Пред крај сме на уште еден циклус на натпревари по информатика.
Државниот натпревар претставуваше натпревар за одмерување на силите на најдобрите информатичари – програмери во Македонија од средните училишта. На сите учесници кои постигнаа добри резултати на државниот натпревар по информатика им честитаме на успехот.
Олимпијадата по информатика претставува врвен натпревар на кој се избираат екипите за претставување на Република Македонија на меѓународните натпревари. Задачите се значително потешки и треба да го отсликаат вашето севкупно подготвување. За добар резултат е потребно големо познавање на специфични алгоритми од различни области, лесно и брзо откривање на проблемот и соодветниот алгоритам за него, согледување на можните гранични случаи и евентуални прилагодувања и подобрувања на основниот алгоритам и нормално – брзо кодирање.
Заради големиот број на поени кои ги носи овој натпревар, сите поканети учесници имаат теоретска шанса да се пласираат на првите неколку места во финалната табела. Се зависи од покажаното знаење.
По барање на менторите, а со одлука на комисијата, олимпијадата се поместува за 6 дена и ќе се одржи на 15.05 (петок), за да се даде можност на натпреварувачите подобро да се подготват.
Ви посакуваме успех на натпреварот!
Миле Јованов,
Комисија за натпревари 2009