Kiril Vasilev
ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2019
Почитувани ученици и ментори,
Регионалниот натпревар годинава, по барање на повеќе ментори и учесници заради преклопување со други натпревари, ќе се одржи на 10.03. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи во неколку региони.
Распоредот кој ученик во кој регион се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници. Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.
ВАЖНИ информации
- Сите натпревари во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен, македонска олимпијада) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mk. За да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
- Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество – број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште – тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
- Годинава, секое средно училиште може да учествува со 3 натпреварувачи (а=3), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b за училиштата, пресметан според минатогодишните резултати, е даден во листата подолу.
- Училиштата-домаќини имаат право на најмногу 3 дополнителни натпреварувачи. Изразување интерес на одредено училиште да биде домаќин се врши од страна на одговорен професор на natprevarATcs.org.mk, најдоцна до 27.02.2019
- Пријавувањето на учесници годинава се врши со пополнување на следната форма за секој учесник од училиштето (се пополнуваат: име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и име, е-адреса и контакт телефон до одговорниот професор. Истото мора да е направено најдоцна до четврток (28.02.2019) до 18:00.
- Програмски јазик кој може да го користат учесниците е С++.
- Во среда (27.02.2019) со почеток од 17:30 часот ќе биде одржан т.н. училишен натпревар. Истиот има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат и не е задолжителен, не е елиминационен и за истиот нема да се објави ранг листа со резултати. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, и за менторите (по училиште) на нивно барање. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни години.
- Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може да се пријави преку училиштето/менторот за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари) или тоа може да го направи лично на natprevarATcs.org.mk. Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 02.03. треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: – цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2019; – износ: 1500 денари.
Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати
Училиште | Град | Дополнителни места (b=) |
ПСУ „Јахја Кемал“ | Скопје | 10 |
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ | Куманово | 3 |
ПСУ „Јахја Кемал“ | Струмица | 2 |
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ | Скопје | 1 |
СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ | Велес | 1 |
СУГС „Орце Николов“ | Скопје | 1 |
СОУ „Никола Карев“ | Струмица | 1 |
Семос Едукација | Скопје | 2 |
ПСУ „Интернационално средно училиште“ | Скопје | 1 |
ООУ „Христијан Карпош“ | Куманово | 1 |
ООУ „Лазо Ангеловски“ | Скопје | 1 |
ООУ „Јосип Броз Тито“ | Валандово | 1 |
ООУ „Кочо Рацин“ | Куманово | 1 |
ООУ „Гоце Делчев“ | Прилеп | 1 |
ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ | Прилеп | 1 |
ООУ „11 Октомври“ | Скопје | 1 |
ООУ „Јоаким Крчовски“ | Крива Паланка | 1 |
АГЕНДА НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 2018
Програма на XXIX Државен натпревар по информатика, СКОПЈЕ 2018 |
|||
Натпреварувачи | Ментори | ||
---|---|---|---|
24. март 2018 год. (сабота)
|
|||
до 10:00 |
Пристигнување на учесниците во зградата на Машински факултет (МФ) |
||
до 10:15 | Пријава на учесниците пред амфитеатарот на МФ (приземје) | ||
10:15 – 10:45 |
Официјално отворање на натпреварот Амфитеатар на МФ |
||
10:45 – 11:05 | Сместување на натпреварувачите во лаборатории – во лабораториите на ФИНКИ на приземје и првиот кат во зградата на ТМФ (простории 138, 200 и 215) |
11:45 – 13:30 | Работилница – „Новости во наставните програми“ – во амфитеатар на ФИНКИ |
11:05 – 14:40 | Тек на натпреварот – во лабораториите на ФИНКИ |
13:30 – 14:15 | Ручек |
14:40 – 15:00 |
Ручек – бифе ТМФ (подрум) |
||
15:00 – 15:30 | Презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ – во амфитеатар на ФИНКИ |
||
15:20 | Објавување на резултати – пред просторија 138 и на влезната врата |
||
15:20 – 15:45 | Поднесување на приговори и нивно разгледување – пред и во просторија 115 |
||
15:45 – 16:45 |
Научно предавање – во амфитеатрот на ФИНКИ |
||
17:10 – 18:00 |
Објавување резултати, доделување награди, дипломи, пофалби и признанија – во амфитеатарот во Технолошко-металуршкиот факултет |
||
ПРЕЛИМИНАРНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР 2018
Почитувани ученици и ментори,
Регионалниот натпревар годинава, по барање на повеќе ментори и учесници заради преклопување со други натпревари, ќе се одржи на 11.03. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи во неколку региони.
Распоредот кој ученик во кој регион се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници. Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.
ВАЖНИ информации
- Сите натпревари во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен, македонска олимпијада) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mk. За да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
- Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество – број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште – тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.“
- Годинава, секое средно училиште може да учествува со 3 натпреварувачи (а=3), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b за училиштата, пресметан според минатогодишните резултати, е даден во листата подолу.
- Училиштата-домаќини имаат право на најмногу 3 дополнителни натпреварувачи. Изразување интерес на одредено училиште да биде домаќин се врши од страна на одговорен професор на natprevarATcs.org.mk, најдоцна до 26.02.2018
- Пријавувањето на учесници годинава се врши со пополнување на следната форма за секој учесник од училиштето (се пополнуваат: име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и име, е-адреса и контакт телефон до одговорниот професор. Истото мора да е направено најдоцна до петок (02.03.2018) до 18:00.
- Програмски јазик кој може да го користат учесниците е С++.
- Во среда (28.02.2018) со почеток од 17:30 часот ќе биде одржан т.н. училишен натпревар. Истиот има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат и не е задолжителен, не е елиминационен и за истиот нема да се објави ранг листа со резултати. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, и за менторите (по училиште) на нивно барање. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни години.
- Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може да се пријави преку училиштето/менторот за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари) или тоа може да го направи лично на natprevarATcs.org.mk. Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 03.03. треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: – цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2018; – износ: 1500 денари.
Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати
Училиште | Град | Дополнителни места (b=) |
ПСУ „Јахја Кемал“ – Автокоманда | Скопје | 6 |
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ | Куманово | 5 |
ПСУ „Јахја Кемал“ – Бутел | Скопје | 5 |
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ | Скопје | 3 |
СУГС „Георги Димитров“ | Скопје | 1 |
СОУ „Јане Сандански“ | Струмица | 1 |
СОУ „Никола Карев“ | Струмица | 2 |
СУГС „Орце Николов“ | Скопје | 3 |
ПСУ „Американска Гимназија Нова“ | Скопје | 2 |
Семос Едукација | Скопје | 4 |
ПСУ „Јахја Кемал“ – Карпош | Скопје | 1 |
ООУ „11 Октомври“ | Скопје | 2 |
ПСУ „Јахја Кемал“ | Струмица | 2 |
ООУ „Кочо Рацин“ | Куманово | 1 |
ООУ „Гоце Делчев“ | Прилеп | 1 |
ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ | Прилеп | 1 |
ООУ „Христијан Карпош“ | Куманово | 1 |
ООУ „Браќа Миладиновци“ | Куманово | 1 |