот натпревар

Листа на поканети учесници на државниот натпревар

 

Почитувани натпреварувачи и ментори,

секој ментор го доби следново известување на неговата е-адреса:

 

Почитуван ментор,

Одговорноста за натпреварувањето на овие ученици е лично Ваша (и на останатите ментори од Вашето училиште).
Ве молиме, со одговор на оваа порака да потврдите дека сте ја примиле пораката и дека ги прифаќате правилата и одговорностите околу спроведувањето на натпреварот, односно следното:
1. Изборот на група за натпреварување мора да е направена на системот за натпреварување. При изборот на група МОРА да се внимава околу ограничувањата дадени во описот на групите. Отстапки нема да се дозволат и ќе се смета дека учеството во несоодветна група е од ревијален карактер, а не за квалификација за следен натпревар.
2. На 02 март 2013 година, натпреварувачите треба да имаат обезбедено „работно место“ во периодот од 10:45 часот до 13:30 часот. Значи, треба да имаат компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работат и кој има пристап до интернет.
Доколку од едно училиште има повеќе од двајца натпреварувачи, менторот (или менторите) од училиштето треба да организираат надгледувано спроведување на натпреварот (заедно сите ученици во училиштето или на некое друго место со потребните услови и задолжително присуство на менторот/менторите).
Останатите учесници може да се натпреваруваат и од дома.
3. Натпреварот ќе се спроведе преку системот за електронски натпревари. За сите учесници натпреварот започнува во 11:00 и трае до 13:00 часот – значи вкупно 2 часа.
За време на првите 75 минути од натпреварот (до 12:15) може да се поставуваат. Прашањата ќе бидат одговорени најдоцна до 12:35. Прашањата МОРА да се однесуваат на евентуално дообјаснување на текстот на задачата, или во исклучителен случај, да се од техничка природа (но за прашања кои веќе не се одговорени во документите со правила за спроведување на натпреварите).
Прашањата за кои веќе е даден одговор (јасно е дадено во текстот на задачата или веќе е напишано во правилата за спроведување на натпреварите) најверојатно нема да бидат одговорени воопшто или ќе бидат одговорени со „Без коментар“.
4. ВАЖНО: Задачите се решаваат САМОСТОЈНО, не во група! Доколку има идентични решенија предадени од ученици за кои е организирано надгледувано натпреварување (според критериумите на комисијата), најверојатно ќе биде преземена мерка ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО (сите учесници од тоа училиште) и ќе бидат доделени 0 поени на сите ученици.
Оваа мерка ќе биде преземена, бидејќи исти кодови ќе значат дека натпреварот во соодветното училиште не е спроведен според правилата за натпреварување: самостојна работа, никакви дискусии (директни или по електронски пат) помеѓу учесниците, интернет пристап до сајтот за натпреварите.
5. При изборот на учесници на државниот натпревар ќе биде запазен и регионалниот принцип, со ограничување на бројот на учесници од дадено училиште, место и даден регион. За таа цел, можно е од менторот да биде побарано, и одговорност на менторот е да одговори на барањето, така што ќе избере само дел од учесниците за учество на Државниот натпревар.
Веруваме дека тоа нема да биде дополнителен товар за менторот, затоа што по завршувањето на натпреварот, доколку спроведувањето поминало во најдобар ред, менторот ќе има точна ранг листа за постигнувањата на своите ученици.
6. Постапка за приговори: Доколку има забелешки на резултатите, преку менторите истите се доставуваат во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде се мисли дека има проблем. Приговорите се поднесуваат на natprevarATcs.org.mk.
Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата објавени на почетната страна на системот и на веб-сајтот на ЗИМ, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.
Приговорите ќе бидат разгледани во рок од 5 ДЕНА и потоа ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и списокот на потенцијалните натпреварувачи за ДРЖАВНИОТ натпревар.

Со желби за добар успех,
Комисија за натпревари 2013

 

Сите натпреварувачи чии ментори кои ќе одговорат на поракава ќе може да учествуваат на натпреварот според информацијата која ќе им ја даде менторот.

XXI РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 02.03.2013 Read More »

XX РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 08.04.2012

Прелиминарни и тековни информации за натпреварот

Конечни резултати од регионалниот натпревар

Листа на поканети учесници на државниот натпревар

 

Почитувани натпреварувачи и ментори,

РЕГИОНАЛНИОТ натпревар по информатика ќе се одвива електронски. Заради тоа, потребно е да се направи следното:

На 08 април 2012 година, натпреварувачите треба да имаат обезбедено „работно место“ во периодот од 11:45 часот до 15:15 часот. Значи, треба да имаат компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работат и кој има пристап до интернет.

