Информации со списоци

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2017

Почитувани ученици и ментори,

Регионалниот натпревар годинава ќе се одржи на 04.03. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи во неколку региони.

Распоредот кој ученик во кој регион се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници. Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.

 

ВАЖНИ информации

  • Сите натпревари во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен, македонска олимпијада) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mkЗа да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
  • Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество – број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште – тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
  • Годинава, секое средно училиште може да учествува со 3 натпреварувачи (а=3), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b  за училиштата, пресметан според минатогодинешните резултати е даден во листата подолу.
  • Училиштата домаќини имаат право на најмногу 3 дополнителни натпреварувачи. Изразување интерес на одредено училиште да биде домаќин се врши од страна на одговорен професор на natprevarATcs.org.mk најдоцна до 20.02.
  • Пријавувањето на учесници годинава се врши со пополнување на следната форма за секој учесник од училиштето (се пополнуваат: име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и име, е-адреса и контакт телефон до одговорниот професор. Истото мора да е направено најдоцна до петок (24.02.2017) до 16:00.
  • Од годинава, согласно со утврдените тенденции од минатите години и насоките на ИОИ, програмски јазик кој може да го користат учесниците е С++.
  • Во среда (22.02.) со почеток од 17 часот ќе биде одржан т.н. училишен натпревар. Истиот има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат и не е задолжителен, не е елиминационен и за истиот нема да се објави ранг листа со резултати. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, и за менторите (по училиште) на нивно барање. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни години.
  • Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може лично да се пријави на горенаведената адреса за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари). Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 28.02. треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: – цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2017; – износ: 1500 денари.

 

Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати

 

Име на училиштеГрад на училиштетоДополнителни места (b=)
ПСУ „Јахја Кемал“ – АвтокомандаСкопје6
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“Куманово4
ПСУ „Јахја Кемал“ – БутелСкопје6
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“Скопје2
СУГС „Георги Димитров“Скопје1
СОУ „Јане Сандански“Струмица1
СОУ „Славчо Стојменски“Штип1
СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“Битола1
СУГС „Орце Николов“Скопје3
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“Прилеп2
ПСУ „Американска Гимназија Нова“Скопје1
ССОУ „Коле Неделковски“Велес1
ПСУ „Јахја Кемал“Струга2
ПСУ „Јахја Кемал“ – КарпошСкопје2
ПСУ „Петта приватна гимназија“Скопје1
ПСУ „Јахја Кемал“Струмица2
СОУ „Св. Кирил и Методиј“Неготино1
ООУ „Кирил Пејчиновиќ“Скопје1
ООУ „Кочо Рацин“Куманово2
ОУ „Гоце Делчев“Битола1
ООУ „Јосип Броз Тито“Валандово1
ООУ „Христијан Карпош“Куманово1
ООУ „Браќа Миладиновци“Куманово1
Семос ЕдукацијаСкопје2

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2017 Read More »

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2016

ПРОГРАМА НА XX МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО  ИНФОРМАТИКА
СКОПЈЕ 2016
Натпреварувачи Ментори
15. април 2016 год. (петок)
-12:30 Пристигнување на учесниците во просториите на ФИНКИ (зграда на TМФ)
12:35 – 12:50 Сместување   на натпреварувачите во просторијата за натпревар, запознавање со околината и свечено обраќање на почетокот на натпреварот 16:15 –   16:45

Дискусија за зададените задачи со претставници од комисијата

просторија 37

просторија 200в
13:00 – 17:00 Тек   на натпреварот – Ден 1

– просторија 200в

17:30 –  Објавување на резултатите од првиот натпревар
Тест мод и евентуални технички приговори 
16. април 2016 год. (сабота)
10:15 – 10:25

Сместување на натпреварувачите во просторијата за натпревар

– просторија 215
10:30 – 14:30 Тек   на натпреварот – Ден 2 13:45 –   14:15

Дискусија за зададените задачи со претставници од комисијата

– просторија 37

– просторија 200в
14:30 – 15:15 Ручек (бифе)
15:15

Објавување на резултатите и евентуални технички приговори

16:00 – 16:30 Доделување медали,  дипломи и признанија
во амфитеатар на ФИНКИ

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2016 Read More »

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2016

Програма на XXVII Државен натпревар по информатика,

СКОПЈЕ 2016

НатпреварувачиМентори
26. март 2016 год. (сабота)
до 9:45

Пристигнување на учесниците во зградата на Технолошко – металуршкиот факултет (ТМФ), простории на ФИНКИ

 до 10:00 Пријава на учесниците пред амфитеатарот на ТМФ
10:00 – 10:30

Официјално отворање на натпреварот

Амфитеатар на ТМФ

10:30 – 10:40 Сместување на натпреварувачите во лаборатории
во лабораториите на ФИНКИ на првиот кат (простории 200 и 215) и во лабораториите на СЕМОС едукација
11:30 – 13:15 Работилница – „Нови наставни програми по информатика“
во бифе на ТМФ – подрум
10:45/11:00 – 14:15 Тек на натпреварот
– во лабораториите на ФИНКИ и во лабораториите на СЕМОС едукација
13:30 – 14:15 Ручек
14:15 – 14:40

Ручек

– бифе ТМФ (подрум)

14:40 – 15:10 Презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ
во амфитеатар на ТМФ
15:10 Објавување на резултати
пред просторија 115 и на влезната врата
15:10 – 15:30 Поднесување на приговори и нивно разгледување
пред и во просторија 115
15:30 – 16:30 Научно предавање: Програмирање на роботи
во амфитеатар на ТМФ
16:45 – 17:30

Објавување резултати, доделување награди, дипломи, пофалби и признанија

 – во амфитеатарот во Технолошко-металуршкиот факултет

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2016 Read More »