Натпревари во алгоритамски вештини

НАТПРЕВАРИ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Здружението на информатичарите на Македонија организира натпревари по информатика за учениците од основното образование. Целта на досегашните циклуси на натпревари беше да се заинтересираат колку што е можно поголем број на ученици за информатиката како наука. Започнувајќи од натпревари во апликативни вештини, овие натпревари полека прераснаа во натпревари во програмирање и алгоритамски вештини, што всушност ја претставува сржта на информатиката.

Во последните години програмирањето се изучува во VI-то, и во VII-мо одделение како дел од предметот Информатика, а потоа може да се продолжи и со изборниот предмет Програмирање. Оттогаш,  учениците од основното образование се натпреваруваат на натпреварите кои што се организираат за учениците од средното образование. На тој начин на сите нив им е овозможено да влезат во тимовите за интернационалните натпревари. Македонските натпревари се организираат според правилата на интернационалните натпревари. 

Според правилникот, за учениците во одделенска настава, секое училиште има право да пријави по еден натпреварувач за учество во секое од двете одделенија (IV и V).

Пријавувањето на учениците се прави преку следната форма, од почетокот на април, а најдоцна до 15.04. до 18:00.

Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може  да се пријави преку училиштето/менторот за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари) или тоа може да го направи лично на natprevarATcs.org.mk. Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 16.04. ќе треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: – цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2021; – износ: 1500 денари.

Листа на пријавени ученици за Општинскиот/регионален натпревар 2021 и директно поканети на државен натпревар

Државниот натпревар ќе се одржи во мај.

Агенда на Државниот натпревар 2021

12:30 Сместување на учениците во Digital School, Скопје

12:40 Натпревар

13:30 Пауза за ручек

14:00 Објавување на резултатите (онлајн)/ приговори

Резултати од Државниот натпревар 2021
Задачи од Државниот натпревар 2021: македонски албански

Решенија на задачите од Државниот натпревар 2021

Конечни резултати од Државниот натпревар 2021

————————————————————————————

Дополнителни информации

Формат на натпреварот

Учениците се натпреваруваат преку решавање на множество задачи кои имаат за цел проверка и развој на информатичкото размислување. Како урнек се земаат задачи од www.bebras.org, односно задачи од меѓународниот промотивен натпревар Дабар, за соодветното ниво. Македонскиот сајт за натпреварот Дабар е talent.mk.

Спроведување на натпреварот

Натпреварот се спроведува на тој начин што секој од учениците го добива соодветното множество од задачи и подготвува и внесува одговори за нив во предвиденото време.

Ученикот е должен доколку даде одговор на одредена задача, тоа да го стори во точно предвидениот формат за давање на одговорот.

По евалуацијата на тестовите се пресметуваат освоените поени за секој натпреварувач.

Рангирање

Врз основа на поените освоени на општинскиот и регионалниот натпревар, се објавува ранг листа на учесниците на натпреварот, по одделенија, како и листа на поканети учесници за следното ниво на натпреварување.

Според утврдените ранг листи на секој од натпреварите се доделуваат соодветни награди и признанија.

Имате некое прашање?

За сите прашања поврзани со Здружението на информатичари на Македонија и натпреварите во алгоритамски вештини и програмирање можете да не контактирате преку формата за контакт.