Информации со списоци

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2019

Почитувани ученици и ментори,

Регионалниот натпревар годинава, по барање на повеќе ментори и учесници заради преклопување со други натпревари, ќе се одржи на 10.03. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи во неколку региони.

Распоредот кој ученик во кој регион се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници. Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.

 

ВАЖНИ информации

  • Сите натпревари во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен, македонска олимпијада) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mkЗа да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
  • Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество – број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште – тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
  • Годинава, секое средно училиште може да учествува со 3 натпреварувачи (а=3), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b за училиштата, пресметан според минатогодишните резултати, е даден во листата подолу.
  • Училиштата-домаќини имаат право на најмногу 3 дополнителни натпреварувачи. Изразување интерес на одредено училиште да биде домаќин се врши од страна на одговорен професор на natprevarATcs.org.mk, најдоцна до 27.02.2019
  • Пријавувањето на учесници годинава се врши со пополнување на следната форма за секој учесник од училиштето (се пополнуваат: име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и име, е-адреса и контакт телефон до одговорниот професор. Истото мора да е направено најдоцна до четврток (28.02.2019) до 18:00.
  • Програмски јазик кој може да го користат учесниците е С++.
  • Во среда (27.02.2019) со почеток од 17:30 часот ќе биде одржан т.н. училишен натпревар. Истиот има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат и не е задолжителен, не е елиминационен и за истиот нема да се објави ранг листа со резултати. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, и за менторите (по училиште) на нивно барање. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни години.
  • Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може  да се пријави преку училиштето/менторот за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари) или тоа може да го направи лично на natprevarATcs.org.mk. Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 02.03. треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: – цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2019; – износ: 1500 денари.

 

Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати

 

УчилиштеГрадДополнителни места (b=)
ПСУ „Јахја Кемал“Скопје10
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“Куманово3
ПСУ „Јахја Кемал“Струмица2
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“Скопје1
СОУ Гимназија „Кочо Рацин“Велес1
СУГС „Орце Николов“Скопје1
СОУ „Никола Карев“Струмица1
Семос ЕдукацијаСкопје2
ПСУ „Интернационално средно училиште“Скопје1
ООУ „Христијан Карпош“Куманово1
ООУ „Лазо Ангеловски“Скопје1
ООУ „Јосип Броз Тито“Валандово1
ООУ „Кочо Рацин“Куманово1
ООУ „Гоце Делчев“Прилеп1
ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“Прилеп1
ООУ „11 Октомври“Скопје1
ООУ „Јоаким Крчовски“Крива Паланка1

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2019 Read More »

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2019

ПРОГРАМА НА XXIII МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО  ИНФОРМАТИКА
СКОПЈЕ 2019
Натпреварувачи Ментори
12. април 2019 год. (петок)
-9:15 Пристигнување на учесниците во просториите на кампусот на International Balkan University (IBU) (види мапа)
9:00-9:45 Свечено отворање на МОИ и ИБУО
10:20 – 10:45 Сместување на натпреварувачите во просториите за натпревар, и запознавање со околината 10:45 –   14:45

Слободно време за следење на резултатите на натпреварувачите

Лаб 1 и лаб 2
10:45 – 14:45 Тек на натпреварот – Ден 1

– Лаб 1 и лаб 2

14:45 – 15:15 Трансфер до хотел New Star на сите учесници
15:20 – 16:00 Ручек (во хотелот)
20:45 – 22:30 Слободно дружење во центар (Триумфална капија)
13. април 2019 год. (сабота)
9:00 – 9:25

Пристигнување на учесниците во просториите на ИБУ и сместување на натпреварувачите во просториите за натпревар

– Лаб 1 и лаб 2
9:30 – 13:30 Тек на натпреварот – Ден 2 10:30 –   14:30

Слободно време за следење на резултатите на натпреварувачите 

– Лаб 1 и лаб 2

13:45 – 14:10 Трансфер до хотел New Star на сите учесници
14:30 – 15:15

Ручек (во хотелот)

15:15

Објавување на резултатите и евентуални технички приговори

15:40- 16:10

Доделување медали, дипломи и признанија од МОИ

 – во хотелот

19:00 – 

Свечена вечера за менторите во хотелот „New Star“

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2019 Read More »

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2018

Програма на XXIX Државен натпревар по информатика,

СКОПЈЕ 2018

НатпреварувачиМентори
24. март 2018 год. (сабота)
до 10:00

Пристигнување на учесниците во зградата на Машински факултет (МФ)

 до 10:15 Пријава на учесниците пред амфитеатарот на МФ (приземје)
10:15 – 10:45

Официјално отворање на натпреварот

Амфитеатар на МФ

10:45 – 11:05 Сместување на натпреварувачите во лаборатории
во лабораториите на ФИНКИ на приземје и првиот кат во зградата на ТМФ (простории 138, 200 и 215) 
11:45 – 13:30 Работилница – „Новости во наставните програми“
– во амфитеатар на ФИНКИ
11:05 – 14:40 Тек на натпреварот
– во лабораториите на ФИНКИ
13:30 – 14:15 Ручек
14:40 – 15:00

Ручек

– бифе ТМФ (подрум)

15:00 – 15:30 Презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ
во амфитеатар на ФИНКИ
15:20 Објавување на резултати
пред просторија 138 и на влезната врата
15:20 – 15:45 Поднесување на приговори и нивно разгледување
пред и во просторија 115
15:45 – 16:45

Научно предавање

во амфитеатрот на ФИНКИ
17:10 – 18:00

Објавување резултати, доделување награди, дипломи, пофалби и признанија

 – во амфитеатарот во Технолошко-металуршкиот факултет

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2018 Read More »