Македонија освои еден сребрен и пет бронзени медали на годинешната Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ 2016) што се одржа во Скопје. Во конкуренција на 39 ученици од 9 земји од Балканот, сребрениот медал го освои Марко Ќаласан, додека бронзени медали освоија Андреј Величковски, Јосиф Тепеѓозов, Мила Ќосева, Даријан Шекеров и Филип Шијаков. Ова воедно е најголемиот успех на еден македонски тим во историјата на јуниорските балкански олимпијади.