Доколку од едно училиште има повеќе од двајца натпреварувачи, менторот (или менторите) од училиштето треба да организираат надгледувано спроведување на натпреварот (заедно сите ученици во училиштето или на некое друго место со потребните услови и задолжително присуство на менторот (барем еден до менторите)).

Останатите учесници може да се натпреваруваат и од дома.

Натпреварот ќе се спроведе преку системот за електронски натпревари.

За сите учесници натпреварот започнува во 12:00 и трае до 15:00 часот – значи вкупно 3 часа. За време на првите 90 минути од натпреварот (до 13:30) можете да поставувате прашања. Прашањата ќе бидат одговорени најдоцна до 14:00. Се очекува резултатите да бидат објавени најдоцна 4 часа по завршувањето на натпреварот.

Доколку имате забелешки на резултатите, може вашите приговори преку вашите ментори да ги доставите во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде мислите дека има проблем. Приговорите се поднесуваат на natprevarATgmail.com.

Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата објавени на почетната страна на системот и на веб-сајтот на ЗИМ, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.

Приговорите ќе бидат разгледани во рок од 5 ДЕНА и потоа ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и списокот на потенцијалните натпреварувачи за ДРЖАВНИОТ натпревар.

ЗНАЧАЈНИ ПРАВИЛА:

  • Натпреварот ќе се одржи на 08. Април во периодот 12:00 – 15:00 часот.
  • Прашања во врска со задачите се примаат првите 90 минути од натпреварот.
  • Задачите се решаваат САМОСТОЈНО, не во група! Доколку има идентични решенија (според критериумите на комисијата), се одбиваат сите такви решенија, а ќе биде доведено во прашање и понатамошното учество на натпреварите на натпреварувачите со такви решенија.
  • Сметајте дека натпреварот завршува барем 5 минути пред официјалниот крај за да сте сигурни дека ќе можете да ги поставите решенијата на вашите задачи. Само решенијата кои се испратени и прифатени од страна на електронскиот систем ќе бидат оценувани.
  • Конечните резултати ќе бидат објавени не подоцна од 15.04.2012.
  • При изборот на учесници на државниот натпревар ќе биде запазен и регионалниот принцип, со ограничување на бројот на учесници од дадено училиште, место и даден регион.
  • Организаторите го задржуваат правото во случај на ученици со ист број на поени од дадено училиште, по случаен избор да изберат еден натпреварувач од нив за учество на државниот натпревар.


Резултатите од натпреварот треба да го отсликуваат Вашето знаење. Затоа решенијата кои ќе ги предадете нека бидат ваши. На државниот натпревар ќе се пласираат само учениците за кои ќе бидеме сигурни дека доставиле нивни решенија на задачите.

Ви посакуваме успех на натпреварот!


Скопје, 28.03.2012

Комисија за натпревари по информатика 2012

XX РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 08.04.2012 Read More »

XIX РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 06.05.2011 (ЗА ПОЧЕТНИЧКА ГРУПА И ОЛИМПИСКА ГРУПА ВО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ)

Конечни резултати од регионалниот натпревар

Листа на поканети учесници на државниот натпревар

 

Почитувани натпреварувачи,

РЕГИОНАЛНИОТ натпревар по информатика за учесниците од почетничка група ќе се одвива електронски. Заради тоа, потребно е да го направите следното:

На 06 мај 2011 година, Вие треба да си обезбедите „работно место“ во периодот од 9:45 часот до 13:45 часот. Значи, треба да имате компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работите и кој има пристап до интернет. Доколку е тоа потребно, организирајте се со вашиот ментор да ви овозможи учество на регионалниот натпревар од вашето училиште. Можете да се натпреварувате и од дома.

Натпреварот ќе се спроведе преку системот за електронски натпревари. Учесници може да бидат сите оние кои испратиле решение на барем една задача на барем еден од претходните електронски натпревари, без разлика колку поени освоиле досега.

За сите учесници натпреварот започнува во 10:00 и трае до 13:30 часот – значи вкупно 3,5 часа. За време на првите 100 минути од натпреварот (до 11:40) можете да поставувате прашања. Прашањата ќе бидат одговорени најдоцна до 12:15. Се очекува резултатите да бидат објавени најдоцна 4 часа по завршувањето на натпреварот.

