МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ ПО ИНФОРМАТИКА 2014

  • Рангирањето на натпреварувачите за избор на екипи за меѓународните натпревари по информатика (Балканската Олимпијада по информатика – понатаму БОИ, и Интернационална Олимпијада по информатика – понатаму ИОИ), се врши од резултатите на Македонската Олимпијада по информатика и изборните натпревари и подготовки кои, евентуално, ќе бидат организирани од страна на Здружението на информатичари на Македонија.
  • Регионалниот и државниот натпревар не влијаат на рангирањето на натпреварувачите, бидејќи кај нив постојат повеќе натпреварувачки групи со различни задачи и поени.
  • Рангирањето се врши на начин што МОИ влијае со 600 поени (или 1000, доколку се организира во два натпреварувачки дена), додека секој изборен натпревар посебно влијае со 400 поени.
    НатпреварПоени
    Македонска Олимпијада по информатика600/1000
    изборен натпревар (секој посебно400
  • Според ранг листата Комисијата формира екипи за учество на меѓународните натпревари. Најдобро пласираниот натпреварувач на ранг листата обезбедува учество во екипите за двата натпревара.
  • Резултатот на првиот меѓународен натпревар (БОИ или ИОИ) од тековната година, доколку техничките можности го дозволат тоа (визи, авионски карти и слично), може да влијае на составот на екипа за следниот меѓународен натпревар од тековната година. Притоа се применува правилото на евентуална замена: “Натпреварувачот А кој е вклучен во екипата за учество може да биде заменет од натпреварувачот Б кој: 1) не е во екипата за учество, 2) е во можност да учествува на натпреварот и, 3) учествувал на претходниот меѓународен натпревар заедно со А и постигнал подобар резултат од А.”
  • Секој натпреварувач кој е одбран за да ја претставува Македонија на БОИ или ИОИ е должен или да земе учество на соодветниот меѓународен натпревар за кој е избран, или да пријави дека не сака или не е во можност да го направи тоа во дадениот рок по објавувањето на екипите за учество.
  • Во случај на откриени пропусти или грешки во организацијата на натпреварите (грешка во одредена задача, погрешни тест-случаи, откривање на повеќе идентични решенија – решавање во група, и други околности за кои одлучува комисијата за натпревари), можно е да се изврши промена на начинот на бодување, ранг листата и екипите.
  • Чесноста и доличното однесување на натпреварувачите во текот на целиот циклус, може позитивно да влијае на мислењето на Комисијата. Обратното може да предизвика отстранување од ранг листа, отстранување од екипа или отстранување од циклусот на натпревари.
    За нечесно однесување ќе се смета, но не е ограничено на тоа, решавање на задача за друг, презентирање на туѓо решение како свое, каков било обид за изигрување на системот (во своја корист или туѓа штета, на пример).
    За недолично однесување ќе се смета, но не е ограничено на тоа, нарушување на редот за време на натпреварот (од пристигнување на местото на натпреварот, до конечно напуштање на истото), општоприфатено недолично однесување во градот – домаќин на натпреварот, недолични електронски и/или директни коментари кон сите чинители во системот на натпреварите (останатите натпреварувачи, спроведувачите на натпреварите, претставниците на спонзорите, …).