Информации со списоци

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2015

Програма на XXVI Државен натпревар по информатика,

СКОПЈЕ 2015

НатпреварувачиМентори
28. март 2015 год. (сабота)
до 9:45

Пристигнување на учесниците во зградата на Технолошко – металуршкиот факултет (ТМФ), простории на ФИНКИ

 до 10:00 Пријава на учесниците пред амфитеатарот на ТМФ
10:00 – 10:30

Официјално отворање на натпреварот

Амфитеатар на ТМФ

10:30 – 10:40 Сместување на натпреварувачите во лаборатории
во лабораториите на ФИНКИ на првиот кат (простории 200 и 215) и во лабораториите на СЕМОС едукација
11:30 – 13:15 Работилница – „Активности на ЗИМ поврзани со наставни програми по информатика. Доусовршување на наставниците.“
во бифе на ТМФ – подрум
10:45/11:00 – 14:15 Тек на натпреварот
– во лабораториите на ФИНКИ и во лабораториите на СЕМОС едукација
13:30 – 14:15 Ручек
14:15 – 14:40

Ручек

– бифе ТМФ (подрум)

14:40 – 15:00 Презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ
во амфитеатар на ТМФ
15:10 Објавување на резултати
пред просторија 115 и на влезната врата
15:10 – 15:30 Поднесување на приговори и нивно разгледување
пред и во просторија 115
15:30 – 16:30 Предавање: Роботика на ФИНКИ
во амфитеатар на ТМФ
17:00 – 17:40

Објавување резултати, доделување награди, дипломи, пофалби и признанија

 – во амфитеатарот во Технолошко-металуршкиот факултет

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2015 Read More »

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2015

Почитувани ученици и ментори,

Регионалниот натпревар годинава ќе се одржи на 01.03. со почеток во 11:30 часот. Истиот ќе се одржи во 3 региони: 1. Скопје, 2. Прилеп и 3. Струмица.

Распоредот кој ученик во кој регион се натпреварува е даден во објавената листа на учесници.

Учесниците треба да се на местото за одржување на натпреварот најдоцна 30 минути пред предвидениот почеток, заради навремено распоредување по работни места и можност за запознавање со работната околина.

Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 27.02 треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени:

– цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2015

– износ: 1500 денари

Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.

Содржина на е-порака од 24.02, доставена до сите ментори

Почитувани ментори,

на страната на ЗИМ се објавени ажурирани информации околу натпреварот во недела. Објавена е и листа на ученици, според вашите пријави. Ве молам проверете дали се точни податоците и пратете порака во случај да треба нешто да се смени или дополни.
 
Натпреварот за регион 1 ќе се одржи во Скопје, во просториите на ФИНКИ на Технолошко-металуршкиот факултет.
За регион 2: Прилеп, во просториите на Економскиот факултет.
За регион 3: Струмица, во просториите на „Јахја Кемал“.
 
Одговорни колеги за Струмица: Кире Јованов и Софија Тошева .
Одговорен колега за Прилеп: Анкица Стеваноска Јанческа.
 
Задача на менторите е да ги донесат учениците до местото на натпреварување најдоцна до 11:00. Освен спроведувањето на натпреварот, не се предвидени никакви други активности, па така ако се’ се одвива според планот, би требало се’ да е завршено до 15:00.
Евентуални приговори ќе може да се поднесат он-лајн до понеделник до 15:00.
Дипломи, признанија и пофалби ќе бидат подготвени и предадени за време на државниот натпревар.
 

Дополнителни информации

  • Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество – број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште – тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
  • Годинава, секое средно училиште може да учествува со 4 натпреварувачи (а=4), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b  за училиштата, пресметан според минатогодинешните резултати е даден во листата подолу.
  • Училиштата домаќини имаат право на најмногу 3 дополнителни натпреварувачи.
  • Пријавувањето на учесници се врши со порака на natprevarATcs.org.mk со наведување на листа на учесници од училиштето (име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и контакт телефон до одговорниот професор. Истото мора да е направено најдоцна до понеделник (23.02.2014) до 18:00.
  • Во петок (20.02) со почеток од 17 часот ќе биде одржан ткн. училишен натпревар. Истиот има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат и не е задолжителен, елиминационен и за истиот нема да се објави ранг листа со резултати. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, и за менторите (по училиште) на нивно барање. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни години.
  • Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може лично да се пријави на горенаведената адреса за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари). Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар.

