XXXI ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА, 20 – 22.03.2020

Заради актуелната ситуација предизвикана од мерките за справување со Covid-19 натпреварот беше одложен. И покрај барањето од ЗИМ до МОН, Владата и Комисијата за заразни болести доставено во мај за одобрување на протокол за спроведување на државниот натпревар, до почетокот на август не добивме одговор на барањето.
Затоа, ЗИМ донесе одлука да ги земе предвид резултатите од регионалниот натпревар (кој беше единствениот регуларно спроведен натпревар) како основа за утврдување на постигнувањата на учениците пласирани на државниот натпревар. Сите ученици, со одлуката имаат освоено соодветни награди како и на регионалниот натпревар усогласени со правилникот за организација на државни натпревари на МОН.

Учениците кои имаат амбиција да учествуваат на Македонската олимпијада по информатика со цел да влезат во тимовите за интернационалните натпревари ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да учествуваат на следната серија од натпревари во периодот 20ти-23ти март.

Агенда на Државниот натпревар 2020

Листа на поканети учесници на Државниот натпревар 2020

Конечни резултати од Државниот натпревар 2020