КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР 2014
КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР 2014 Read More »
ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2014 Read More »
Прелиминарни и тековни информации за натпреварот
Листа на пријавени ученици за регионалниот натпревар
Конечни резултати од регионалниот натпревар
Листа на поканети учесници на државниот натпревар
Почитувани натпреварувачи и ментори,
секој ментор го доби следново известување на неговата е-адреса:
Почитуван ментор,
Одговорноста за натпреварувањето на учениците наведени во објавената „Прелиминарна листа на пријавени учесници на регионалниот натпревар“, пријавени од Ваша страна, е лично Ваша (и на останатите ментори од Вашето училиште).
Ве молиме, со одговор на оваа порака да потврдите дека сте ја примиле пораката и дека ги прифаќате правилата и одговорностите околу спроведувањето на натпреварот, односно следното:
1. Изборот на група за натпреварување мора да е направена на системот за натпреварување. При изборот на група МОРА да се внимава околу ограничувањата дадени во описот на групите. Отстапки нема да се дозволат и ќе се смета дека учеството во несоодветна група е од ревијален карактер, а не за квалификација за следен натпревар.
2. На 01 март 2014 година, натпреварувачите треба да имаат обезбедено „работно место“ во периодот од 10:45 часот до 13:30 часот.
Доколку од едно училиште има повеќе од двајца натпреварувачи, менторот (или менторите) од училиштето МОРА да организираат надгледувано спроведување на натпреварот (заедно сите ученици во училиштето или на некое друго место со потребните услови и задолжително присуство на менторот/менторите).Значи, за секој ученик треба да има компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работи, кој има пристап ЕДИНСТВЕНО до mendo.mk, и кој нема никаков друг пристап на интернет.
Во случај од дадено училиште да има еден или двајца ученици, тие би можеле да се натпреваруваат и од дома. Во тој случај менторот МОРА да ги запознае со правилата на однесување при натпреварувањето.
3. Натпреварот ќе се спроведе преку системот за електронски натпревари. За сите учесници натпреварот започнува во 11:00 и трае до 13:00 часот – значи вкупно 2 часа.
За време на првите 75 минути од натпреварот (до 12:15) може да се поставуваат прашања. Прашањата ќе бидат одговорени најдоцна до 12:35. Прашањата МОРА да се однесуваат на евентуално дообјаснување на текстот на задачата, или во исклучителен случај, да се од техничка природа (но за прашања кои веќе не се одговорени во документите со правила за спроведување на натпреварите).
Прашањата за кои веќе е даден одговор (јасно е дадено во текстот на задачата или веќе е напишано во правилата за спроведување на натпреварите) најверојатно нема да бидат одговорени воопшто или ќе бидат одговорени со „Без коментар“.
4. ВАЖНО: Задачите се решаваат САМОСТОЈНО, не во група! Доколку има идентични решенија предадени од ученици за кои е организирано надгледувано натпреварување (според критериумите на комисијата), најверојатно ќе биде преземена мерка ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО (сите учесници од тоа училиште) и ќе бидат доделени 0 поени на сите ученици.
Оваа мерка ќе биде преземена, бидејќи исти кодови ќе значат дека натпреварот во соодветното училиште не е спроведен според правилата за натпреварување: самостојна работа, никакви дискусии (директни или по електронски пат) помеѓу учесниците, интернет пристап до други локации освен до сајтот за натпреварите.
5. При изборот на учесници на државниот натпревар ќе биде запазен и регионалниот принцип, со ограничување на бројот на учесници од дадено училиште, место и даден регион. За таа цел, можно е од менторот да биде побарано, и одговорност на менторот е да одговори на барањето, така што ќе избере само дел од учесниците за учество на Државниот натпревар.
Веруваме дека тоа нема да биде дополнителен товар за менторот, затоа што по завршувањето на натпреварот, доколку спроведувањето поминало во најдобар ред, менторот ќе има точна ранг листа за постигнувањата на своите ученици.