Доколку имате забелешки на резултатите, може вашите приговори преку вашите ментори да ги доставите во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде мислите дека има проблем. Приговорите се поднесуваат на ист начин како и за електронските натпревари, значи преку делот за поставување на прашања.

Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата објавени на почетната страна на системот и на веб-сајтот на ЗИМ, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.

Приговорите ќе бидат разгледани во рок од 3 ДЕНА и потоа ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и списокот на потенцијалните натпреварувачи за ДРЖАВНИОТ натпревар.

ЗНАЧАЈНИ ПРАВИЛА:

  • Натпреварот ќе се одржи на 06. Мај во периодот 10:00 – 13:30 часот.
  • Прашања во врска со задачите се примаат првите 100 минути од натпреварот.
  • Задачите се решаваат САМОСТОЈНО, не во група! Доколку има идентични решенија (според критериумите на комисијата), се одбиваат сите такви решенија, а ќе биде доведено во прашање и понатамошното учество на натпреварите на натпреварувачите со такви решенија.
  • Сметајте дека натпреварот завршува барем 5 минути пред официјалниот крај за да сте сигурни дека ќе можете да ги поставите решенијата на вашите задачи. Само решенијата кои се испратени и прифатени од страна на електронскиот систем ќе бидат оценувани.
  • Конечните резултати ќе бидат објавени не подоцна од 10.05.2011.
  • При изборот на учесници на државниот натпревар ќе биде запазен и регионалниот принцип, со ограничување на бројот на учесници од дадено училиште, место и даден регион.
  • Организаторите го задржуваат правото во случај на ученици со ист број на поени од дадено училиште, по случаен избор да изберат еден натпреварувач од нив за учество на државниот натпревар.


Резултатите од натпреварот треба да го отсликуваат Вашето знаење. Затоа решенијата кои ќе ги предадете нека бидат ваши. На државниот натпревар ќе се пласираат само учениците за кои ќе бидеме сигурни дека доставиле нивни решенија на задачите.

Ви посакуваме успех на натпреварот!


Скопје, 30.04.2011

Комисија за натпревари по информатика 2011

XIX РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 06.05.2011 (ЗА ПОЧЕТНИЧКА ГРУПА И ОЛИМПИСКА ГРУПА ВО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ) Read More »

XIX РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 12.03.2011 (ЗА ОСНОВНА И НАПРЕДНА ГРУПА)

Конечни резултати од регионалниот натпревар

Листа на поканети учесници на државниот натпревар

 

Почитувани натпреварувачи,

РЕГИОНАЛНИОТ натпревар по информатика за учесниците од основна и напредна група и оваа година ќе се одвива електронски. Заради тоа, потребно е да го направите следното:

На 12 март 2011 година, Вие треба да си обезбедите „работно место“ во периодот од 9:45 часот до 14:00 часот. Значи, треба да имате компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работите и кој има пристап до интернет. Доколку е тоа потребно, организирајте се со вашиот ментор да ви овозможи учество на регионалниот натпревар од вашето училиште. Можете да се натпреварувате и од дома.

Натпреварот ќе се спроведе преку системот за електронски натпревари. Учесници може да бидат сите оние кои испратиле решение на барем една задача на барем еден од претходните електронски натпревари, без разлика колку поени освоиле досега.

Натпреварувачите треба да одберат групата во која ќе се натпреваруваат (основна или напредна група) најдоцна до петок, 11.03.2010 до 23:55 часот. По овој рок, промена на група нема да биде можна.

За сите учесници натпреварот започнува во 10:00 и трае до 13:30 часот – значи вкупно 3,5 часа. За време на првите 100 минути од натпреварот (до 11:40) можете да поставувате прашања. Прашањата ќе бидат одговорени најдоцна до 12:15. Се очекува резултатите да бидат објавени најдоцна 4 часа по завршувањето на натпреварот.

Доколку имате забелешки на резултатите, може вашите приговори преку вашите ментори да ги доставите во рок од 48 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде мислите дека има проблем. Приговорите се поднесуваат на ист начин како и за електронските натпревари, значи преку делот за поставување на прашања.

Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата објавени на почетната страна на системот и на веб-сајтот на ЗИМ, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.

Приговорите ќе бидат разгледани во рок од 7 ДЕНА и потоа ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и списокот на потенцијалните натпреварувачи за ДРЖАВНИОТ натпревар.

