Информација во врска со Државниот натпревар 2020
Информација во врска со Државниот натпревар 2020 Read More »
Заради актуелната ситуација предизвикана од мерките за справување со Covid-19 натпреварот беше одложен. И покрај барањето од ЗИМ до МОН, Владата и Комисијата за заразни болести доставено во мај за одобрување на протокол за спроведување на државниот натпревар, до почетокот на август не добивме одговор на барањето.
Затоа, ЗИМ донесе одлука да ги земе предвид резултатите од регионалниот натпревар (кој беше единствениот регуларно спроведен натпревар) како основа за утврдување на постигнувањата на учениците пласирани на државниот натпревар. Сите ученици, со одлуката имаат освоено соодветни награди како и на регионалниот натпревар усогласени со правилникот за организација на државни натпревари на МОН.
Информација во врска со Државниот натпревар 2020 Read More »
Заради актуелната ситуација предизвикана од мерките за справување со Covid-19, Државниот натпревар е одложен. Новиот датум ќе биде утврден по ублажувањето на мерките.
Учениците кои имаат амбиција да учествуваат на Македонската олимпијада по информатика со цел да влезат во тимовите за интернационалните натпревари, ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да учествуваат на следната серија од натпревари во периодот 20ти-23ти март
Одложување на Државниот натпревар 2020 Read More »
XXVIII Регионален натпревар по информатика се одржа на 7 март 2020 година, во четири региона: Скопје, Струга, Струмица и Кавадарци.
Повеќе информации за натпреварот можете да најдете овде.
Регионален натпревар 2020 Read More »
Здружението на информатичарите на Македонија, и оваа година организира циклус на натпревари по информатика. Сите информации поврзани со натпреварите, правилата, датумите и слично, можат да се најдат на веб-сајтот на ЗИМ. Во однос на програмирањето, повеќето натпревари во оваа година (училишен, регионален и државен) ќе се спроведуваат преку системот МЕНДО.
Повеќе информации, како и календарот за натпревари и специфичните правила за бодување се објавени на веб–сајтот на ЗИМ, во делот за натпревари.
Натпревари по информатика 2020 Read More »
На 28.12.2019, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), се одржа Годишното собрание на Здружението на Информатичари на Македонија (ЗИМ).
Годишно собрание на ЗИМ 2019 Read More »
Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) и годинава се придружува кон напорите за промовирање на информатиката и алгоритамското размислување на учениците од основното и средното образование, и по петти пат го организираше интернационалниот натпревар ДАБАР. Истиот се одржува во преку 50 држави во светот.
По минатогодишниот успех, кога над 200 училишта и околу 25 000 ученици и наставници од нашата држава земаа учество на натпреварот, со што Македонија беше помеѓу државите со (процентуално) најголем број на учесници, Ви благодариме што и годинава се вклучивте во активноста.
Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со 3то одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот е исклучително популарен, се спроведува во многу држави и има добиено повеќе признанија и награди на разни научни конференции. Задачите кои им се даваат на учениците се создадени со цел да ги мотивираат истите да размислуваат за принципите, идеите и концептите поврзани со информатиката и технологијата. Натпреварот се спроведува на училишните компјутери, како едноставна наставна активност во рамките на еден наставен час (според можностите, секој клас може да учествува во различен термин).
Во Македонија, Дабар се одржа во периодот 11-15 ноември 2019. Регистрацијата за натпреварот беше едноставна и траеше само 1-3 минути, а за спроведување на натпреварот не беше потребна никаква подготовка на компјутерите или инсталација на дополнителни програми и алатки. За да се учествува во натпреварот, за секое училиште доволно беше ЕДНО лице да изврши регистрација за натпреварот преку пристапување на сајтот talent.mk. Регистрацијата беше отворена до 10.11.2019. По регистрацијата, лицето добиваше упатство за спроведување на настанот (краток документ).
Сите учесници (ментори, ученици и поддржувачи) ќе добијат сертификати, по е-маил, по завршување на натпреварот. На сајтот на Дабар 2019 ќе биде објавена и листа на училиштата кои земале учество, како благодарност за нивната поддршка за промовирањето на натпреварот и науката.
ЗИМ и годинава овозможи учеството на натпреварувачите да е бесплатно. Со цел да ја промовираме оваа активност и во Република Македонија, се надеваме на поддршка од сите основни и средни училишта во Македонија. На тој начин, заедно можеме да ги промовираме компјутерските науки кај учениците, со што ќе придонесеме за нивниот развој, како и за развојот на нашата држава.
Сите информации кои не можат да се најдат на сајтот talent.mk може да ги побарате на dabar.makedonija@gmail.com
Од 09.09.2019 до 14.09.2019, во Атина, Грција, се одржа XXVII Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2019).
Македонија на БОИ 2019 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Мартин Динев, Андреј Величковски, Благојче Павлески и Владимир Шарковски, како и лидерите Емил Станков и Владислав Бидиков.
Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.
XXVII Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2019) Read More »
Еден сребрен и два бронзени медали на Балканската олимпијада по информатика во Атина
Три медали за Македонија на БОИ 2019 Read More »
Од 23.08.2019 до 29.08.2019, во Марибор, Словенија, се одржа третата по ред Европска Јуниорска Олимпијада по Информатика (ЕЈОИ 2019), како и 13-тата по ред Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика (ЈБОИ 2019).
Македонија на ЕЈОИ 2019 и ЈБОИ 2019 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Тео Китановски, Иван Занов, Атина Рувинова и Сара Стефановска, како и лидерите Миле Јованов и Емил Станков.
Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.
III Европска Јуниорска Олимпијада по Информатика (ЕЈОИ 2019) Read More »
Сребрен и бронзен медал на меѓународните јуниорски натпревари по информатика
Сребрен медал на ЈБОИ 2019 и бронзен медал на ЕЈОИ 2019 Read More »