Подетално за регионално-училишниот принцип е објаснето на веб страната на ЗИМ.
6. Постапка за приговори: Доколку има забелешки на резултатите, преку менторите истите се доставуваат во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде се мисли дека има проблем. Приговорите се поднесуваат на natprevarATcs.org.mk.
Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата објавени на почетната страна на системот и на веб-сајтот на ЗИМ, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.
Приговорите ќе бидат разгледани во рок од 5 ДЕНА и потоа ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и списокот на потенцијалните натпреварувачи за ДРЖАВНИОТ натпревар.
Со желби за добар успех,
Комисија за натпревари 2014
Сите натпреварувачи чии ментори кои ќе одговорат на поракава ќе може да учествуваат на натпреварот според информацијата која ќе им ја даде менторот.
XXII РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 01.03.2014 Read More »
И оваа година, Здружението на информатичарите на Македонија, по дваесет и петти пат организира циклус натпревари по информатика.
Во првиот дел од циклусот, подготовките (до 28.02.2014), натпреварувачите ќе бидат рангирани според бројот на решени задачи од тренинг делот на МЕНДО. Секоја решена задача носи по 1 поен (без разлика кога таа била решена, после колку обиди, итн). Од овој дел, натпреварувачите можат да освојат најмногу 20 поени.
Право на учество на регионалниот натпревар ќе имаат сите натпреварувачи кои имаат решено најмалку 10 (десет) задачи од тренинг делот на системот и се пријавени од нивниот ментор или друг претставник од училиштето во кое учат. Пријавувањето на учесници се врши со порака на natprevar@cs.org.mk со наведување на листа на учесници од училиштето (име, презиме, одделение/клас, група во која се натпреварува, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и контакт телефон до одговорниот професор. Истото мора да е направено најдоцна до вторник (25.02.2014).
Важно: Прочитајте ги правилата “Натпревари по информатика 2014”, како и прелиминарните информации за регионалниот натпревар. Забележете дека, од оваа година, можност за учество на државен натпревар ќе се стекнува на ниво на училиште.
Циклус натпревари по информатика 2014 Read More »
Набрзо започнува курс за програмирање во Семос едукација. Ова е онлајн можност за подготовка за претстојните натпревари. Повеќе информации тука.
Започнува курс за програмирање Read More »
Сребрениот медал го освои Климент Серафимов, а бронзените медали Бојан Серафимов и Васил Кузевски.
На 21-вата Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2013) која од 7-ми до 14-ти септември се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, македонските ученици го постигнаа најдобриот резултат за Македонија досега. Под раководство на лидерите, м-р Миле Јованов и м-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), четиричлената македонска екипа освои еден сребрен и два бронзени медали. Ученикот Климент Серафимов, кој од годинава го продолжува своето средно образование во Италија, го освои сребрениот медал, а учениците во четврта година Бојан Серафимов и Васил Кузевски ги освоија бронзените медали. Четврт македонски учесник на натпреварувањето беше ученикот од Струмица Филип Беџовски.
На Балканската олимпијада учествуваат тимови составени од најмногу четворица натпреварувачи-средношколци од следните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција. Годинава, отсуството на Албанија и присуството на најсилните балкански земји во оваа област, Бугарија, Романија, Србија и Турција го направи освојувањето на медал навистина предизвик, а со бројот на освоените медали Македонија зад себе ги остави сите останати земји и се вброи меѓу традиционално најуспешните.
Дополнително, како претставници на земји-гости на БОИ, во неофицијална конкуренција учествуваа и тимови од Хрватска, Словенија и Таџикистан. Сите учесници покрај натпреварувачките активности учествуваа и во културни активности за претставување на земјата-домаќин и нивно меѓусебно запознавање.