ЗНАЧАЈНИ ПРАВИЛА:

  • Натпреварот ќе се одржи на 12. Март во периодот 10:00 – 13:30 часот.
  • Прашања во врска со задачите се примаат првите 100 минути од натпреварот.
  • Задачите се решаваат САМОСТОЈНО, не во група! Доколку има идентични решенија (според критериумите на комисијата), се одбиваат сите такви решенија, а ќе биде доведено во прашање и понатамошното учество на натпреварите на натпреварувачите со такви решенија.
  • Сметајте дека натпреварот завршува барем 5 минути пред официјалниот крај за да сте сигурни дека ќе можете да ги поставите решенијата на вашите задачи. Само решенијата кои се испратени и прифатени од страна на електронскиот систем ќе бидат оценувани.
  • Конечните резултати ќе бидат објавени не подоцна од 20.03.2011.
  • При изборот на учесници на државниот натпревар ќе биде запазен и регионалниот принцип, со ограничување на бројот на учесници од дадено училиште, место и даден регион.
  • Организаторите го задржуваат правото во случај на ученици со ист број на поени од дадено училиште, по случаен избор да изберат еден натпреварувач од нив за учество на државниот натпревар.


Резултатите од натпреварот треба да го отсликуваат Вашето знаење. Затоа решенијата кои ќе ги предадете нека бидат ваши. На државниот натпревар ќе се пласираат само учениците за кои ќе бидеме сигурни дека доставиле нивни решенија на задачите.

Ви посакуваме успех на натпреварот!

Скопје, 09.03.2011

Комисија за натпревари по информатика 2011

XIX РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 12.03.2011 (ЗА ОСНОВНА И НАПРЕДНА ГРУПА) Read More »

XVIII РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 20.03.2010

Конечни резултати од регионалниот натпревар

Листа на поканети учесници на државниот натпревар

 

Почитувани натпреварувачи,

РЕГИОНАЛНИОТ натпревар по информатика и оваа година ќе се одвива електронски. Заради тоа, потребно е да го направите следното:

На 20 март 2010 година, Вие треба да си обезбедите „работно место“ во периодот од 9:45 часот до 14:00 часот. Значи, треба да имате компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работите и кој има пристап до интернет. Доколку е тоа потребно, организирајте се со вашиот ментор да ви овозможи учество на регионалниот натпревар од вашето училиште. Можете да се натпреварувате и од дома.

Натпреварот ќе се спроведе преку системот за електронски натпревари. Учесници може да бидат сите оние кои испратиле решение на барем една задача на барем еден од претходните електронски натпревари, без разлика колку поени освоиле досега.

Натпреварувачите треба да одберат групата во која ќе се натпреваруваат (почетничка, основна или напредна група) најдоцна до четврток, 18.03.2010 до 23:55 часот. По овој рок, промена на група нема да биде возможна.

За сите учесници натпреварот започнува во 10:00 и трае до 14:00 часот – значи вкупно 4 часа. За време на првите 100 минути од натпреварот (до 11:40) можете да поставувате прашања. Прашањата ќе бидат одговорени најдоцна до 12:10. Се очекува резултатите да бидат објавени најдоцна 4 часа по завршувањето на натпреварот.

Доколку имате забелешки на резултатите, може вашите приговори преку вашите ментори да ги доставите во рок од 48 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде мислите дека има проблем. Приговорите се поднесуваат на ист начин како и за електронските натпревари, значи преку делот за поставување на прашања.

Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата објавени на почетната страна на системот и на веб-сајтот на ЗИМ, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.

Приговорите ќе бидат разгледани во рок од 7 ДЕНА и потоа ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и списокот на потенцијалните натпреварувачи за ДРЖАВНИОТ натпревар.

ЗНАЧАЈНИ ПРАВИЛА:

  • Натпреварот ќе се одржи на 20. Март во периодот 10:00 – 14:00 часот.
  • Прашања во врска со задачите се примаат првите 100 минути од натпреварот.
  • Задачите се решаваат САМОСТОЈНО, не во група, а доколку има идентични решенија, се одбиваат сите такви решенија.
  • Сметајте дека натпреварот завршува барем 5 минути пред официјалниот крај за да сте сигурни дека ќе можете да ги поставите решенијата на вашите задачи. Само решенијата кои се испратени и прифатени од страна на електронскиот систем ќе бидат оценувани.
  • Конечните резултати ќе бидат објавени не подоцна од 31.03.2010.
  • При изборот на учесници на државниот натпревар ќе биде запазен и регионалниот принцип, со ограничување на бројот на учесници од дадено училиште, место и даден регион.
  • Организаторите го задржуваат правото во случај на ученици со ист број на поени од дадено училиште, по случаен избор да изберат еден натпреварувач од нив за учество на државниот натпревар.


