ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2022

Почитувани ученици и ментори,

Регионалниот натпревар годинава, според усогласениот календар со другите научни здруженија, ќе се одржи на 05.03. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи на повеќе локации, заради запазување на мерките наметнати од пандемијата.

Распоредот кој ученик на која локација се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници. Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.

 

ВАЖНИ информации

  • Натпреварите во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mkЗа да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
  • Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество – број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште – тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
  • Годинава, секое средно училиште може да учествува со 3 натпреварувачи (а=3), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b за училиштата, пресметан според минатогодишните резултати, е даден во листата подолу.
  • Училиштата-домаќини имаат право на најмногу еден дополнителен натпреварувач. Заради вонредните пандемиски услови, секое училиште кое има пријавено повеќе од еден натпреварувач треба да е подготвено да биде домаќин на одреден број учесници (барем 10). За нив ќе треба да обезбеди просторија (простории) со компјутер со интернет пристап само до mendo.mk и видео надзор (може и од камера од лаптоп) за време на траење на натпреварот.
  • Пријавувањето на учесници годинава се врши со пополнување на следната форма за секој учесник од училиштето (се пополнуваат: име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и име, е-адреса и контакт телефон до одговорниот професор. Тоа мора да е направено најдоцна до петок (25.02.2022) до 16:00.
  • Програмски јазик кој може да го користат учесниците е С++.
  • Во четврток (24.02.2022) со почеток од 17:30 часот ќе биде одржан т.н. училишен натпревар. Тој има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат, за него нема да се објави ранг листа со резултати, но е задолжителен и ученик кој не бил на училишниот натпревар нема да може да учествува на регионалниот натпревар. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, а менторите треба да ги видат индивидуално кај секој од учениците. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни одделенија/години. Менторите преземаат обврска да гарантираат дека нивните ученици учествувале на натпреварот чесно, така што натпреварот ќе го организираат во училиштето или ќе ја надгледуваат активноста на учениците електронски.
  • Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може  да се пријави преку училиштето/менторот за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари) или тоа може да го направи лично на natprevarATcs.org.mk. Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 28.02. треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: – цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2022; – износ: 1500 денари.

Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати

УчилиштеГрадДополнителни места (b=)
ООУ „Александар Македонски“Скопје2
ООУ „Ацо Шопов“Скопје1
ООУ „Браќа Миладиновци“Куманово1
ООУ „Браќа Миладиновци“Скопје1
ООУ „Браќа Миладиновци“Пробиштип1
ООУ „Гоце Делчев“Прилеп1
ООУ „Димката Ангелов Габерот“Кавадарци1
ООУ „Ѓорѓија Пулевски“Скопје1
ООУ „Единство“Гостивар1
ООУ „Јоаким Крчовски“Крива Паланка1
ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“Прилеп2
ООУ „Кирил Пејчиновиќ“Скопје2
ООУ „Климент Охридски“Прилеп1
ООУ „Кочо Рацин“Прилеп1
ООУ „Крсте Мисирков“Куманово1
ООУ „Лазо Трповски“Скопје1
ООУ „Наум Наумовски Борче“Скопје2
ООУ „Никола Вапцаров“Струмица1
ООУ „Никола Карев“Радовиш1
ООУ „Рампо Левката“Прилеп1
ОСУ „Ацо Русковски“Берово1
ПОУ „Јахја Кемал“Скопје10
СЕМОС ЕдукацијаСкопје3
СОУ „Јане Сандански“Струмица2
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“Куманово2
СОУ Гимназија „Добри Даскалов“Кавадарци2
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“Прилеп2
СУГС Гимназија „Орце Николов“Скопје4
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“Скопје2
ДСУ Математичко информатичка гимназијаСкопје17
Меѓународни училишта НОВАСкопје1