 

Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати

 

Име на училиштеГрад на училиштетоДополнителни места (b=)
ПСУ „Јахја Кемал“ – АвтокомандаСкопје5
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“Куманово2
ПСУ „Јахја Кемал“ – БутелСкопје2
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“Скопје2
СОУ „Св.Кирил и Методиј“Неготино1
СОУ „Јане Сандански“Струмица2
Гимназија „Алгоритам“Скопје3
СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“Битола1
ПСУ „Петта приватна гимназија“Скопје1
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“Прилеп1
ПСУ „Американска Гимназија Нова“Скопје1
ОСТУ „Наце Буѓони“Куманово1
ПСУ „Јахја Кемал“Гостивар1
ПСУ „Јахја Кемал“Струмица1
СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“Штип1
ООУ „Видое Подгорец“Струмица1
ООУ „Крсте Мисирков“Куманово2
ООУ „11 Октомври“Скопје1
ООУ „Кочо Рацин“Куманово1
ОУ „Лазо Ангеловски“Скопје1

ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2015 Read More »

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2014

ПРОГРАМА НА XVIII МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО  ИНФОРМАТИКА
СКОПЈЕ 2014
Натпреварувачи Ментори
25. април 2014 год. (Петок)
-12:00 Пристигнување на учесниците во просториите на ФИНКИ (долна зграда на ПМФ) и нивно сместување
12:05 – 12:20 Сместување   на натпреварувачите во просторијата за натпревар, запознавање со околината и свечено обраќање на почетокот на натпреварот 15:30 –   16:15

Дискусија за зададените задачи со претставници од комисијата

просторија 19

просторија 14
12:30 – 16:30 Тек   на натпреварот – Ден 1

– просторија 14

17:00 –  Објавување на резултатите од првиот натпревар
26. април 2014 год. (Сабота)
10:15 – 10:25

Сместување   на натпреварувачите во просторијата за натпревар

– просторија 14
10:30 – 14:30 Тек   на натпреварот – Ден 2 13:30 –   14:15

Дискусија за зададените задачи со претставници од комисијата

– просторија 19

– просторија 14
14:30 – 15:15 Ручек
15:15

Објавување на резултатите и евентуални технички приговори

16:00 – 16:30 Доделување медали,  дипломи и признанија
во просторија 12

АГЕНДА ЗА МАКЕДОНСКА ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА 2014 Read More »

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2014

Програма на XXV Државен натпревар по информатика,

СКОПЈЕ 2014

НатпреварувачиМентори
22. март 2014 год. (сабота)
до 9:45

Пристигнување на учесниците во зградата на Технолошко – металуршкиот факултет (ТМФ), простории на ФИНКИ

 до 10:00 Пријава на учесниците пред амфитеатарот на ТМФ
10:00 – 10:25

Официјално отворање на натпреварот

Амфитеатар на ТМФ

10:25 – 10:35 Сместување на натпреварувачите во лаборатории
во лабораториите на ФИНКИ на првиот кат (простории 200 и 215) и во лабораториите на СЕМОС едукација
11:20 – 12:50 Работилница – „Активности на ЗИМ поврзани со наставни програми по информатика“
во бифе на ТМФ – подрум
10:40/11:10 – 13:40 Тек на натпреварот
– во лабораториите на ФИНКИ во долната зграда и во лабораториите на СЕМОС едукација
13:00 – 13:40 Ручек
13:45 – 14:20

Ручек

– бифе ТМФ (подрум)

14:20 – 14:50 Презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ
во просторија 117, приземје
14:50 Објавување на резултати
пред просторија 200
14:50 – 15:50 Поднесување на приговори
пред просторија 200
15:10 – 15:50 Разгледување на приговорите
во просторија 200
16:30 – 17:30

Објавување резултати, доделување награди, дипломи, пофалби и признанија

 – во амфитеатарот во Технолошко-металуршкиот факултет

АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2014 Read More »