Информации со списоци

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2018

Почитувани ученици и ментори,

Регионалниот натпревар годинава, по барање на повеќе ментори и учесници заради преклопување со други натпревари, ќе се одржи на 11.03. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи во неколку региони.

Распоредот кој ученик во кој регион се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници. Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.

 

ВАЖНИ информации

  • Сите натпревари во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен, македонска олимпијада) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mkЗа да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
  • Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество – број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште – тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
  • Годинава, секое средно училиште може да учествува со 3 натпреварувачи (а=3), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b за училиштата, пресметан според минатогодишните резултати, е даден во листата подолу.
  • Училиштата-домаќини имаат право на најмногу 3 дополнителни натпреварувачи. Изразување интерес на одредено училиште да биде домаќин се врши од страна на одговорен професор на natprevarATcs.org.mk, најдоцна до 26.02.2018
  • Пријавувањето на учесници годинава се врши со пополнување на следната форма за секој учесник од училиштето (се пополнуваат: име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и име, е-адреса и контакт телефон до одговорниот професор. Истото мора да е направено најдоцна до петок (02.03.2018) до 18:00.
  • Програмски јазик кој може да го користат учесниците е С++.
  • Во среда (28.02.2018) со почеток од 17:30 часот ќе биде одржан т.н. училишен натпревар. Истиот има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат и не е задолжителен, не е елиминационен и за истиот нема да се објави ранг листа со резултати. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, и за менторите (по училиште) на нивно барање. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни години.
  • Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може  да се пријави преку училиштето/менторот за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари) или тоа може да го направи лично на natprevarATcs.org.mk. Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 03.03. треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: – цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2018; – износ: 1500 денари.

 

Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати

 

УчилиштеГрадДополнителни места (b=)
ПСУ „Јахја Кемал“ – АвтокомандаСкопје6
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“Куманово5
ПСУ „Јахја Кемал“ – БутелСкопје5
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“Скопје3
СУГС „Георги Димитров“Скопје1
СОУ „Јане Сандански“Струмица1
СОУ „Никола Карев“Струмица2
СУГС „Орце Николов“Скопје3
ПСУ „Американска Гимназија Нова“Скопје2
Семос ЕдукацијаСкопје4
ПСУ „Јахја Кемал“ – КарпошСкопје1
ООУ „11 Октомври“Скопје2
ПСУ „Јахја Кемал“Струмица2
ООУ „Кочо Рацин“Куманово1
ООУ „Гоце Делчев“Прилеп1
ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“Прилеп1
ООУ „Христијан Карпош“Куманово1
ООУ „Браќа Миладиновци“Куманово1

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2018 Read More »

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2018

ПРОГРАМА НА XXII МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО  ИНФОРМАТИКА
СКОПЈЕ 2018
Натпреварувачи Ментори
27. април 2018 год. (петок)
-13:45 Пристигнување на учесниците во просториите на ФИНКИ (зграда на TМФ)
13:50 – 14:05 Сместување на натпреварувачите во просторијата за натпревар, запознавање со околината и свечено обраќање на почетокот на натпреварот 14:00 –   18:05

Слободно време

просторија 200в
14:05 – 18:05 Тек на натпреварот – Ден 1

– просторија 200в

18:30 –  Објавување на резултатите од првиот ден
Тест мод и евентуални технички приговори 
28. април 2018 год. (сабота)
10:00 – 10:25

Пристигнување на учесниците во просториите на Сорсикс и сместување на натпреварувачите во просторијата за натпревар

– Sorsix
10:30 – 14:30 Тек на натпреварот – Ден 2 10:30 –   14:30

Слободно време

 

– Sorsix

14:30 – 15:10 Ручек (Sorsix)
15:10

Објавување на резултатите и евентуални технички приговори

15:20 – 15:50

Научно предавање

16:00 – 16:30 Доделување медали, дипломи и признанија
во 

Sorsix

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2018 Read More »

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2017

ПРОГРАМА НА XXI МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО  ИНФОРМАТИКА
СКОПЈЕ 2017
Натпреварувачи Ментори
21. април 2017 год. (петок)
-12:45 Пристигнување на учесниците во просториите на ФИНКИ (зграда на TМФ)
12:50 – 13:05 Сместување   на натпреварувачите во просторијата за натпревар, запознавање со околината и свечено обраќање на почетокот на натпреварот 16:15 –   16:45

Дискусија за зададените задачи со претставници од комисијата

просторија 37

просторија 138
13:05 – 17:05 Тек   на натпреварот – Ден 1

– просторија 138

17:30 –  Објавување на резултатите од првиот натпревар
Тест мод и евентуални технички приговори 
22. април 2017 год. (сабота)
10:00 – 10:25

Пристигнување на учесниците во просториите на Сорсикс и сместување на натпреварувачите во просторијата за натпревар

– Sorsix
10:30 – 14:30 Тек   на натпреварот – Ден 2 13:30 –   14:00

Дискусија за зададените задачи со претставници од комисијата

 

– Sorsix

14:30 – 15:10 Ручек (Sorsix)
15:10

Објавување на резултатите и евентуални технички приговори

15:20 – 15:50

Научно предавање

16:00 – 16:30 Доделување медали,  дипломи и признанија
во 

Sorsix

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2017 Read More »

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2017

Програма на XXVIII Државен натпревар по информатика,

СКОПЈЕ 2017

НатпреварувачиМентори
01. април 2017 год. (сабота)
до 10:00

Пристигнување на учесниците во зградата на Технолошко – металуршкиот факултет (ТМФ), простории на ФИНКИ

 до 10:15 Пријава на учесниците пред амфитеатарот на ТМФ
10:20 – 10:50

Официјално отворање на натпреварот

Амфитеатар на ТМФ

10:50 – 11:05 Сместување на натпреварувачите во лаборатории
во лабораториите на ФИНКИ на првиот кат (простории 200 и 138) и во лабораториите на СЕМОС едукација
11:45 – 13:30 Работилница – „Новости во форматот на натпреварите од 2018“
во бифе на ТМФ – подрум
11:05/11:30 – 14:30 Тек на натпреварот
– во лабораториите на ФИНКИ и во лабораториите на СЕМОС едукација
13:30 – 14:15 Ручек
14:30 – 15:00

Ручек

– бифе ТМФ (подрум)

15:00 – 15:30 Презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ
во амфитеатар на ТМФ
15:20 Објавување на резултати
пред просторија 138 и на влезната врата
15:20 – 15:45 Поднесување на приговори и нивно разгледување
пред и во просторија 115
15:45 – 16:45

Научно предавање

 

Designing Solutions for the Future  / Решенија со прозорец кон иднината

во амфитеатрот на ТМФ
17:00 – 17:45

Објавување резултати, доделување награди, дипломи, пофалби и признанија

 – во амфитеатарот во Технолошко-металуршкиот факултет

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2017 Read More »