Почитувани ученици и ментори,
Регионалниот натпревар годинава, според усогласениот календар со другите научни здруженија, ќе се одржи на 11.03. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи на повеќе локации.
Распоредот кој ученик на која локација се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници. Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.
ВАЖНИ информации
- Натпреварите во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mk. За да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
- Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество – број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште – тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар по ментори од училиштето во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
- Годинава, секое средно училиште може да учествува со 3 натпреварувачи (а=3), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b за училиштата, пресметан според минатогодишните резултати, е даден во листата подолу.
- Училиштата-домаќини имаат право на најмногу еден дополнителен натпреварувач. Заради вонредните пандемиски услови, секое училиште кое има пријавено повеќе од еден натпреварувач треба да е подготвено да биде домаќин на одреден број учесници (барем 10). За нив ќе треба да обезбеди просторија (простории) со компјутер со интернет пристап само до mendo.mk и видео надзор (може и од камера од лаптоп) за време на траење на натпреварот.
- Пријавувањето на учесници годинава се врши со пополнување на следната форма за секој учесник од училиштето (се пополнуваат: име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и име, е-адреса и контакт телефон до одговорниот професор. Тоа мора да е направено најдоцна до среда (01.03.2023) до 16:00.
- Програмски јазик кој може да го користат учесниците е С++.
- Во вторник (28.02.2023) со почеток од 17:00 часот ќе биде одржан т.н. училишен натпревар. Тој има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат, за него нема да се објави ранг листа со резултати, но е задолжителен и ученик кој не бил на училишниот натпревар нема да може да учествува на регионалниот натпревар. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, а менторите треба да ги видат индивидуално кај секој од учениците. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни одделенија/години. Менторите преземаат обврска да гарантираат дека нивните ученици учествувале на натпреварот чесно, така што натпреварот ќе го организираат во училиштето или ќе ја надгледуваат активноста на учениците електронски.
- Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може да се пријави преку училиштето/менторот за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари) или тоа може да го направи лично на natprevarATcs.org.mk. Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 04.03 треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: – цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2023; – износ: 1500 денари.
Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати
Име на училиште | Град на училиштето | Дополнителни места (b=) |
Меѓународни Училишта НОВА | Скопје | 2 |
ОСУ „Ацо Русковски” | Берово | 1 |
ДСУ Математичко информатичка гимназија | Скопје | 17 |
СУГС „Орце Николов“ | Скопје | 2 |
ООУ „Ванчо Прке“ – Штип | Штип | 1 |
ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ | Скопје | 1 |
ООУ „11 Октомври“ | Скопје | 1 |
Семос Едукација | Скопје | 2 |
ПСУ „Јахја Кемал“ | Скопје | 7 |
ПСУ „Јахја Кемал“ | Струга | 2 |
ООУ„Климент Охридски“ | Прилеп | 1 |
ОOУ „Единство“ | Гостивар | 1 |
СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ | Скопје | 1 |
ООУ„Наум Наумовски Борче“ | Скопје | 1 |
Центар за едукација Круг | Прилеп | 1 |
СОУ Гимназија „Сами Фрашери“ | Куманово | 1 |
СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ | Штип | 1 |
СУГС Гимназија „Никола Карев“ | Скопје | 1 |
ОСУ „Св. Климент Охридски“ | Охрид | 1 |
СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ | Кавадарци | 1 |
ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ | Прилеп | 2 |
ООУ „Никола Карев“ | Радовиш | 1 |
ООУ „Сандо Масев“ | Струмица | 1 |
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ | Прилеп | 3 |
СОУ „Јане Сандански“ | Струмица | 2 |
СОУ „Коста Сусинов“ | Радовиш | 1 |
СОУ Гимназија „Гоце Делчев “ | Куманово | 1 |
СОУ „Наум Наумовски-Борче“ | Пробиштип | 1 |
СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ | Битола | 1 |
СОУ „Никола Карев“ | Струмица | 1 |
ООУ „Браќа Миладиновци“ | Куманово | 1 |
ООУ „Кочо Рацин” | Куманово | 1 |
ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ | Скопје | 1 |
ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп | Прилеп | 1 |
ООУ „Димитар Миладинов“ | Скопје | 1 |
ООУ „Никола Вапцаров“ | Струмица | 1 |
ПОУ „Јахја Кемал“ | Скопје | 1 |