Информации со списоци

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2014

Програма на XXV Државен натпревар по информатика,

СКОПЈЕ 2014

НатпреварувачиМентори
22. март 2014 год. (сабота)
до 9:45

Пристигнување на учесниците во зградата на Технолошко – металуршкиот факултет (ТМФ), простории на ФИНКИ

 до 10:00 Пријава на учесниците пред амфитеатарот на ТМФ
10:00 – 10:25

Официјално отворање на натпреварот

Амфитеатар на ТМФ

10:25 – 10:35 Сместување на натпреварувачите во лаборатории
во лабораториите на ФИНКИ на првиот кат (простории 200 и 215) и во лабораториите на СЕМОС едукација
11:20 – 12:50 Работилница – „Активности на ЗИМ поврзани со наставни програми по информатика“
во бифе на ТМФ – подрум
10:40/11:10 – 13:40 Тек на натпреварот
– во лабораториите на ФИНКИ во долната зграда и во лабораториите на СЕМОС едукација
13:00 – 13:40 Ручек
13:45 – 14:20

Ручек

– бифе ТМФ (подрум)

14:20 – 14:50 Презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ
во просторија 117, приземје
14:50 Објавување на резултати
пред просторија 200
14:50 – 15:50 Поднесување на приговори
пред просторија 200
15:10 – 15:50 Разгледување на приговорите
во просторија 200
16:30 – 17:30

Објавување резултати, доделување награди, дипломи, пофалби и признанија

 – во амфитеатарот во Технолошко-металуршкиот факултет

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2014 Read More »

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2014

  • Право на учество на регионалниот натпревар имаат сите натпреварувачи кои имаат решено најмалку 10 (десет) задачи од тренинг делот на системот и се пријавени од нивниот ментор или друг претставник од училиштето во кое учат.
  • Пријавувањето на учесници се врши со порака на natprevarATcs.org.mk со наведување на листа на учесници од училиштето (име, презиме, одделение/клас, група во која се натпреварува, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и контакт телефон до одговорниот професор. Истото мора да е направено најдоцна до вторник (25.02.2014).
  • Регионалниот натпревар се спроведува електронски, преку системот за натпревари – http://mendo.mk/. Училиштата од кои има пријавено повеќе од двајца ученици СЕ ДОЛЖНИ, во предвиденото време за спроведување на натпреварот да обезбедат просторија со работни компјутери (кои не споделуваат исти хард дискови), два пати повеќе од бројот на пријавени учесници. На компјутерите треба да се инсталирани предложените програмски околини за Pascal и C++ и треба да имаат достап САМО до сајтот за натпревари mendo.mk.
  • По добиените пријави ќе биде направен распоред за спроведување на натпреварот по училишта и истиот ќе биде објавен најдоцна 24 часа пред започнувањето на натпреварот.
  • Регионалниот натпревар се спроведува во три натпреварувачки групи: почетничка, основна и напредна.
  • Приговорите се поднесуваат во рок од 24 часа од објавувањето на резултатите, по електронска пошта, на адресата: natprevarATcs.org.mk, повторно од лицето кое го пријавило соодветниот учесник. Пред поднесување на приговор задолжително прочитајте го делот за Приговори во правилата на натпреварите.
  • Конечните резултати од регионалниот натпревар се објавуваат најдоцна 7 дена од завршувањето на рокот за поднесување на приговори. Притоа, комисијата наведува за секоја група кој натпреварувач каква диплома/признание има освоено. И освоените дипломи/признанија ќе бидат презентирани во електронски облик.
 
  • ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕНТОРИТЕ: 
    • Можност за учество на државен натпревар ќе се стекнува на ниво на училиште. Секое училиште ќе може да испрати толку натпреварувачи колку што имааат освоено награди минатата година во соодветната натпреварувачка група (значи, ако минатата година 7 ученици од училиштето Х имале освоено диплома за прва, втора или трета награда, толку ученици според бројот на поени ќе добијат можност за учество годинава). 
    • Дополнително, секое училиште ќе може да испрати по 1 до 3 натпреварувачи, во зависност од одлуката на комисијата за натпревари за секое училиште индивидуално (во зависност од останатите расположиви места и запазување на регионалниот принцип).
    • Утврдено заедничко решавање на задачи или (скоро) идентични кодови може да влијае на дисквалификација на цело училиште или намалување на квотата.

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2014 Read More »