Патувањето до Сараево го покри Министерството за информатичко општество и администрација на Македонија и со тоа ја искажа својата поддршка на активностите на Здружението на информатичарите на Македонија во организација на натпреварите по информатика. ФИНКИ редовно ја поддржува организацијата на натпреварите по информатика.
Следната, 22-ра по ред, Балканска Олимпијада по Информатика, ќе се одржи идната година во Турција.
Еден сребрен и два бронзени медали на Балканската Олимпијада по Информатика 2013 Read More »
Од 07.09. до 14.09. во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа 21-ата по ред Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ).
Македонија на БОИ 2013 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Бојан Серафимов, Климент Серафимов, Васил Кузевски и Филип Беџовски, како и лидерите Миле Јованов и Емил Станков.
Веб страна за настанот: http://www.boi2013.org/.
Балканска Олимпијада по Информатика 2013 Read More »
Бронзениот медал го освои Бојан Серафимов од Виница.
Најдобрите македонски информатичари, избрани од циклусот национални натпревари по информатика забележаа уште еден голем информатички успех. На 25-тата Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2013), која од 6-ти до 13-ти Јули се одржува во Бризбејн, Австралија, македонскиот тим, составен од учениците Бојан Серафимов, Климент Серафимов, Росица Дејановска и Васил Кузевски, предводени од лидерите, м-р Миле Јованов и Емил Станков, освои бронзен медал. Овој резултат претставува продолжување на континуитетот на успешни претставувања на Македонија на интернационалните информатички олимпијади во последниве неколку години и нова потврда за знаењата од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици.
ИОИ е најпрестижниот годишен натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите – членки на ИОИ заедницата. На ИОИ 2013 учествуваат вкупно 299 ученици, кои право на учество обезбедија преку националните натпревари во програмирање спроведени во 80 земји од целиот свет. Во ваква силна конкуренција, бронзениот медал за Македонија го освои Бојан Серафимов, ученик од Виница, а треба да се напомене дека и останатите тројца наши натпреварувачи постигнаа одлични резултати.
Според претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, Миле Јованов:
„Информатиката е олимписка дисциплина која на Македонија само во последните 4 години и има донесено 6 медали од интернационалната олимпијада и 22 медали од балканските олимпијади, што ја прави еден од најтрофејните дисциплини. За жал, Здружението на информатичарите на Македонија, како организатор на националните натпревари и организатор на учеството на интернационалните олимпијади редовно се соочува со проблеми во обезбедување на финансирање за спроведување на натпреварите и покривање на трошоците за патување. Бидејќи нема организирана поддршка, оваа година само дел од трошоците ги покрија Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и компаниите Нетцетера и Ассеко-СЕЕ, додека останатите трошоци се на директен товар на учесниците.
Освоен медал на интернационална олимпијада значи полна стипендија за студирање директно од некој од најпрестижните светски универзитети по информатика која може да достигне и до 250.000 долари, што значи дека државата може да заштеди сума во таа висина, од програмата за стипендирање студирање на странски универзитети, со пренасочување на само мал дел од тие средства кон организација на натпреварите.“
Натпревар кој претстои на најдобрите македонски ученици по информатика е Балканската олимпијада по информатика, која ќе се одржи во септември, во Сараево, Босна и херцеговина.
Следната, 26-та по ред, Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2014), ќе се одржи од 13-ти до 20-ти Јули во градот Тајпеј, Тајван.
Веб страна за Интернационалната Олимпијада по Информатика 2013: http://www.ioi2013.org.
Бронзен медал на Интернационалната Олимпијада по Информатика 2013 Read More »
Од 06.07. до 13.07. во Бризбејн, Австралија, се одржа 25-тата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ).
Македонија на ИОИ 2013 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Бојан Серафимов, Росица Дејановска, Васил Кузевски и Климент Серафимов, како и лидерите Миле Јованов и Емил Станков.
Веб страна за настанот: http://www.ioi2013.org/.
Интернационална Олимпијада по Информатика 2013 Read More »