Резултатите од натпреварот треба да го отсликуваат Вашето знаење. Затоа решенијата кои ќе ги предадете нека бидат ваши. На државниот натпревар ќе се пласираат само учениците за кои ќе бидеме сигурни дека доставиле нивни решенија на задачите.

Ви посакуваме успех на натпреварот!

Скопје, 13.03.2010

Миле Јованов, Бојан Костадинов

Комисија за натпревари по информатика 2010

XVIII РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 20.03.2010 Read More »

XVII РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 21.03.2009

Конечни резултати од регионалниот натпревар

Листа на поканети учесници на државниот натпревар

 

Почитувани натпреварувачи,

РЕГИОНАЛНИОТ натпревар и оваа година ќе се одвива електронски. Заради тоа, потребно е следното:

На 21март 2009 год., Вие треба да си обезбедите „работно место“ во периодот од 9:45 часот до 13:30 часот. Значи, треба да имате компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работите и кој има пристап до интернет. Доколку е тоа потребно, организирајте се со вашиот ментор да ви овозможи учество на регионалниот натпревар од вашето училиште. Можете да се натпреварувате и од дома.

Натпреварот ќе се спроведе преку системот за електронски натпревари. Вие треба да се најавите со вашиот идентификационен број (исто како за електронските натпревари), да ги преземете задачите и да ги пратите решенијата во изворен код (.pas, .c или .cpp), а НЕ извршните верзии (exe)

Се очекува резултатите да бидат објавени најдоцна 4 часа по завршувањето на натпреварот.

Доколку имате забелешки на резултатите, може вашите приговори преку вашите ментори да ги доставите во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде мислите дека има проблем на адреса natprevarATgmail.com.

Приговорите ќе бидат разгледани во рок од 7 ДЕНА и потоа ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и како и списокот на потенцијалните натпреварувачи за ДРЖАВНИОТ натпревар.

Во текот на натпреварот ќе може да поставувате прашања во врска со задачите, преку прозорецот за комуникација.

ЗНАЧАЈНИ ПРАВИЛА:

  • Натпреварот се одвива на 21.Март во периодот 9:45 -13:30 часот.
  • Прашања во врска со задачите се примаат првите 100 минути од натпреварот.
  • Задачите се решаваат САМОСТОЈНО, не во група, доколку има идентични решенија, се одбиваат сите такви решенија.
  • Сметајте дека натпреварот завршува барем 5 минути пред официјалниот крај за да сте сигурни дека ќе можете да ги поставите решенијата на вашите задачи.
  • Конечните резултати ќе бидат објавени не подоцна од 1.04.2009
  • При изборот на учесници на државниот натпревар ќе биде запазен и регионалниот принцип, со ограничување на бројот на учесници од дадено училиште, место и даден регион.
  • Организаторите го задржуваат правото во случај на ученици со ист број на поени од дадено училиште, по случаен избор да изберат еден натпреварувач од нив за учество на државниот натпревар.

 

Ви посакуваме успех на натпреварот!

 Скопје, 10.03.2009

 Миле Јованов
Комисија за натпревари 2009

 

ПОСЛЕДНИ УПАТСТВА ЗА НАТПРЕВАРОТ:

  • Натпреварот ќе се одвива електронски како и претходните електронски натпревари. Учесници може да бидат сите оние кои испратиле решение на барем една задача на барем еден од претходните електронски натпревари, без разлика колку поени освоиле досега.
  • За сите учесници натпреварот започнува во 10:00 и трае до 13:30 часот.
  • Пред да почнете со работа, прочитајте ги уште еднаш документите и дискусиите поставени на погорните линкови: Правила за учество во натпреварите, Прозорец за комуникација и Начин на спроведување на регионалниот натпревар.
  • Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата наведени во тие документи, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.
  • За време на првите 100 минути од натпреварот (до 11:40) можете да поставувате прашања преку прозорецот за комуникација. Прашањата ќе бидат одговорени најдоцна до 12:10.

 

Резултатите од натпреварот треба да го отсликуваат Вашето знаење. Затоа решенијата кои ќе ги предадете нека бидат ваши. На државниот натпревар ќе се пласираат само учениците за кои ќе бидеме сигурни дека доставиле нивно решение на задачата.

Ви посакуваме успех на натпреварот!

Скопје, 17.03.2009

Миле Јованов
Комисија за натпревари 2009

XVII РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 21.03.2009 Read More »