XVII РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 21.03.2009

Конечни резултати од регионалниот натпревар

Листа на поканети учесници на државниот натпревар

 

Почитувани натпреварувачи,

РЕГИОНАЛНИОТ натпревар и оваа година ќе се одвива електронски. Заради тоа, потребно е следното:

На 21март 2009 год., Вие треба да си обезбедите „работно место“ во периодот од 9:45 часот до 13:30 часот. Значи, треба да имате компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работите и кој има пристап до интернет. Доколку е тоа потребно, организирајте се со вашиот ментор да ви овозможи учество на регионалниот натпревар од вашето училиште. Можете да се натпреварувате и од дома.

Натпреварот ќе се спроведе преку системот за електронски натпревари. Вие треба да се најавите со вашиот идентификационен број (исто како за електронските натпревари), да ги преземете задачите и да ги пратите решенијата во изворен код (.pas, .c или .cpp), а НЕ извршните верзии (exe)

Се очекува резултатите да бидат објавени најдоцна 4 часа по завршувањето на натпреварот.

Доколку имате забелешки на резултатите, може вашите приговори преку вашите ментори да ги доставите во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде мислите дека има проблем на адреса natprevarATgmail.com.

Приговорите ќе бидат разгледани во рок од 7 ДЕНА и потоа ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и како и списокот на потенцијалните натпреварувачи за ДРЖАВНИОТ натпревар.

Во текот на натпреварот ќе може да поставувате прашања во врска со задачите, преку прозорецот за комуникација.

ЗНАЧАЈНИ ПРАВИЛА:

  • Натпреварот се одвива на 21.Март во периодот 9:45 -13:30 часот.
  • Прашања во врска со задачите се примаат првите 100 минути од натпреварот.
  • Задачите се решаваат САМОСТОЈНО, не во група, доколку има идентични решенија, се одбиваат сите такви решенија.
  • Сметајте дека натпреварот завршува барем 5 минути пред официјалниот крај за да сте сигурни дека ќе можете да ги поставите решенијата на вашите задачи.
  • Конечните резултати ќе бидат објавени не подоцна од 1.04.2009
  • При изборот на учесници на државниот натпревар ќе биде запазен и регионалниот принцип, со ограничување на бројот на учесници од дадено училиште, место и даден регион.
  • Организаторите го задржуваат правото во случај на ученици со ист број на поени од дадено училиште, по случаен избор да изберат еден натпреварувач од нив за учество на државниот натпревар.

 

Ви посакуваме успех на натпреварот!

 Скопје, 10.03.2009

 Миле Јованов
Комисија за натпревари 2009

 

ПОСЛЕДНИ УПАТСТВА ЗА НАТПРЕВАРОТ:

  • Натпреварот ќе се одвива електронски како и претходните електронски натпревари. Учесници може да бидат сите оние кои испратиле решение на барем една задача на барем еден од претходните електронски натпревари, без разлика колку поени освоиле досега.
  • За сите учесници натпреварот започнува во 10:00 и трае до 13:30 часот.
  • Пред да почнете со работа, прочитајте ги уште еднаш документите и дискусиите поставени на погорните линкови: Правила за учество во натпреварите, Прозорец за комуникација и Начин на спроведување на регионалниот натпревар.
  • Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата наведени во тие документи, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.
  • За време на првите 100 минути од натпреварот (до 11:40) можете да поставувате прашања преку прозорецот за комуникација. Прашањата ќе бидат одговорени најдоцна до 12:10.

 

Резултатите од натпреварот треба да го отсликуваат Вашето знаење. Затоа решенијата кои ќе ги предадете нека бидат ваши. На државниот натпревар ќе се пласираат само учениците за кои ќе бидеме сигурни дека доставиле нивно решение на задачата.

Ви посакуваме успех на натпреварот!

Скопје, 17.03.2009

Миле Јованов
Комисија за натпревари 2009