Прелиминарни и тековни информации за натпреварот
Конечни резултати од регионалниот натпревар
Листа на поканети учесници на државниот натпревар
Почитувани натпреварувачи и ментори,
РЕГИОНАЛНИОТ натпревар по информатика ќе се одвива електронски. Заради тоа, потребно е да се направи следното:
На 08 април 2012 година, натпреварувачите треба да имаат обезбедено „работно место“ во периодот од 11:45 часот до 15:15 часот. Значи, треба да имаат компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работат и кој има пристап до интернет.
Доколку од едно училиште има повеќе од двајца натпреварувачи, менторот (или менторите) од училиштето треба да организираат надгледувано спроведување на натпреварот (заедно сите ученици во училиштето или на некое друго место со потребните услови и задолжително присуство на менторот (барем еден до менторите)).
Останатите учесници може да се натпреваруваат и од дома.
Натпреварот ќе се спроведе преку системот за електронски натпревари.
За сите учесници натпреварот започнува во 12:00 и трае до 15:00 часот – значи вкупно 3 часа. За време на првите 90 минути од натпреварот (до 13:30) можете да поставувате прашања. Прашањата ќе бидат одговорени најдоцна до 14:00. Се очекува резултатите да бидат објавени најдоцна 4 часа по завршувањето на натпреварот.
Доколку имате забелешки на резултатите, може вашите приговори преку вашите ментори да ги доставите во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде мислите дека има проблем. Приговорите се поднесуваат на natprevarATgmail.com.
Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата објавени на почетната страна на системот и на веб-сајтот на ЗИМ, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.
Приговорите ќе бидат разгледани во рок од 5 ДЕНА и потоа ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и списокот на потенцијалните натпреварувачи за ДРЖАВНИОТ натпревар.
ЗНАЧАЈНИ ПРАВИЛА:
- Натпреварот ќе се одржи на 08. Април во периодот 12:00 – 15:00 часот.
- Прашања во врска со задачите се примаат првите 90 минути од натпреварот.
- Задачите се решаваат САМОСТОЈНО, не во група! Доколку има идентични решенија (според критериумите на комисијата), се одбиваат сите такви решенија, а ќе биде доведено во прашање и понатамошното учество на натпреварите на натпреварувачите со такви решенија.
- Сметајте дека натпреварот завршува барем 5 минути пред официјалниот крај за да сте сигурни дека ќе можете да ги поставите решенијата на вашите задачи. Само решенијата кои се испратени и прифатени од страна на електронскиот систем ќе бидат оценувани.
- Конечните резултати ќе бидат објавени не подоцна од 15.04.2012.
- При изборот на учесници на државниот натпревар ќе биде запазен и регионалниот принцип, со ограничување на бројот на учесници од дадено училиште, место и даден регион.
- Организаторите го задржуваат правото во случај на ученици со ист број на поени од дадено училиште, по случаен избор да изберат еден натпреварувач од нив за учество на државниот натпревар.
Резултатите од натпреварот треба да го отсликуваат Вашето знаење. Затоа решенијата кои ќе ги предадете нека бидат ваши. На државниот натпревар ќе се пласираат само учениците за кои ќе бидеме сигурни дека доставиле нивни решенија на задачите.
Ви посакуваме успех на натпреварот!
Скопје, 28.03.2012
Комисија за натпревари по информатика 2012